Охрид е скапо, солени цени, слабо туристи сезонава, Грција е поефтино, предавниците одат Грција на одмор а патриотите во Охрид…. беа само дел од насловите на најчитаните интернет портали во земјава, како и на голем дел од печатените медиуми и телевизиите. Од таму насловите се пренесуваа низ социјалните мрежи, а таму пак лавина од коментари, во кој најголемот дел беа на сметка на Охрид, и секако со големи критики кон нашиот туристички центар.

Туризмот како стопанска дејност е многу сложена и комплексна дејност.Цела активност произлегува од желбите и потребите на туристите.

Секој од нас постојано е под некаков стрес, работни обврски, и сака барем за момент, на неколку дена да избега од секојдневието и да се одмори од се. Од тука приозлегува и хуманата страна на туризмот, да ги прифати тие луѓе, да им овозможи пријатен престој и да се чувствуваат газди за своите пари.

Секој потенцијален турист располага со одреден буџет наменет за одмор, и секако тоа е негово право, негова желба каде ќе сака да оди на одмор.

Последниов перод се крена голема фама за зголемениот број на нашинци кои заминаа да летуваат за Грција, и истите тие до добија епитетот предавници, бидеќи оделе и оставале пари кај нашиот т.н непријател.

Тука веднаш се појавија и коментари, со објаснувања зошто баш оделе Грција, и секако во некаков недостаток на аргументи често го посочуваа Охрид како демек главен виновник што тука е скапо, и за поефтино пари и за поубаво заминале Грција на море.

Едно појаснување, не се работи за никави пари, за никаква скапотија, да, има места и локали каде цените се прилично високи но тоа, не е главната причина.

Главен проблем е што едноставно луѓево се презаситени од Охрид, секоја година се случува се едно исто па исто, освен традиционалните Охридско лето, Охридскиот маратон, по некоја српска турбофолк ѕвезда, и по некој помалку или повеќе познат светски диџеј нема и нешто посебно што би ги заинтересирало потенцијалните туристи да дојдат тука на летување.

Како алтернатива на сето тоа, а и секако привлечните пакет аранжмани со ниски цени за сместување во Грција, и секако поради близината многумина се одлучија да заминат Грција. А не таму дека е нешто поефтино туку поради промена, да се доживее нешто ново, нешто несекојдневно, секако не е исто летување на море и на езеро.

Кога сме кај тоа море, езеро, е појавија еден куп нереални, необјективни споредби на Охрид и Грција.

Прво тие споредби беа нереални бидеќи се правеше споредба на цени на угостителски услуги на два и повеке различни угостителски објекти, пример се споредуваа хотел со 4 ѕвезди во Охрид, цените на производите од една страна, и некоја улична сендвичара во Грција, мислам безвеза…

Друго, реално гледано не може да се споредува Охрид со Грција од повеќе аспекти, почнуваќи од тоа дека има разлика меѓу море и езеро, понатаму разлика меѓу температурата на водата на езерото и температурата на водата во морето, понатаму соленоста на морето која ја нема езерото…

Реално ако се погледне во однос на цените на услугите во Охрид, има некои места каде што навистина имаат забегано со цените, но исто така и голем е бројот на локали и угостителски објекти каде цените на услугите се пристојни.

Меѓутоа кај нас, а верувам и секаде, големо влијание имаат медиумите и начинот на кој известуваат, а со оглед на тоа што медиумиите во голема мера за одредени работи влијаат врз јавното мислење кај населението, се стекнаа еден вид на предрасуди кон Охрид.

Некаде ќе прочитаме во Охрид лежалка била 300 денари, и ни се наметнува мислење дека сите лежалки се толку, а нема врска, баш оваа сезона на одредени места можеше да се најде лежалка и за 100 денари.

Оваа сезона повторно беше актуелна онаа поделба на Скопјаништа и Охриѓаништа, повторно ширење на еден вид омраза, а всушност не можат едни без други. Како тоа не можат?!? Па едноставно, колку и да одат тие Скопјаништа на море, колку и да плукаат по Охрид пак во текот на сезоната на викенд, два ќе дојдат во Охрид да се разладат од пеколните горештини, и високите температури кои во Скопје знаат да се искачат и над 40 степени. А од друга страна па Охриѓани не можат без Скопјани во смисол што на лето спијаат по ,,визби,, за да им отстапат кревет повеќе на тие Скопјаништа…

Охрид е главен туристички центар во земјава, а воедно и најубав, и најпосетен. Но покрај стандарните случувања кои ги има секое лето мора да има и нешто ново.

На Охрид му требаат шопинг центри, спортски објекти… На Охрид му требаат постојано нови случувања да има од областа на спортот, модни случувања, музички со ѕвезди од светски калибар.

Не палат веќе оние стари реклами со слики од Канео и Плаошник, и снимка од стара баба во носија без заби како јаде лубеница. Потенцијалните туристи бараат нешто ново, невообичаено, несекојдневно.

Охрид и Охриѓани треба многу да работат и да воведат ред во угостителскиот персонал, тоа исто му и слаба, но многу значајна работа.Не може кој ќе стигне да биде келнер, готвач, туристички водич….

Жално е што најголемиот дел од кадрите кои завршиле на Факултетот за туризам во Охрид сега се некаде далеку, работат на некој брод, во некој светски познати луксузни хотели, а тука се останати да работат само лица со завршено дрвно, хемиско, електротоехничко школо, и на кои им е важно само да поминат тие два месеци сезоната, и да се заминат, не се замараат дали ќе бидат задоволни гостите, ни дали треба да се промени нешто…

Сопствениците на угостителските објекти исто така имаат значајна улога во во целокупниот бизнис со туризмот и угостителството во врска со вработените, доколку персоналот е задоволен ќе бидат задоволни и гостите, а со самото тоа и топ менаџментот на објектот.

Но за жал тука газди (најголемиот број) се луѓе кои немаат или немале никаква врска со туризмот. Имале само пари и желба да бидат ГАЗДИ, ништо повеќе, а згора на се и на некој начин и робовладетели на своите вработени кои гледаат да работат што е можно повеќе, а за помалку пари. Секој угостителски работник е амбасадор на својата земја, со своето однесување ќе стекне или симпатии прво кон него, понатму кон Охрид а со тоа и во целост кон Македонија, или ќе се шират негативни стереотипи и предрасуду за нашата земја.

Еден апел до ценетиот Факултет за туризам и угостителство од Охрид, во кој студирам и јас, малку повеќе да се заангажираме да се тргне оваа негативна слика од Охрид. Знам дека тука работат, предаваат врвни професионалци од областа во туризмот, но мислам дека треба да сме поактивни повеќе. Потребни се чести средби со сопствениците на угостителските објекти, состаноци, давање совети, предлози и слично.

Само така ќе се тргне лосата слика од Охрид, и ќе бидеме уште подобри од сега.

Тони Павловски

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.