Море море море настани минатава недела во државчево….државиштево наше. Бреееее фестивали на народна музика, забавна, хорски фестивал, па други културни настани…..ама ко прочитав дека се одржала ѓомлазијада во Скребатно охридско и смоквијада во Гевгелија, на мојата радост и немаше крај. Абе фацулево сложено ко бебе тазе преслечено, ко Хорхе ко ќе го остајт Коле нешто да кажит. Значи минатава недела дешавките беа за моја душа. Некаквијади и фестивали.
Смоквијада. Тииии колку значаен настан за евроинтеграциите и економскиот просперит на НСРМ. Како ам. Да не беше толку важен овај настан немаше толку медиуми да му посветат толку внимание. Не така? Ѓомлезијада…..бреееееееее. Уште препоептамнајважен настан кој ќе је прогресират нашава држава во натоизација како и глобална интеграција во западниот свет. Бре бре бре.
Види да ти кажам. Ми текна дека тука е решението на нашите проблеми. Огранизирање на билокаквијади. И морат да ги прошириме овие активности. Пример….пиперкијада…а? Тииии каква шанса да се покажат нашите традиционални македонско – домаќински способности за праење на разни манџи ко шо викат Тино на храна и вино.
Или на пример фестивал на биберот. Е браво како ми текна. Баш не биват да забибервиме некој работи. И то овде мојт да имат ептем многу дисциплини како на пример….пример велам….“Како да му го забибериш на народот“. А? Пример…..или “Збибери му го на ближниот свој и смејму се в сурат“….по по по …..дисциплини. Традиционални македонски да не речам типично НСРМ – овски. Зш не малку неимат домаќини нсрм – ОВЦИ. Како ам?
Само види дан забегаме ми е страв. Дан почнат на пример, не само домаќински туку и професионални некаквијади да се прает кај ќе ни е крајот. Замисли да им текнит например на на гинеколозине да напрает вагинијада. Тиииииииии…….овде пак какви дисциплини имат да се свртит в мозокот.
А да….ќе забораев…..и фестивалите беа хит ова недела. Еве во Охрид имаше хорски фестивал, па се оддржа и Охрид фест , после имаше…..дур сум кај Охрид Фест. Ова година беше на кејот. И замисли од 50 000 охриѓани и туристи дури 7-8 души се јавиле дека им сметат то во шетањето и се кренаа паники по некој медиуми да им погодиме на тие 7-8. И сум за такви реакции. И некој медиуми требит да реагирет одма све да е екслузивно. Така се работит. Например ак ти јавит портпаролон од СВР дека имат сообраќајка негде , а немат мртви, шо кој онакво бараш да ојш. Не така?
Е сега морам да признам дека најубајот фестивал го одржаа СДСМ-овциве и ВМРО-овциве, мада замешани беа и други овци ама овие ..брееее…Поточно организатори на овај фестивал беа Зајко од Струмица и Никола. Да бе. Се седна да се разговарат за случајот од 24-ти декември и напраја ептем голем фестивал.
Или ти ќе признајш дека си крив или чаре. Признај биииииипппп ти материна или чаре. И пак немаше договор. Море сијалици в очи си пуштаја, море фрчеа камшици со бугарска музика, море….. Коле му даде рок на Зајко до октомври да признајт дека Шеќерка и Бендеска многу се дереле, дека со грчки чврги, од оние најнезгоднине, а не со обични, ластик, СДСМ-овциве ги мавале на ВМРО-овциве или ак не ќе се ојт на избори.
Овие пак првиве овци на вториве им поставија исто рок тие да признает дека со клоци со шпиц а не со внатрешна ниту пак со фелш ги избркале новинариве…..дека……како и да е не решија ништо и можда ќе сме оделе пак на избори.
Да се разбериме….не дека имам против то да се оддржат избори како шо е Шеќерка децидна против, ама пустото незнам зш со овие избориве почнав да се осеќам ко кучка со ланец ко ќе ја носат со сила на парење. Жими тебе. Туку мене ми е друго. Ќе добиеме негативен извештај од Брисел. А таман ги напрајвме сите клучни работи шо ЕУ ги побара од нас за да се евроинтегрираме, се шишаме западњачки, се попедерчивме, појќе немаме црно под ноктиве, кормушките од носот не ги ваѓаме со долгото нокте од чулчето туку го рскаме носот на тротоар, не ги чешаме ушите со прсти нити пак собираме коломаст од нив……абре све направјме шо побараа. Не така?
И сега да добиеш негативен извештај???? Ќе требит да се окозиме после за да добиме позитивен. А дотогаш ни останвит организирање на смоквијади, ѓомлезијади, тортијади…а можда и вагинијади и други онаквијади.
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.