“Де бре комшија, де бре дедо Јоцо шо си се раздрал, ти се помочале пред врата ти се помочале. Деца се бре млади, пијани, расположени.“ “Како бре?  Море за ваквите и сите ко нив само Тито беше лек. Ах леле как не се вратит. Абре не бадијала Угро го барат назад. И да знајш инет ме фаќат и споменик ќе му кренам…..Јас Тита ушка го имам носено а тој ќе ми се мочат во темеливе…ах Тито, Тито.“

Го остајв Јоцо да плачит по Тито и….ми текна текна нешто. Одма в подрум. Ти се плукнам на то бурето, да ти се плукнам, требаше уште есента…Пту прашина сто кила… “Добар ден комши”. “Добар ден комшике, (добар цел живот да не видиш и ти беше една од тие шо ме натера….) како си?”. “Ете добра. Гледам си се закопал во то подрумот. Шо бараш?”. ( ја барам од …. ) “Еве нешто ми притреба, пак си реков…..

Абре кај ја кладов? Години поминаја. Как не ја фрлив ова туршијава, еве го август ќе си ојт, а јас уште зимници чувам. Тук мавни сега то. Кај да ја барам, кај ја втикачив, кај ја затутулув,  све у ……….И не друго, години поминаја. Абре уста да му се исприштит на тие шо рекоа дека појќе ништо од то не ќе ми требит. А јас слепец им повервив. А сега? А как да не им повервиш тогаш, Анте дојде, чоколади купвев за песон од комшијана да го тепам…..Арно ама, сега…. Абре Јоцо кај го спомна.

Изгледа овде ја кладов под шпоретов од “Искра”…..Еј, се сетив. Фирма беше ова не така. Не сега. Купвиш “Теба” а ја уклучи, а тој од дистрибуција  те е….ма посери му се. Е некош……Опаааааа. Еве ја. Ко шо ја завиткав, со селотејп од “Аеро Целје”. Почнав да се тресам. Фишек дома, в клозет се заклучив за да не ми сметет ова децава и ја одлепвам. Еваааааааааа. Морници. Читам: “Газела ципеле -за да станеш на своје ноге”. Вау. Стварно тогаш газевме, сега, изгледа, други ги носат и не….Отворам. Полека, палам цигаре ( го отворив пенчерево з’ш кредит зедов за ролетниве, а жена ми… ). Книшкаааа. Црвена. “……савез на омладине Југославије додељује……….за изврсна залагања у оквиру љупења компире…….”

Евааа. Морат да е под нив, копам, копам и шок. Позитивен. Ми излета: “Друже Тито ми тииииии, ( солза на образу мом ) Друже Тито ……( липам ) кунемо”. “Тато ај ак сакаш побргу ми се какат”….”Сега сине”. Јас без да ми се какат се посрав. Од радост. Е бре, Друже. Ко вчера да беше ко те извајв, а завчера ко да те обесив. Ја кренав сликата ја остајв на казанчето се испрајв, напрајв тупајнца, се акнав в чело и поздравив. “Друже, живим ко да че сто година да буде…., а се спремам  се ко да че утре да …….”. Еј  спомени, ли се спомени аргатски маки……не ова беше друго. Се збунав. Какви аргатски …..Е то беше живот. Незаборавен. Не ќе го барал Јоцо комшијава? Сите ќе го бараме. “Ај бе тато, побрзај….”.“ Сега душо само да се докупарам”.

Морам вака. Како да  му кажам, на малиов? Не ќе ме разберит. Како да му објаснам, дека чоеков шо го гледам на сликава не сакаше да влезит во ниеден блок и напрај блок на неврзани. Само шо тој блок не беше блок, з’ш го напраја за да не влегвет во други блокој. Како да му објаснам на малиов дека милион Кинези викаја:” Друзе Тито лубицице плава…”. Еј олкав маж а ти да си способен да ги натераш да те викет љубичица. И то од милост. Кај ојде бре чоекот на гас ги падвеше, а ко ќе се вратеше ние падвемве на гас.

И сега некој кажвит сонини з’ш Јоцо…….Море не споменик, све Јоцо да му кренит. Назад имињата на улиците. На градојте, на школите. Еј се наежив, ко жена на депилација во ладен подрум. Се наикрив……”од Вардара па до Триглаваааааааа”. “Тато шо пејш”. “Ништо сине. Од Адриан Гаџа новиот хит ( малиов него го знајт ) . Сега ќе се покакам и ќе излезам”…”Ама тато…”. “Нема ама….. Иди свари кафе, служи народу, а твој тате је народ”.  Земвам г’с папир ја бришам сликата, полна прашина, да не пуштам вода ја пљукнав еднуш…светна. Леле чиној обесени ко колбаси во месара. “……светлим сунцем обасјана и со ( излегвам од клозет )…..

” Тато се покака?” Да сине, одавна сам се ……”. “На шо јазик ми….”.”Језик,  наш сине, језик минатог и језик будучности…..”. “Доџите сви ваму”. Ја бесам на сред дневна, го откорнав кнауфов, аку го платив 520 евра, све ми е равно. Мирно!!!  Поздрав. За мноме:..”Друже Тито….”. “Тато сакам да одам в клозет з’ш  се…..”. “ Аку сине, аку, нека е. Твој тата се је годинама …..па опед је……..само да видиш како смо се сви тада ….тада смо се сви смо се, одавно смо се и  сада чемо се, …”.  И тогаш ојде све јабана. Влезе ќерка ми пушти радио, а на него Дуле и Коки……” Колку треба да се ……”. Шта бре да се плати, јер малко смо досат плаќали……никој. Све во вода. “Сине, јавни белим коњима и оди ово однеси деди Јоцету…ево му га на друже Тита“

Џими