Море шутмангал еден. Ај сега кажи дека не сум во право. Ај сега кажи дека не се исплатит трпението. Ај врати се наназад години. Ај нека ти текнит Бранко ко беше премиер, ко беше мал, како викаше тој? Е не ти теквит де з`ш научени сте само да јајте гураби за сите. Тој тогаш рече дека нас ни е убо и дека во моментот немојме да осетиме арно ама ќе дојт време ко ќе го осетиме убото. И ете денес ќе се гласат во парламент и ќе го осетиме. Сите ќе си го осетиме. Секој на свој начин ама ќе си го осетиме.
И јас во прво време не му вервев. З`ш то ти е исто ко да се качиш на некоја манука денес и после некоја година да се истресиш, да си го осетиш убото. Ама виш така било. Само шо Бане, Љубченце, Кокица и сите други поглавици ни се качвет, а ние сме мануките.
Абре јас од него научив да бидам трпелив. Истите гурабии лично ти ги јадеше ко рече Кокица дека се воведвит едношалтерски систем и дека ќе требит време да се спроведит па ние да го осетиме од него како шо го осетвевме од Бранка.
Јас го осетив пред некој ден. Си влегов в банка и од 5 шалтери работеше еден. Е то е едношалтерски систем. На семафорот 82 бројка јас на ливчето 124. Абе какви пријатели сум фатил за тие сат и пол до два немат да вервиш. И кумство е договорено веќе. А јас имав време едно бабе да ми раскажит за нејзините 5 промашени брака. Замисли да ти имат имамо 8 деца побацено, а во поново време 4 абортуси.
А го запознав и Јоцо. Тој помлад од неа каде каде. 67 години. Играл како мал фудбал на село. Све ми раскажа за неговиот живот до пред влегвење в банка зш тој беше 88 бројка и од ко влезе скоро све знаев. Колку толку. Как да е дојдов на ред и фала му на двајца дечки помлади шо ме кренаа ко дојдов на ред така дехидриран и ме однесоа до шалтерот дури и ме потпираа дур завршив работа.
Ќе забораев. Јавно сакам да и се извинам на тетка Дуфка шо мојот дел од пиперките не го дољупив з`ш дојдов на ред. Праеше ајвар пустата да не губит време.. Уште нешто. Ак го читат ова еден дечко со долга коса и со она на носот….не ми теквит как го викет младиве…..абре шо се дупат….незнам сега….имаше едно ко катинар обесен на носурдата…е тој…само да ми јавит дал се зедоа со девојка му дур беа в банка ил после то. Ме интересират зш дур и помогвев на Дувка, ги гледав ептем се лапаа и се лигае ко песој под стрес. Можда пак Дуфка ќе ми кажит ко ќе се сретниме пак в банка ко ќе прајме слатко од сливи. Разбрана жена е та. Ме бендиса.
Ко шо е разбрана и ко шо ме бендиса Лиле Поповското. Абре жена карактер. Виде потег? Ги замоли сопартијците аман за аман да не ја кандитирвет појќе за председател на ДОМ. И аман луѓе немојте да ја кандитирвите. Кизнајт кај ќе ја однесит ионака однесената нејзина партија. Како е залетана со нејзините цврсти не променливи ставој, ако пак ја клает ќе морат пустата да ни бидит премиер. И ради друго ја ценам. Ќе го престигнит Бакулета фудбалерон кој имат напраено 11 трансфери во кариерата. Лиле став не менвит ама дресој и амблеми колку сакаш. Мислам, не сум сигурен, дека уште двоглав орел и фалит.
Мада мака ми е шо некако ми се повлеквит една од ретките луѓе шо стојат на својот збор. Арно ама од друга страна можда ќе се компензират на политичкиот терен ако како замена влезит Бучко кој исто така е од збор. Може шо од збор. Од два збора. Шо? Ар седи мирен. Каков “Маѓар Телеком“ какви “Тенковски делови“ шо будала си. Шо беше то?
Јас, шо имам памтење ко слон, шо остана за државава, извршниве органи или пак Заев или пак препоептемнајмногу што остана за Димитров та ти го клал на неформалниот списокот за амбасадор кај најголемине демократи во светот. Ќе си јајт “Мекдонадлс“ ќе си пијат “Кока кола“ и ќе си тушкат.
Абре остај то. Такви дела во држава ко нашава, на која денес ќе и го дознајме името, демократска да не речам НСРМ-овска и не велам НСРМ-овска, застарвет будала еден будалосан. Како ам. Ко од Љубча поштарон делото, ко….абре да не бројам незначајни потпрдални дела. Ама зато ој да те видам неплати за нискоградба една сметка од 80 денари. А? За некоја година ќе те распичет со 80 000 денари. Како ам. Ќе ја оштетвиш ти ова благодетна држава со неколкунајсет денари.
Евааааа….се распишав јас, а дошло 2 и пол сабајле. Одам да се бричам, во 3 да напишам некој статус на FB за плачење, да ме жаљате, а утре дотеран како бебе за вакцина да видам дал ќе сме уште НСРМ – овци или СНРСМ-овци. Как да е останвиме овци. Мада едно С немојт многу да менит. Или овци или за с`овци.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите