Влегвиш во лебара. Бараш леб. Продавачката земат хартија и го фаќат лебот  и ти го дават. Продавачката зеде хартија и го фати лебот со хартија и со рака зш:

–    Немојт со нога да го фатит и да ти го дајт
–    Се помоча,  а се избриша со еднослоен г`с папир
–    Косата и е мрсна
–    Имат бубуљица на газот
–    Ти имаш голем нос и брадајца на него
–    Нигерија ќе победит на светско
–    Марика не ојт на село
–    Сите од наведеното

Одговорот не го знам ама неможам и да сумам дал ова прашање  спадвит во екстерно или интерно. Мое мислење ако и се скинал еднослојниот г`с папир ќе да е интерно. Иначе фактички е екстерно. Мада види и друго вода држит. Многу деца и родители заради екстерното завршија на интерно. Од екстерно на интерно. Ама како е ќе ни кажет децава кој го воведоа ко ќе пораснет и ко ќе имет деца.

Екстерно си е екстерно. Морат да имат вакви прашања зш децава наши се тата мата за некој глупата шо ги измислил. Ај шо имат вакви прашања ами пустото да му се прднам имат некои правописни грешки незнајш али се намерно али така требит да бидат. А пази една буква менвит многу работи. Пример…..велам пример…..пример. Авионот слета на пиСта. Е ај да те видам мени С со З? И кај слета?

А потребно е да се разбериме. Не туку се буните многу дал требело или не. Требит. Зш ако не требеше немаше да го имат или имат да го немаше. А вака зш требит си го имат имано и децата ќе си полагет. Ај шо со то можат слободно да ги репнат професорите шо се куропецале цела година ами и нашите дечиња после екстерно добивет звање атомско-информатички- техничар за вработвење во НАСА. Како ам.

Се фромира и новата влада. Нова? Сменати се ехехееее дури 3-4 лица. Го прочитав списокот. Јолески за надворешни работи, шумарство Цветков, Беќири локална самоуправа и се разбират во образование Абдулаќим Адеми за да поефикасно се продолжит проектот “учиме да зборуваме албански“.

Е сега читајќи нигде не го сретнав нити Заев нити Рада. Зачуден сум. Оџвргален. Дури зедов пањ и се запањив. Добро бре луѓе Зајко не бадијала беше кај Стефчета Филе да му плачит да се лигајт да се мрсулајт како босоного дете. И то беше заедно со Радуле. Му се изнаплака му се пожали, овај го сослуша го погали по косето и му рече: не плачи Зоки Поки чичко Стефче ќе решит све.

И реши стап. Овај не го удри на маслац и испадна Зајко ко да ојде кај Бранко. И овај и овај не го тајтарат Зокија. Никој не го тајтарат галиба. А убо чоекот објасни и нон стоп објасвит и се дрецкат од земја со газот како дете за сладолед дека немавме фер и демократски избори. А и не беа фер. Како било фер кога СДСМ на Заев изгуби и на места кај шо ни фамилиите на кандидатите од СДС не гласаа за нив. Фер е татко ти и твој прв брачед да не гласет за тебе?А?

И друго ме чудит. Јасно кажа чоекот дека СДСМ е спремна  да седнит со власта да преговарат, да се измачит и да се жртвоват за граѓаните на НСРМ да се формират техничка влада и да се формирет механизми за оддржвење на фер и демократски избори. Да бе. Тогаш можда брачед ти не ама татко ти гарант ќе гласат за тебе ако си од СДСМ. Е ова све Зоранчо му го кажана Стефана, а Никола ич мува не го лазит не реагират. Фер е ова?

Еве зејме на пример мене. И јас и кажав на Моника Белучи дека ја сакам и спремен сум со нејзе да имам активности од областа на сексот. Да и кажав и спремен сум. Се истуширав, се издепилирав, запалив свеќи, спремив Смедеревка и кисела вода, пршки и еве оптегнат сум на троседов ја чекам. Значи пола работа е средена. Јас ја сакам неа. Уште та да ме сакат. И да се јавит. И сега кажи јас барам нешто неостварливо? И сега кажи Заев барат нешто неостварливо? Не. Ај и јас и Зајко ќе сме трпеливи, можда Моничето и Никола ќе ни се јават. Ние сме спремни.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.