Ох мори мајко шо мака не` снајде ќе речит некој. И ќе додајт: да ти се прднам во државата кога чувари во затвор му плаќет на затвореник за овај да ги вработит на посолидно работно место. Јас пак обратно викам. Браво за државата и за оние шо ја водет и за оние шо ја кочат. Ко затвореник имат толка сила, или вистинска или само на јазик, алал да ни е држвата.

Или тој е силен на уста или пак чуварите имет рибен мозок. Едно ќе да е. Мада јас мислам како и да е одма, под итно, ваѓај го од затвор и бам на некоја асална функнција за да ја онадит, односно да ја извајт државава од овај “просперитет“. Јер ми срљамо сваког дана у просперитет. З`ш батецов шо ќе ја водит државава не оти се разликвит од овие шо ја водет од слобода. Ако не друго сигурен сум дека немат факултет без средно ко некој “етаблирани”. Абе држава шо имат вакви затвореници и избраници не требит да се думат за својата иднина.

Е зато јас сум против амнестијата. Кој после ќе не вработвит ако немаме затвореници. И Оливер е против. Тој си даде свое видување за законот за амнестија. Си кажа маката чоекот. Рече тој ги пупштал од затвор, а тие уште по пат за дома прает беља и одма другиот ден данк назад.

Зато не држит вода муабетот од министерон за правдиње Кренар Лога, дека затворите немале убај услови. Па кој будала би се враќал ако немат услови за живот. То е едно. Друго, покрај платите шо ги земвет како затвореници земет и маржа за вработвење ко шо рековме погоре и сега како да не сакает да се в затвор. Зато викам јас да се подразмислит со амнестијава. Можда ќе се намалит бројот на затвореници ама мојме да се заебиме да го зголемиме бројот на невработени. И како после да станиме членка на ЕУ.

Еве од мене еден предлог. Покрај извршна власт да формираме и амнестирачки комисии. Можда и со си министерство да ја напрајме. И кај имат судница одма до неа да се изградит и одаја за комисијата. Ако некого го осудет за мало кривично дело, од судница излегвит, влегвит во одаја го амнестирет. Од тука со возило на МВР го носиш во некој дуќан го ограбвит, го префрлаш негде да ги скриет парите, па во судница, па во одаја па во ……и така во круг. Знајш колку ќе требит да вработиме….ехехеееее……

Незнам шо се зачуди на мојов муабает санќим мечка оро играт во Маврово и Ростуше. Мада и да играт се јавиваја овие Анима Мунди и рекоја мечката тепање јок. Имале тие начини како да се средит овај проблем. За ова ситуација тие не ги обвинија мечките планински туку градските мечки шо ги држет вотељите. И никако пукање кун медо. Обука. Им предложија редовно да ги празнет контењерите и одма Меца ќе престанела да идат по градојте. Е сега мала мистерија беше како животинкиве дознавет кај имат полни контењери. Еми време на технологија. Прасињава, диви, кои од лани се по градојве данк SMS на меца, меца локацијата на GPS бам и ….добре дојде мецо, добра вечер. А и ние како народ сме за нигде. Купвиме мед и го фрламе во контењер за меците да дојдат.

Исто предложија обука да се напрајт на народот за спас од меца. Како да им напрајме БУУУУУУ па овие да летнат вид воделина да се невидат, па ваљда ќе се обучиме муцките да ги мијаме ако јајме мед. Абе свашта. Од секогаш сум им се дивел на Анима Мунди за нивните идеи. Јас пак имам само еден предлог. Тие да не обучат ама практично. Нека ги душнит малку баба Меца. Нека не кажвет сонини. Нека поработет на дело. Res non verba.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите