Вака сега. Да се зафатиме со работа. Јас земам телефонот ѝ вртам на Катето , а ти…..како која Кате бре. Па на Катерина од “Све за љубав“. Да. А ти врти ѝ на Боркица и да се договриме и да го напрајме сценариото. Онака македонски. Какво светски бре. Појаки сценарија од нашите немат не лупај ко Максим по дивизија. Викај го Зајко во екипата, а Обран ќе не чекат на аеродром Унгарија.
Прво ојт Кате кај шо е сместен го прашвит као “дал знајш кој сме, з`ш сме овде“ и други гомејнци, а тој ќе глумит, ко секош, дека е изнанаден. Го слегвит во барот од хотелот пијет кафе двајцата, Боркица му пријдвит одпозади и се спремат да го фатит за очи. Не не не…еден сат порано Зајко ќе е скријан под масата кај шо ќе пијет тие кафе. Ќе ти кажам з`ш. Мирен бе. Па ова 2 години го планиравме од ко планираше таа да фатит прашта со си македонската кауза во срцето. Зато не трчај ко прле пред магаре.
Сето ова го пратет 3 камери на терен и една во НСР(С)М дома му кај Мијалков. Абре биди трпелив ќе ти кажам шо и како понатаму во сагава. Значит една камера ја снимат Боркица во суратон, тука имаме албански камерман, една е насочена во глана на Зоне побегуља, да го прикажи во агро план, а со нејзе снимат црногорец. А третата со долен ракурс го прикажвит Зајко како глушец свиткан под маса и како трајт и ќутит. Ова го снимат србин. Виде? Како ам. Думам јас. Мораме сите да ги опфатиме шо се заслужни за овај римејк на “Сјај у траву“.
И сега пази, најбитното. Прво се фокусират црногорската камера во очине од Зоне ококорени ненаситни. Боркица му ги фаќат очите го прашвит : КОЈ ЕЕЕЕЕЕ? КОЈ НАЈМНОГУ ТЕ САКААААТ? Со неколку микса ојт српската камера на Зајка, нестрпливо дремит цело време, албанската на Боркица и црногорската директно во муцето на Зоне кај шо као незнајт и велит: Кракамишева? – НЕ. Гоца? – НЕ. Боркица амор ти дан си да не пукниш?
Во тој моент излегвит одпод маса, ко од америчка торта, Зајко, пукат ко прскалица за роденден, музиката пичит во позадина и Зале почвит: Све за љубав, све за љубав Мијалкову учиничу јааааааааааааа“. Се гушкет сите плачет, настанвит калабалак од солзи и лигајнци и пази, пази го сега крајот. Македонската камера го покажвит Мијалков, дома му, рикат во плач од солзи, станивт аплаудират и ја изговарат нај историскта реченица за Македонија, после онаа од Гоцета Делчев: “БРАВО ЗАЈКО, БРАВО НОВ БРАЧЕДУ, СВЕ Е КАКО ШО СО ДОГОВОРИВМЕ!“ И тука завршвит нај јаката сага, сага над сите македонски саги.
А? Кажи. Ар види го смири се не туку се мрсулај. Ти од раскажвење се искина од плачење, те чепна срцето. Ам ова ко ќе го прикажиме на “Пинк“ ТВ, а нејзе е гледат цел свет знајш шо ќе бидит? Хаос. Јас гарантирам дека одма ќе почнат да фрчат понуди за снимање за македонскиве актери и режисеров. Абе знам дека те чепна в срце, знам. Море Садам и Гадафи де беа живи ќе се истотолеа од плачење не јас и ти.
Е вака се прајт бре браќа македонци. Вака се сакат држвата. Вака се дупит народот. Пак го слушам Зајко викат и трвдит дека Зоне ќе се вратела и ќе лежела. Немој бре премиере. Немој толку мака да прајш, да го бараш, да наткреваш меѓународни пиздарии за да ја донесиш побегуљата за да лежела.
Ам ак веќе прајш донеси го да р`мбат. Не да лежит. Ама овај пат да го менит 11-годишниот курс ко р`мбаше здушно за државава и го дупеше народот. Овај пат нека р`мбат нек се теглит ама сам себе нека го дупит. Неговот газе да пиштит, да го пржит.
Мени ја та политика бре премиере. З`ш вака испадвит дека уште нашето газе пиштит, уште нашеточмарчуле не` пржит само пржачот е во друга паковка.
Плус то како да ти вервам дека џенем ќе го најш ко не можеше овде да го најш да му врачиш поканата за гулабарникот, а тој дома, мајка му го капеше и дур ѕвонеа куририте со покана за апсаана тие од тушот не го слушаја ѕвончето. Еве јас викам не си крив ти шо не го најде. Шампонот е крив. Мама уште го капит со “Бекутан“ шампонче, а тој пак пустинскиот многу пенит, пената му влегвела в уши и тој не го слушлал ѕвончето.
Незнам за другиве ама мене не шампон, 30 години вода ми влегвит во ушиве. Аман еднуш затворете ги политичките шибери з`ш ќе не удајте. Ак не пак кажите ние ќе почниме да затвораме. А ќе научиме од кумановскиот комндант Вентили.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите