Да имаше светско првенство во тресење на зелени, Меџити, министерот за здравство, не само шо ќе беше намбер ван туку ќе земеше и бод за најбрз круг ко во формула 1. Е шо з`ш. Еве з`ш: “Крајно време е Обвинителството да излезе точно со име и со презиме за Онкологија зашто овој костум што го гледате на мене денеска, оваа вратоврска ме задушува“. Се отропа чоекот за сите пари.

Оооо Фатмире. Ами случајот со онкологија не е во доменот на швајцовање и шпренговање на амортизери туку во здравството кај шо ти си, за жал, министер. Ако не друго, требаше да дајш оставка. Ова ти го кажвам нај другарски з`ш многу сум насекиран шо се задушвиш. И то појќе ми е жал за тебе зш Алијансата немат потреба од задушени. Тешко нив. А оние кои се задушвет од незнаењето на вработените во твоето министерство кој ги тркалат. Абре Фатмире, ти имаш совест?

Е на пример за разлика од тебе Таче имат каде каде поголем совест. Пукни си. Господинот премиер точно на 18-ти октомври рече дека се работит на законските промени за платите, ко се кренаа за 78% за 1260 функционери, да се дојт до “поприфатливо решение“. И изјави дека уште тогаш работата е при крај. Изјави и тропна. Ова тропање можда конкурират да ѝ го зејт приматот на зелената на шок Фатмир.

Мада ова одмрзвење на платата на со закон заштитени мечките не беше за тие курташак да си игрет. Ептем им беше потребно з`ш еве ја сезоната за ајвар, туршија и друга зимница. Како ам. Од ова година само функционери ќе мачкет ајвар, а другите ќе се бодрени да издржет без ајвар. Таман ќе е полесно за заводот за статистика во понатамошните испитвења да клает само две графи: со ајвар и брз ајвар.

А можда би имале и уште една изјава за светско првенство на тресење залени. И можда наместо за ајварот ќе мојме да речиме пред и после Дејвит Гир. Да бе. Амбасадорот на ЕУ во РСМ го пофали Врховниот суд на чело со претседателката Беса Адеми. Ко ти викам. Жими беса, Беса беше пофалена за голем напредок на судот во новиот Извештај. И не само Врховниот јас да бев на место Дејвида ќе ги пофалев сите судој. З`ш ти да успејш све живо и диво да застариш како случај навистина требит да бидиш способен. По европски стандарди, ко шо изјави Беса, неможеле да се применат.

Јас ќе го замолам амбасадорот да го примит Врховниот суд во ЕУ. За цела НСРСМ ќе почекаме уште некоја деценија.

Мада да бидам искрен не сум начисто кој овде е во право. Дејвит или Маричиќ. Некој овде мене ме дупит. Еве ти ја изјавава на Маричиќ, прочитај ја и ќе видиш дека и тебе те дупит: “Прво уставни измени па работа на судството од причина што новиот извештај се вели дека државава нема напредок во судството“. Ем сега баце. Имат или немат напредок? Овде од функционериве некој лажит. А кој фунционер лажит тој и крадит. Значи кај нас сите крадет.

Или не` онадет, да не речам. А како да речам после ова изјава: “Проблем е што самото проектирање и репроектирање не биле направени на квалитетен начин и затоа патот се гради 10 години“ изјави Таче и конечно сфати у ком грму лежи зец за автопатот Охрид-Кичево и најавија ревизија, можда и раскинвење на договорот со конеската “Синохидро“. Па шо ако сфатил само после 10 години.

Дан ме онадит овде пак некој? Е како се трефна ова ревизија одма после гаснењето на “Траекторија“? Значи се амнестирет Зоне побегуља, Пеше и Љупчо. Как да е. За 50 км потребни се над 10 години. А на оние пак од Идризово ни проект ни бутур цел автопат напрај ја за бегање и то целиот во тунел. И сега како ќе мокаме вака?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите