Ауууу луѓе спас за НСРМ. Спас за сите Македонци, посебно за младите. Абре имало Господ. Јас реков ни ојде јабана државичево. Ама ете Господ мислел и на нас најпарталосаниве на Балканот. Поооо ноќи, месеци не спијав. Абре две години не спијав. И пол. Да да две и пол. Скоро три. Ќе ни ојдеше фира младината. Ама ете баба Цена почина и ние се спасивме. Е знам дека не знајш која е зш тебе умот ти е во Катица шо ќе кажит, па Ѓорчев како ќе и вратит, па Шилегов како ќе опцујет, па Грчева да манит српска пцовка….абре целиот си намовнат само за глупи вести, за тепачки за фотељи. А можеа да ни одат децава фира.

Вака. Баба Катица Талевска, Бог да ја прости, од Лознани битолско, беше најголемиот дилер на опојни дроги и прокурo….прекур….незнам как се викаја, во цела Европа дури со си Куба. Да бе. Не се зезам. Ак не беше така зш на пример судот, НСРМ-овски, кај шо живеат НСРМ-Овци, ја осуди на две години затвор.

Чек ќе ти кажам зш. Абре почекај глеш дека возам низ Скопје и брзам да го фатам црвеново, дур е запалено да поминам. Шо бре??? Аууу ај глуп, ам ти си бил и ќор. Глеш дека во маденскиот град…..не не не згрешив….монденски град е онај кај шо е развиена модата. А овде се развиени мадињата. А така. Сега не ме чепкај да ги фатам сите црвени за побрзо да излезиме од градов газејќи пешаци.

Значи баба…..опссаааа батеееее. Ем те акнав в колено, кај пешачиш на зелено во Скопје. Алоооо. Море непендек народ. И ти не знаеше? Ам пример дозволено ти е дур ја поминиш Партизанска да акниш бар 10 луѓе. Е как да не. Остварливо е . Имат 7 семафори и 25 пешачки премини. И замисли сега…не ќе поминет бар четворица на пешачки и шест на зелено? А? Од толку гужва јас би погодил бар 15. Ама не сакам да претервам зш лимитот е 10.Шо? Аха. Не погоди не погоди некого в ципа и летна возачката. Фијууу фит. Ко да си ја немал.

Значи баба Цена……уф извини малку….да земам засил со еден удар три муви. Глеш на пешачкион мајка со близнаци? Ако ги погодам од Рекорд до Влае сум фрај. Ќе ми останат уште само четворица на зелено шо врват да ги сплескам. Е ако манам некој со точак за три ми се важит. Шо???? Едното близначе го ф`тнав????? Абре да ти се прднам на среќата да ти се напрдам.

Е виталната 82 – годишна баба Цена беше затворена пред две години зш….шо??? Море токмак. Ти да возиш во маденскиот град на првиот семафор ќе помиш на зелено и летна возачката. Кој ти рече така? Не бре токмак. Се свирит нон стоп на семафор во Скопје. Чекаш, ја редиш прва и…. не свириш на жолто. На светло црвено, на кај розе свириш ко Скопјаниве.

Тие имет осет, никој друг, тие имет осет кога е светло црвено. И почвиш од тука да свириш, седвиш со газот на свиркана и свириш до Белимбегово. Е така де. Не ќе маваш едно едно. Вака седнија од Ѓорче и пичи. А ако излегвиш кај Автокоманда ќе ја швајцоваш и нека си урлат. Е ќе ја исклучиш само ако некој пешак на негово зелено поминвит на пешачки. Така арслан. Е сега да ти докажам за баба….чек колку се напраја акнати до Ѓорче? 12? Аферим, е два сум бил во претплата за следното возење.
Да се вратам. Баба Цена, значи пред 6 години беше откриена во процес на недозволено производство на недозволени дроги и оние как се викаја со курори мурори незнам. Ти зела виталново 82 годишно дејче и ти посадила 2030 корени на марихуана. Со сета своја жилавост и спортско aтлетски градено тело ги одгледвела сите корења, арно ама нашите спремни институции ја бркале неколку месеци и едвај ја фатиле зш бегала како сприја.

Ја осудиле 2 години затвор, така да овај 82 годишен ѕвер од жена наместо да се опаметит в затвор та ти зела му пишала по вибер на Чак Норис. Чаки дошол во Идризово, напрајл посебна фитнес сала и Цена ти вежбала 24/7, да не ја изгубит формата за ко ќе излезит да посадит 200 000 садници да ја загрозит иднината не само на НСРМ ами и пошироко и потесно. Ама ние имаме служби не шака. Ја прaтеле ревносно ревносната баба. Кој се претворил во писоар, кој во г`с папир кој во тампон, а Зајко се напрајл прислушалка и ја снимил во нејзините телефонски разговори со колумбијските колеги произведувачи, посебно со Пабло Ескобар. Го браќа биле. Ито баба Цена зборвела колумбиски. И кога Зајко се спремаше да го напрајт финалниот удар на Ценче, со уште една бомба да ја спасит цела….шо бе цела…цел свет од дрогите на 82 годишната Цена. Ама ете таа си почина. Иначе ако не починеше најстариот дилер на дрога во в селенава….Молим? Не бре овај не се важит, во Тетово го акнав….Луѓееее нашите служби не спасијааааааа!

ЏИМИ
[email protected]