Министерот Тодоров објави дека од достапноста на лекарите и персоналот најмалку се задоволни пациентите од ЗД Охрид. Не знам шо да речам. Се надевам дека Коло ко го изјави ова не беше на ништо. Е убо кажа дека меѓу задоволните биле од Кичево. Е сега сигурно една жена со која случајно праев муабет од Кичево беше под крек шо ми кажа дека за на очно кичевчани оделе во Паликура зш немале доктор. Не и вервам нејзе зш све шо ќе речит Колче е точно.

Дури спомна дека имало и задолволни од храната. Еј бре дете ај оди полежи било каде со маска за да не те познает да видиш каква помија се дават, не зш персоналот ги мразит пациентите, ами толку средства си им дал. Ајде батали ти анкети за резултатите. Ој прошетај, ама без да се најавиш да видиш каков метеж имаш напраено со твојот термин. Или сакаш да го видиш она шо сакаш. Или пак сакаш да ни дајш оптимизам како онај докторот оптимист дека: Абе види мал ти е ама и вака од профил убо ти стојт.

Абе ајде не туку смирви топка. Ја имаш посетено Костозглобна? Шо се криви докторите ко имаш воведен твој термин и персоналот е принуден да ме пуштит на главен шалтер, па на црвениот таму пејам народна песна по правилникот на терминот мој, па од тука на жолтиот. Е тука сум должен да манам пајдушко, па оваа од жолтиов ако убо ме оценит застанвам пред ренген.

Се снимам и со снимката одам кај докторот, а со него морам на рака да се борам за да е сигурен дека ми е скршена и дека бил итен случај, зш ако ме примит а не умирам ти ќе му скратиш плата. Ајде шетај порасни малку. Знај дека целта не е постигна. Или посетиси ги директорите шо ги имаш ти клаено или мани им едно џиу џицу. Зш толку знајш. Се посра.

Ама барем не се посравме со екстерното. Алал да ви е шо го воведовте. Главната цел е постигната. Посебно целта за помалите деца. Денојве се рушија од работа аптеките и психијатрите. На големо се купвеа антидепресиви, шамивчиња, памперси, седативи. Бар малку некој да му беше во кожата на родителите и дечињата да ја преживеет таа психичка тортура со толку испаничени деца. Важно вие целта ја постигнавте.

Ги истрауматизиравме децата и то не ради нив туку да се проверел образовниот систем во НСРМ. Преку децата. Е браво. Не знам шо чепкате зш како и медицината, така и образовниот систем, така се поставени од ресорните министри шо не знам дал ќе имат дете шо завршило во НСРМ а да не е вработено во НАСА, Пентагон….

Как да е, децата шетаа како пијани по улици, ама не ми јасно за Хан. Ниту чоекот беше на доктор во Охрид, ниту на екстерно а целиот беше како со чекан втикачен в гла. Збунат како е да е забаваче. Те изборите биле во ред те не, т.е. биленебило коректни???? О Ханееее. Те рачунав дека не си македонски политичар и мислев дека имаш став ама ти стап став си имал.

Па ја свитка кичмата и го молиш Зајко да ти дојдит да се продолжат преговорите. Слушај медијатору. Ако нашите политичари не се дораснатти да напрает држава, кадри се да дупат медијатори преговарачи како каубоецот коњот. Така да патот на успехот ќе бидит: Коле го дупит Зајко, Зајко тебе, тројцата си се сексате а ние трудни. Нек ни се здрави и живи децата.

Можда пак и Хан беше на екстерно и се посра, па менвеше памперси и беше во паника? Не знам. Ама пак знам со сигурност Жугичка имаше потреба од памперси. Ај досега ќе се поткакнеше по тро со години, ама со последново беше класична дијареа. Поголема бљувотина од нападот на публиката и да ја наречиш дно е само кога кравата раѓат теле. Само та бљувотина излегвит од друго место шо за мене немат разлика. Едино можам да ја оправдам ако та спремат претстави за столојте. Тогаш нека ги отерат у материну сите. И онака немат да и е прв пат да терат некого у материну зш микрофонот го имат лапано го фелацио да прајт во политички цели на митинзи на страна на власта.

Да се разбериме едно…и за опозиција да лапаше микрофони ќе го речев истото. Мада искрено некогаш сум збунат и шо да речам во една држава кај шо имат: Зоки бомба, Коки против бомба, Зоки митинг Коки контра митинг, Зоки шатор, Коки контра шатор, Зоки…..е само не знам кој Македонија, кој контра Македонија…..ама не се секирам то ќе ни го кажет Американцине….или ќе дознајме сами ко ќе станиме протекторат.

Џими
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.