Ова нашево е невидено. Не само шо имат забава во Охрида града ами имат традиционална забава. Од авион да падниш ( скраја да е ) одма ќе си речиш: Да …ова е Охрид. То се познават и по хранана и по песнине, абре по све. А и морам да кажам рака на нога све си е организирано испланирано….ко под конец за крпење онај. За да не бидит само од слушање дека јадам трици или чмаративни одпадоци излегов и видов. Видов и се прерадвав. Ко се прерадвав морав да закачам два линекса з`ш од радост ќе морав да се вратам да се заплакнам. А за да одам да видам едвај се пробив онде кај економсконо од староградскине трња кој симболични се порастени до пола улица, за да му кажиме на туристон дека секогаш македонецон насушен морал низ трња да врвит. Да бе.
Пред да стигнам на плоштад си купив охридски пуфки. Како ами. Ние охриѓинаве само пувки продаваме. И јајме. Грицкам и прво се соочив со македонското сточарство и ги видов оние двене змии шо ги имат како заштитен знак во секое Македонско поле. Не застанав да се сликам з`ш за нас е нормално то, во секоја штала ги имат. Туристиве си се сликет. Ам како. И ко ќе се вратит например Словенија и ко ќе ја покажит сликата одма ќе му речит комшјата:….“ Ауууууу македонскоу змивчеки. Биу си в Макдонијо а?“. Како ами.
Стигвам на плоштат…а таму…а таму…..се сетив на лани…одма ми дојде на уста она старомакедонскана шо се пееше лани.. “…..главобоље од винаааааааааа а нигдеее аспиринааааааааааа…..“..е ова година ја немат ова традиционална жетварска народна песна. Или пак она она македонскана љубовнана, пак народна “…Отишоооооооооо сиииииии али сарму пробооооо нисиииииииии….“…..ах шо убо беше. Ама ова година ги немат зш ние сме лулка на словеснакта писменост и култура.
Ама зато одма до Климента џанг бокс. А пред него хаос….Лелеле ко го видов. Истакнат на плоштат стар македонски експонат изваен да го видет сите странски туристи да се запознает со македонската култура и традиција. Да бе. А шо беше за право секој странец од Виница, Крива Паланка, Валандово, Кочани, Свирипичино и други светски метрополи сакаше да се испрабат бар за момент, бар малку да се клајт во кожата на нашите предци ко мавале со боксој. Тииии. Уба слика. Мада неможеа појќе од 783 да напрет како нашите дедовци ама маваа ко будали. Шо е најбитно ја осознаваа нашата историја.
Ко потака гледам лелеееееееееее…….чекан и наковална. Сите пак тука во улога на деда кога работеше како црнец во времето на неразвиена Македонија. Шок. Експонат. Традиција. Само се слушат …даааааааанг….дааааанг…..а мене џанг…џанг во срцево како спомен на прадедовците македонски. Ах убо смислено и обмислено.
Одам кун Ривиера. Гледам една баба натртена покриена со чаршав и се стресив, си реков и е лошо…така навалена…… Се растрчав да ја спасам и….и… ко видов. Абе даааааааааааа. Како шо доликвит стара традиционална македонска масажа од луѓе облечени во кинески кимона. Всушност така личет. То морат да беше некоја носија од Галички крај. Да бе. Алал да им е. Тука беше прикажано како од некогашното историско македонско кушање, со пот, со напор, со многу учење е стигнато до ова. Ц ц ц ц. Јас мислев дека на оние шо го организирет туризмот во градов им се гнасни ушине, а то им течело мозок. Па па па….Алал на тие шо ја организирет презентацијата на македонската и сесловенската култура и традиција. Алала да им е. Ајнштајновци.
А потака луѓе а потака…..пливав во се шо е македонско, традиционално и пред се све шо доликвит на една вавка лулка….македонска…словенска….светска…. Охридски банџи…… македонска лесковачка скара, амерички крофни, турска баклава, кај да влезиш ќе најш староохридска бечка шницла, староградска капричиоза…абе све македонско…све традиционално, македонска шеќерна волна од шарпланински овци, гашчи до македонски текстил со турска етикета….само невидов дали имат македонска депилација……ама све дурго наместо. Ама ете еден детаљ се заборајле. Македонскиот БИК од лани. Не за друго. Не само шо ќе му ги стегав рогојте ами ќе можев да му ги тинтрам мадињата. Како скопјани на букефал. Ам како. То е стара македонска традиција. Тинтрање мадиња.