Абе како сум поминал па па па па. Убајна. Бев во Травитиште, Делчевско. Имаше и видни љуѓе и од Малешевијата, а посебно од светски познатиот Пијанец. Е овде имаше зелкаријада. Ар не се зезам. Ко ти викам. Така сум се релаксирал бичим кутија Деметрин испив. Да ти се пљукнам на то питијадите, винијадите, ова е прав настан за народ кој само што не влегол во ЕУ. Мада едно не ми беше јасно. Сите шо беја таму беа зељкари џуба џуба народ, а не видов ни еден од политичариве. Бар Зајко да дојдеше. Ај можда ќе дојдат ко ќе се прајт крастајцијада.

И таман се растеретив психички ко ракета од Хамас в срце ме погоди веста дека суспендирани се обвинениејата за “Моќник“ каде се ослободени Антонијо Милошоски, татко му и други 10-тина луѓе. Не не…..не ми е мака шо се ослободени туку им остана обвинението за “Измама“. Нему, на татка му и уште еден. А таман чоекот се спреми за апсана, купи плеј стешјн, овие му скинаа задоволство. Од дете сакал то да го играт. Види пак вака….и не е то некое дело “Злоупотреба на службена положба и овластувањата“ та Тончи да скапит в затвор. Не така? Недај Боже да имаше украдено ќебапи или да продаваше марула или пак скраја да е пту пту пту китки магоднос. Ќе скапеше по затворите.

Та ошол в затвор та не ошол ич да не му дремит. Зоне маџарица млада сето то будно го пратит и многу се секират. Зато тој замина за да мојт од повисико да ги пратит состојбите и да мојт со чиста душа да ги жалит на сите шо им го спопика и ги остај сами. И зато не идат побегуљава да имат подобар преглед на неговата Македонија за која рече дека ако требит в затвор ќе згниет ама не ги напуштат другарчињата.

А и како да дојт овде ко сега пред некој некој ден му одзедоа два стана и три апартмани во “Панорама резиденс“. И сега му имет останато уште четири станој и три апартмани и кај да се напикат чоекот ако дојт. Не ќе ојт по куќи да спијат. Мил тој. За грев.

А за грев ќе сме и ние на 19-ти октомври ко ќе штрајкувет овие од јавното здравство. Кој ќе не прегледвит кој ќе не бутурит. Барет луѓето да им се зголемит платата за 30% на сите со си технички персонал. Арно ама министерон Меџети кој работит појќе отколку шо требит, дури и на онкологија е ангажиран, одма им одговори. Кажа дека три пати им ја корегирал платата ова година. Еднаш за 3000 денари, еднаш 10%….и види да ти кажам. Рака на нога навистина самите си се криви. Еми барај директ 78 % посто и одма ќе си добиете.

Од друга страна здравствените работници барет бенифициран стаж. Јас не се сложвам со ова дур и законодовната власт и извршната власт не добиет таков стаж. Немојт на докторот да му е потешко шо работит во смрдени услови, по 26 сати дневно, да оперират со ноже со рецки отколку на било кој пратеник министер шо се занимават со тендери. Па то ти е бре брате стрес невиден да земиш да организираш тендер, па кој да фукнит, па дал ќе ти дает 10, 20 или незнам јас колку посто, па дал ќе ти ги префрлет на сметка дал кеш дал…….уууу недај Боже да си нивно место.

Абре све ова шо денес ти го кажвам е причина да си горд Македонец. А пак да не прајме муабет да си Охриѓанец. Се посрав од радост шо сум од Охрид. Цела држава напредвит ама пак ние ова шо го прајме во Охрид мојт да се речит дека со метеорски чекори напредвиме. Дури јас мислам дека прво Охрид ќе влезит во ЕУ после цела држава.

Еве види сега….ова година сме ти напреднале со то шо во Охрид се нашла три пати појќе дрога од лани. Алооо па то е прогрес невиден. Дури, да не ти се вервит, се нашол и нов вид на кокаин. Розов. Абре то е прогрес или шо е? Зато ти викам дека брзо ќе влезиме во ЕУ. Бар Охрид.

Додуша лично јас се плашам дан влезиме ние па да почнит да се распаѓат та не ќе мојме да излезиме з`ш немат да ги исполнвиме условите за излез.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите