Абе само шо го фатив в рака мобилниот од…..бииип….СМС: „Г-дине. Во оваа демократска држава кај шо на секого му е загарaнтирано правото на приватност, секој има право да има мобилен па и вашиот колега на кого Вие му го украдовте.Ве известиме дека како шо типкате на типките така вашите отпечатоци директно стигнуваат во централа на МВР и одма излегува Вашата слика. Исто така да си знајте дека ако нешто зборните Вашиот глас се преправа како гласот на колегата, кој како секој има право на приватност, а во моментов гледа телевизија дома.
Ве молиме вратете го телефонот, а ние ќе Ви простиме 300 евра казна зш спружвевте пљачки, а немате лиценца. Не мрдајте со глата. Точно е. Дур спијавте, Ви вградивме камера во очите. Ќе Ви простиме 100 евра казна за калта во моментов шо ја имате на левата патика на ѓонот. Не ц’цкајте. Реков…имате камера во очите. Шо значит бидите така добар, вратете го телефонот, ете ние ќе сме добри и ќе Ви го извајме чипот од чмарот преку кој гледаме дали јајте здрава храна.“
Господ да чуват и да бранит. Ар какво крадење, го зедов зш…..биииипп СМС: “Знам. Ви ги прочитав мислите преку чипојте во мозокот, за да му го вратите зш го заборајл на работа. Како и да е, вратете го“.
Е ова дур го читав бев паркиран кај болницана и гледам ко зомби излегвет луѓе. Еден со пола гипс клаен, неколку жени полу голи со хулахопките на глуждој и сецкет ко јапонки, го гледам еден со жолчката в рака и пичит и го прашвам, шо е работава шо одет така драни не додрани дан им кажаа дека имат ебола во болницана?
“Не бре, мене ми заврши “мојот термин“ зш сега за све министерон дал по 10 минути на пациент и сега летам кај матичниот да ми дајт упут со нов термин па ко ќе дајт Господ да се вратам да ми ја доизвает жолчкава“.
Така ами како. Мој термин за све и за операција. Само ја заебаа Мица. Уствари не, Мица нас. Почина пустана, а не разбравме од шо. Ама ваљда ќе кажат во октомври 2016 година, тогаш и имаа закажано “мој термин“.
Тук то за 10 минути така и требит. Арлија работа. Шо е ова тантарање со пациентиве. Оперирај го пак после полека крпи го, санќим ќе ја везиме тајната вечера еден сат, како ам. Јас не знам шо толку се крена глас против ова одлука од 10 минути? За све си имат решение. Еве на пример за гинекологија. Колче им набави сонди од оние за ехо од внатре и сега ако на пациентката и завршат 10 минути, а не е допрегледана, ќе и ја остајт докторот внатре, ќе ја подзашиет да не и паднит до другиот “мој термин“. Не така?
А. Го викнав Павле да ми менит сијалица, а да не платам казна зш немат лиценца. Зет му е на тетин ми и како роднина мојт. А не не. Сите документи ги зеде со него. Донесе лист на венчани од Гоца, жена му е. Гоца извај извод на родени да докажит дека е ќерка на Паца, а тетин ми дека и е брат, следствено на то се докажвит дека тие се брат и сестра. Тетин плус извај извод од венчани зш е женет со тетка ми, значи Гоца и е золва на тетками а ова сна нејзе. Тетка ми извај извод на родени со мајка ми за докажит дека е сестра на мајка ми. И на крај јас извајв извод од родени да се видит дека сум нејзин син, внук на тетка ми и тетин ми, а сват на Гоца, согласно другите документи и сват на Павлета, кој е маж на Гоца, која е сестра на тетин ми, маж на тетка ми, та сестра на мајка ми, а јас син мајка ми. И сега кој сакат нека дојт.
Тук дур менит Павле сијалица јас да земам зоб, трици, пелевина, наут, ак најдам помија, некоја поовената марула и уште нешто евтино за да почнам да јадам здрава храна. Упатствата ги имам, само да почнам. Само криво ми е зш не му текна на Бранко во времето да излезит и да кажит. Тој ќе ни кажеше за здравите пијачки. Шо да пијаме, шо не. Е тогаш ќе бевме комплетирани. Не….лажам. Комплетирани ќе сме ко ќе дает упатства за здрава исхрана на оние шо копет по контењерине. Зш не им требит само нив ука за то. Како шо ојме овие 25 години сите еден ден ќе излегвиме и ќе прајме роденден кај контењeрине.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.