Абре замисли во Македонија најмногу ти умирале од срцето. Данк срчката и ајт. А како бре да не се умират кога на сите им пукат срцето од радости, од убајни од слоги од све шо е подмачкано како со вазелинченце.
Секој ден бре нешто имат шо те прајт среќен задоволен и насмеан како чпиртосан во фацата. Еве пред некој ден мене не само шо ќе ми пукнеше срцево од радост за малку и џигериве ќе ми се истуреа по патишчана, а да не прајме мубает колку плачев од радост. Уште сум размрсулаен, среќен пресреќен, израдвен ко мајка на посрано дете. Ејјјј знајш шо значит братон Субрата на македонски јазик да ти речит: “Те сакам од дното на моето срце“.
Ах спасителот наш подморници ми напрај на кожава се наежив. Абе шо ти е ко ќе си пријател со паметен чоек. За пола сат говор ни даде предлог како да ги решиме проблемите шо се мачиме 23 години. За све ти било мајката секс. А ние глупаци земви кредити, заглави се, пиј дијазепам, пијани се пуши, наместо да се сексаме.
Само не се изјасни убо чоекот од шо беше пресреќен шо нашол држава без корупција, дали неговиот предлог за сексот е ние некого да плескаме или нас некој да не плескат. Мислам дека ќе да е првото, зш ако беше второто одавна ќе ги решевме проблемите ко шо не тртет две децении. Алал да му. Кај беше бе брате сите овие години.
И да. Се израдвив шо Охрид ќе станел град препознатлив по палмите. Абе конечно на некој да му текнит дека палмата е локално автохтоно дрво во Охрид. Кога веќе секоја фамилија ја имат во бавча како ред македонче, ред палма, ред патлиџанче, ред палма…..зш да не ја актуелизираме и озваничиме шо побргу да ја брендираме како охридски производ.
Зш рака на нога кај да видиш странство проспект за Охрид имат заштитен знак палма. Шо мислиш зш дојдоа толку холанѓани во градов? Нормално да ги видат палмите. А ко ќе го напрајме заштитно дрво да ни е ќе нагрнат дури и од калифорнија, јапанци, кинези, Либиска Џамахирија и сите шо немет во животот видено палми и шо неможат нигде да видет освен во Охрид.
Зш јас колку шо истражвев знам дека и цар Самоил одгледвел палми в бавча, го ладеле си палми, наместо гашчи носел палми. И не бадијала во времето Наум Бурназ ја испеа “ Палма садила мома Евгенија“. Е само ќе мениме Евгенија со Биљана зш како и палмата и Биљана е заштитен знак на Охрид.
Е вакви паметни идеи сакам. Паметни потези. Зш види ко ќе ти дојт наплив на убај идеи ела застани ги, шибет ко пролив. Све се средвит. Ете например спречен е шверц на тули. Алоооооо абре ја спасивме држава. Зш пази , тулата како материја, мојт да се употребит за милијарда работи кои ќе бидат и против здравјето на нсрмовците како и да го загрозит поредокот на нашата просперитетна држава.
Конечно да се спречит шверц од големо стратешко значење, од кое на сите мојт да не болит глата. Зш не бадијала се викат: шо си таков ко удрен со тула. Така ам како. Држави напредни како нашава немат да се занимавет со спречвење на шверц со глупости како дроги, оружја и други какајнци. Не така?
Е вака сакам да пишам колумни, за убај работи не само плукај. Нешто шо ќе не прајт среќни. Уште не избришан ко шо бев измрсулаен од батенце Субри се прерадвав шо ете кончено капетанот Шевал Етами, од милоште шо го викаме командат Ваљони, си дојде на местото на кое заслужвит… доби чин мајор и то директно од министерот Талат. Ееејјј конечно правдата е задоволена, а јас сум среќен шо добивме мајор кој го доби чинот како награда зш беше осомничен за силување, тепање, а најмногу го наградија зш на мавровските работници им решаваше крстозборки на плештите. Е јебига да им решава судоку можда ќе беше полковник ама ете шо е тука е, наздравје да ние е.
А да. Ме израдви и Заев. Рече тие, СДСМ-овциве, ќе ја врателе средната класа во НСРМ со низа програми кои ќе бидат претставени чекор по чекор. И требит да ја вратет. Зш тие ја отепаа средната класа само шо не беше чекор по чекор туку …фрт…наеднаш. И зато се најстручни да ја вратат. Не така?
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.