Абе знајш како е пуста ова работа со колумниве. Ќе ти се мотет низ гла милијарда идеи и таман ќе се одлучиш шо да пишиш опаааа ќе се појавит некој дибек, во овај случај дибеци и ќе те клајт на слатка мака. Бар мене ми е слатка мака зш обично дибеците со својте постапки пола колумна ти е напишале. Нејсе подолу за нив.

Она шо јас сум среќен пресреќен во нашава држава или надлежните институции во НСРМ од петни жили се борет да се внимават во никој поглед во медиумиве, како печатени, така електронски да не се пласирет експлицитни снимки, фотографии или слично од областа на сексот. Како ам.

Зш види, да се видит гол гас или гола цицка на телевизија е страшно за малолетниците и по нивниот понатамошен ментален развој. Мојт да ги скренит зш тие не оти знает шо е то. Мојт на пример после то цела вечер, море шо вечер, цел месец да сонвит кај шо го бркет цицки кај шо го мавет, големи мали, свиснати, кренати. Алооооо знајш каква траума е то???

Или уште полошо….од една страна цицки од една газој ти насредина. Ти пукат цел нервен систем. Страшно. Е зато сум задоволен шо оние кои се задолжени за пратење на објавените содржини ова ревносно го прает. И ако се случит без внимание да се објавит ваквко нешто одма да се казнит. Ако е женско да и се скинит цицката, а ко е машко на компресор душата да ја дајт. Немат мрдање.

Арно имаме сега и дибеци. А терминот дибек мојт да се напикат во секоја бранша. Е сега, во последно време дибеците некако се сконцетрираа и се множат како гремлини во браншата наречена новинарство. За нив е најбитно да бидат според нив екслузивни, а за она шо ќе го објават посебно како слика или видео ич нити цицка нити гс ги болит и како све то делуват дури и на нас возрасните  камоли на малолетните.

Дали тие новинарски дибеци, кои прво со своето дилетанство ги срамет асалните колеги новинари, се замислија која ќе биде реакцијата кога ја објавија сликата на обесениот маж во паркот во Скопје? Алоооооо, да се објавит слика, видео од чоек кој до пред пет минути дишел???? Алооооо.  До каде ли ојде алчноста, наводните ексклузивности па да речам и парите. Ме интересират, тие новинари, од ко објавија то шо објавија, дали на фацата им беше развлечена насмевка во знак на задоволство, како да седат на крастајца, шо биле екслузивни??? Според нив екслузивни!!!

Се запрашаа ли како изреагира некое дете кога то го виде? Јас последно нешто такво имам видено во стариот вестерн “Дрво за бесење“ и искрено уште памтам дека се осетив ептем непријатно. А како ли само се осеќале децата и родителите кога биле прашани: тато дали е ова навистина или на филм, дали е Скопје, дали е……

А ако не им беше блажена фацата на “екслузивците“ гарант не им беше зш не го сумија покојниот ко ја праеше јамката. Замисли ако то го фатеа, како чоекот си стават јамка околу вратот па ако снимеа или сликаа како ја испуштат душата, на колку ли големо ниво ќе им беше сератонинот. Колку ли само ќе беа среќни тие безрбенитци.

И да …..ко се крена галамата ко бе исфрлени од парламентот, под дифолт, генерално се солидаризирав со нив. Ја сфаќав нивната мака, тешкотија во работата, борбата со слободата на изразување….а сега….сега јас сум изнервиран ако некој од овие кои објавија хорор во живо не биле таму, зш таквите заслужвет не да бидат исфрлени од парламентот….ама на клоци да бидат протерани од својата професија.

Па и како шо знает да се собирет да плачет за неправдите ( рака на срце многу ги имет ) така и сега нека се соберет бар оние, професионалните, искрените, правите новинари да ги прозивет својте т.н. колеги и еден по еден да ги остает да висет на било кое дрво, за да можам  јас и сите ние да поминиме па еден по еден да ги исплукаме шо моравме на нашите деца, нашите внуци да им објасвиме шо значеше то шо го видоа, а да внимаваме како ќе кажиме за да можат истата, а и многуте после то вечери да спијат. 

И сега се прашвам драги (ќе се гризнам шо реков драги) мои квазиновинари, бркачи на екслузивност, до каде ојде новинарството??? А пазите една работа. Не ви е прв пат. Да ве потсетам ли тогаш за бродот “Илинден“…колку ли само пати “екслузивниот“ Латас (дај ми линекс и еглонил) ја пушти снимката кај шо ја влечат девојката во црвен шорц? Ви текна во тие тиквите дека можит и мајката то да го гледат? Да ве потсетам на жената пред неколку години која беше изгазена од воз, а вие ( мислам дека беше А1) ги објавивте двете полојни од нејзиното тело?

Е вие траскате толку зелени, дури и закони прекршвите, а во моментов вас ни влакно од глата не ви фалит, за разлика од  нас шо со вас се појќе нерви ни фалет. Аллоооо ги брукате вашите морални колеги и ни ги збрлајвте 100 пати појќе децата со вашите “екслузивитети“ со   обесени луѓе сред бел ден , а не со голи цицки и газој. А незнам која е разликата помеѓу ваквите дибеци и педофилите кои се објавени јавно на интернет. Е па надлежни зафатете се за работа и “обесети ги“ ваквите.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.