Уште неможам да се соземам од плачење. Уф како сум потресен. Абе мрсулај, се лигај се како пес пред јадење и то оние со јазик од 30 сантими. Оние од Палома овај месец ако не земет ради мене К15 или 13-та плата јас еве на. Море то влажни марамици да се трошат….очивеееее наааа…ко кромид. А црвени црвени санќим Скопје живеам во смогон.
А како да не плачиш. Толку ми беше жал за Мирка ко зборвеше пред она комисијана срцево ми се стегна. Котка ми се напрај. Ми идаше да си ја земам дома да ја искапам и како домашно милениче да си ја чувам. Кажа жената, кажа да. Како била малтретирана, како страдала од предходниот режим. Оф мајко, стомакот ми се стегна, понадвор ми се одеше ама понатре напрајв. Ја разбирам. И јас многу страдав од предходниот режим. Чешел и шампон нигде ни за лек. Зато пуста Мирка……ете виш како ја осакати претходниот режим….и денес живејт како да e уште во претходниот систем…немат чешел и шампон. Шо да прајш. Трауми.
Ко го спомнав Скопје и смогон. Луѓето убо си кажаа. Седи дома не мрдај. Мените дограма, захефтајте се, надвор излегвење не. Ќе врвеле специјални единици, лавој, тигри или некои други животиње и со хеликоптер ќе им фрлале на Скопјани храна на тераса. И тие со боца кислород ќе си излезет да си го земет следовањето. Ама нормално све то ќе го пријавет до март во УЈП да бидет оданочени зш и то е игра на среќа. Ако излезиш од станот во Скопје баш е игра на среќа дал ќе преживејш ил не. Зато за секој случај на тераса ќе ја пуштиш свекрвати и ако рикосат не мрдај. Поарно гладен отколку пчејнца….не така? Незнам.
И кај најде во такво загадување Зајко да го посетит Скопје. И то без боца за кислирод. Алал да му е. Се руши од шетање низ велеградов наш. Колку шо приметив во делегацијата која го пратеше беа председателите на општинските комитети на СДСМ од Сарамзалино, Долно Дупени, Свирипичино, Паликура, Наколец….и други ептем важни личности.
Ми беше малку чудно зш околу него ја немат Шеќерка зш некако, можда сум глуп…. незнам… ми се чинит дека та е од Скопје, а не Зоран и дека та требит да ги придобиет скопјани, како скопјанка, а не струмичанец. Незнам. Мада колку имет какано СДСМ-овциве не требит да одат по населби да го убедвет народов во својата кауза, ами ќе морет да влегвет и по дневниве наши, дома да ми идет и то со понада. Незнам. Или Радуле немаше боца со кислород па зато не беше со него или пак детево не го биват за политичар. Пак незнам.
А ако не го биват за политичар имат решение. Ќе го пуштиме во новата градинка во Карбинци кај шо се удрија темелите. И да…се израдвав. Многу добар и стратешки потег ова со детскава градинка во Карбинци. Зш прво и прво цела општина бројт ни појќе ни помалку огромни 4012 жители. Како прво. А како второ од извори блиски на Биљана дознавме дека сите ореј, лешници и други јаткасти производи се пласирале низ Аргулица, Батање, Вртешка, Кепекчелија, Курфалија, Кучилат, Прналија, Таринци , Црвулево и други села шо спаѓет во ова општина. Така да на овие сите 4012 жители имат да ги манит сексуален нагон па да се распердашет и ќе се раѓет деца како печурки после дожд.
После то ќе се отворит поле да се купат многу коњи за општина Карбинци. Да, да баш така… коњи. Втор чекор ќе се градет стотици игралишта за поло зш колку знам јас бар 90 % ако не појќе во Карбинци се задоени со оваа аристократска игра. Можда сум во право можда не. Незнам…
Сретнав една ваква изјава…“ Оценката на управата за јавни приходи е дека даночната свест во Република Македонија е на високо ниво. Веруваме дека после акцијата на КАЗНУВАЊЕ следните години кога ќе го даваме овој извештај ќе нема категорија на граѓани кои не пополниле годишна ………“, истакна Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.
Казнување, казнување, ње, ње…..некако ми звечеше во глава. Ако една држава како НСРМ се потпират на просперитет со мерка на КАЗНУВАЊЕ, ЊЕ, ЊЕ…..незнам дал ојт по патот на демократија. И незнам зш, ама навистина незнам, ко го прочитав ова КАЗНУВАЊЕ, одма ме асоцира на книгата “Заборавете дека сте имале ќерка“ од Сандра Грегори, каде авторката помеѓу останатото раскажвит како поминала во затворот Лард Јао во Банког и го опишвит талјандскот правен систем. Прочитај ја …можда тебе ќе ти е појасно. Незнам.
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.