И како сега? Како со дискриминација во исхраната да работат политичарите и богатите бизнисмени. Како државава ќе ојт напред? Шо потреба од поскапвење. Која одлука ќе бидит со ум донесена, паметна, ако не се внесвит во организмот видамин D3 кој го имат само во делфините и можда, викам можда, на некој плантажи во Сао Томе и Приницпе.
Абре зато мене ми беше чудна изјавата на Таче за автопатот Охрид-Кичево дека се интензивирет работите, а јас не работници туку ни глув пес не видов таму. Како? Јас си реков тој траскат зелени ама пустиот на мака бил. Кизнајт од кога немаат внесено Омега3 за потхранување на мозокот. И сега како трезвено да размислуват.
Еве зеј го за пример Мицко. И тој ми беше чуден. Неодамна се искина од фалење на Данела, а сега ја пљукат и мразит. То да ти бидит до исхраната. Заради високите цени дома му престанале да му купват паштета од кит и грклан од харинга. Е немат ваква храна немат витамин ШКЉ и во изјавите испадвит ко недовотен да е. И после пљукај, р`кај балгами по политичарите те вакви се, те такви се, те крадат, те лажат, а то ти биле неухрањени и збрлаени од лоша храна, сиромашна со витамини за потхранување на мозок. А неухрањен мозок ти е исто ко расол.
Абре овај Бесими е да го земиш да го дрецниш. Еве и мене ме заеба. Со поскапвењево морам да го затворам семејниов бизнис. Наследив бизнис преку тако ми уште од дедо ми. Семеен. Дедо Веле во Ботун, на сама Сатеска, отворил Делфинариум и сега јас шо да им прам на делфиниве од ко поскапе делфинсково месо. Дури и јас се чудам како ми теквет паметни работи, а супа од ајкула неам напраено две недели. Мама ко мали со бате секој петок ни праеше ражина супа. Ради постот. Секој понеделник до пред некој ден јадевме кавијар со прилог од јастози. Е сега со ценове немат. Кркај бате грав.
Абе последиците се далекусежни. Еве земи го за пример Буки Османи. Ако ја прочиташ изјава дека во следниве две години, а можда и помалку ќе ја средел корупцијава, на прв поглед ќе мислиш дека е нетокму. Арно ама ко разбрав дека пред изјавата некој ден престанал да земат компот од шкампи, шо го јадеше од мал, јасно ќе ти е з`ш некои изјави му се ко да тресит зелени. Скраја да е.
Искрено да ти кажам без ваква скапа морска не знајт чоек кај тераат. Еве зеј ги за пример и тие полицајците шо ги избркале од Арачиново. Ко шо ми кажа Баба, тие немале неколу дена јадено ќофтина од делфин, шо им беше редовна храна во мензата и ко пошле таму ко бесни кучиња не знаеле шо прает. Ги вознемирвеле жителите.
Јас не знам од кај им текнало да поставет пункт за контрола на сообраќај и други активности на сред пат. Ко то да им е работа. Пак едно време се дрзнале да прает контрола против шверц на дроги и оружје. Алооооооо…. само нетокму чоек мојт да се посомневат дека жител на Арачиново би шверцувал оружје. Шо кој тој му е.
За малку ќе повервев во ова. Ама проверив и ми потврдија дека редовно во Арачиново се доставуват скапа морска храна. Таму е доста достапна ова храна з`ш таму не постојт ДДВ нити пак се плаќат струја за спремање на истата. Баба ми потврди дека во рестораните редовно на мени си имат пафлак од Делфин. А јас можам да го сонвам.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.