Е неделава решив да гледам и некој други телевизии. Ај реков да не ми пропаднит даљинсково. Менвам на она телевизија прва шо дознават све, дури шо знајт работи пред да ги дознајт. Го глем онај со новине вилице шиштит: …“ …..Нимиц ќе излезит со нов….“. Добро бре чоеков неуморен е. Нимиц мислев, не онај шо шиштит со забине. Со каков ќе излезит сега? Ме кладе во дума. Море непендек еден. Арам да му е. Каков ќе ни клајт сега на маса и нас и на грциштана? Џанам колку ги имат бре чоекон? Со новиот предлог шо ќе излезит шо ќе побарат да смениме? Свашта. Ко да подслушнав ќе имало некоја геограска одредница “горна“. Е јас колку знам горна не постојт. Македонија. За долна да. Пеки.
Се задумав шо ќе пробет да ни менет со “горна“? Коренот? Јазикот? Море Нимиц, море кардаш. Сум бил и Новесковиќ и Новозоглу и Новодопулос и Новев…во сршта на мојта душа сум останал чистокрвно македонче. Мајке ми. Не е само мени го името. Она шо чоекот е во душа не се менвит само со име. Зато дај не туку излегви со нов пак. Некош и не е битно како се викаш. Битно е шо во душата те аресе. Имаме безброј примери. Например тетка Трпана ни 2 месеци не го трпеш, одма се разведе од Сречко кој погина од точак. Живко рикна одма. Баба Весела саде се намуртена беше. Ко да какат. Боска имаше најмали цицки на светот. Лепа се напрај 4 пласитични операции и пак беше како дикел.
Зато Нимице не се напрегај. Бар за името. Да ти кажам здосаден си ми. Ексик и со тебе. Арам да тие. Јжзк. Не за друго резил се прајш самиот. Како и да ме викаш јас македонски ќе си зборвам. Мајке ми. Не ќе прајме гајрет за секоја твоја глупост. И Хорхе ти кажа. Ние имаме црвена линија. Анџак Коле го пушти да кажи нешто ти сега…. Пак слушам спомнаја латиница, кирилица, за вантре вака, за надвор онака….Е јас колку шо знам , у нашата македонска историја дури и подаље, ние си го имаме Кирила. За Латин не сум чул. Јасно ми е. Ачик е све. Ама незнам бре како не им е јасно ним. Та на Нимица та на сите со ред. Море луѓе. Векој алооо векој го штитиме нашиот македонски јазик. Де бре….зорт било, а ние сме издржале и сме останале на нашиот македонски литературен јазик. Не сме помислиле да го мениме. Јок. На секој чекор го штитиме на различен начин. Еве пред некој ден седевме во “Блу“ кафе, со онај газдана од “Шус шопс“, нарачавме ајс кафе и за то лафевме. Ова е држава море не кенеф. Кај се порпимало тек така други примеси.
Вртам друга ТВ. По по по.Езерово. Овде се преливат, онде се преливат. Мореее до чаршија дојде. Мада и то не е лошо. Аце не ќе морам секоја година да му го туркат бурено на Ервана внос секоја година за овај да му го фатит. Море до кај сакат некае не се секирам. Излезе едно дете, ваљда министер бил:….“….ситуацијата ја имаме под контрола…“. Мењам чим е под контрола све. Канал погоре. “..откако ја видовме ситуацијата во болниците..“. Браво бре Бујар. Прв министер си шо прогледа. Требит темане да ти напрај ме. Алал да му е на чокеот. Ам да не прогледаше. Ќе ојдеа јабана уше 3-4 родилки. Господ здравје да му дајт и пепељари на очине пак да прогледат.
Шестица. ….“ …зато што јас сум голем човек….“ Тиииии бре Амди. Икалавера одовде. Не сме ќори. И Бујар гледат дека си усвињет. Е овде солзи ми протекоа. Како сега да се прајт да се живејт шутка. Преубо им било. Така рече големиов. Оделе само на шопинг Белгија.
Еве..Јанко бурек…море шо ти прајт ова буреков. И овај ко Амдија се напрајл…Аууу…Бљак. Ми се слоши. Мењам. Гордана беше на јадење бурек и коа глем на она мсутацине јогурт и имаше останато…пф
Ај пак еден канал нагоре….лелееееееееее… шок, шок, шок….спас,спас,спа“…ТАВ ги презема….“ ќерко блага вода хитно. И хелекс…“…македонските аеродроми…“. Абре кај бевте бре кардаши. Абре арслани наши. Идајте одма. Не аеродромите, ами цела држава зејте ја. Море аир да не видит тогаш султанот ваш ( извини г-дин Бурхан ) шо не остај сираци на балканот да не дупит кој како сакат. Ај да не дупит ами сите пари за вазелин ојдоја. Кредити земавме. Абре мили кардаши како шо остајвте тогаш така е уште. И патишта и болници, школи, автобуси, карпузи, јазиков наш…абре све. Ајдеее ќе тргнит. Ајдеее имало господ. Ималооо спас. Идајте савиори наши. Ајде од ќенефов прајте држава. Ајде да ги снемт сжклетиве наши. Де си ти стао опет ти продужи султане..Зжш поголеми непендеци, ашлаци, качаци, гагаузи, шејтани….од нас немат.
Пинк..опет….“….черкооооооо ти си татиииииииииииииииииин сииииииин..“ опааа.