Мирееееннн….миреееен братееее пази шо зборвиш за коронава. Аман пази шо постираш на ФБ, пази шо какаш ко ќе ојш да купвиш г`с папир…Аман пази. Секој збор ти е клаен на вага. Е како зш. Сега со изолацииве научнициве не одат на работа и не учат све за коронава. Абре лајна да јајт СЗО. Тие ак немет вреботено семкари јас еве на.
Ете на пример еден да не постираше едно сознание, ваљда Сорбона имат докторирано за швајцер, јас уште г`зов ќе го бришев со г`з папир. Да бре. Па не сум будала да си го чипирам чмаров и да сум се попедерчел (извини ЛГБТ ова се негој зборој). Е сето то со цел да сме немале деца и пород и да не не немат. А појќе неее…си набавив лисја од ченка и терам работа.
Само едно не ми е јасно. Шо со жениве? Посебна хартија ќе имат ли за нив или пак чипот ќе препознават дека газето е женско па немат да се вметвит? Пак и јас нека пукнам нека изгорам за ова не го прашав ко го видов постов.
И све ќе ти објаснам не се секирај. Прво излези во дворов. Јас не ги поставив шаторите со по 7 ќебиња внантре дома да кисниме. А и ЕУ за то ни ги даде не за да земит сега некој да ги продават и да ќарит од нив. Ам по 3 за секој и едно резерва. Ар виткај се па ак сакаш пукни испотисе шо ак е температурава висока.
Си имат ЕУ стручњаци и чим тие процениле морат да се покриваме. Можда така се лечит коронава. Од кај знајш. Виткај се и ќути. Ќебиња добивме, а датум кај да е кај да е ќе добиеме. Можда со COVID- 23 Special edition. Само трпение. Не не крствеле предците: Трпе, Трајан, Стојан….па не сме од круша паднати. Ак беше така Крувчо ќе беше најчесто име. Не така?.
Се затутули убо? Е сега пукај прашви. Не те разбирам зш да не ти се јасни меркиве? Те збунват? Страшна работа. Убо си е кажано. Секој ден полицискиот час трајт појќе часа. Еми ето доживеавме и полицијата да не дупит. Да велит час, а да се сто. Е сега почвит секој ден од 7 навечер и трајт до 5 сабајле.
За пензнионерите и над 67 години, почвит од 8 сабајле трајт до 12 пладне. Па можат да шетет од 12 до 12 и 16 да кренат пензии, да купат јајца, да однесат кондури на крпење и да ме пљукет со балгами ко ќе им замерам дека толку ми се блиску застанати шо јазик да пуштит мојт да ме чепнит во вратов и да ме еректират. Посебно ако е бричен. Додуша би пуштил. Ама маскана му е на очи и не ми го гледат вратов.
За малолетните…имет дозвола за движење од 12 пладне до 10 и 30 предпладне. Не не…не ме разбра. Не до другиот ден. До истиот ама наназад. Е од кај знам јас како мојт така. Не една нелогична работа ни е кажана и ние требит да си голтниме и да се заштитеме.
Не се отцкривај бре ајаван еден. Дан те видит Столтенберг па НАТО немат да ни дајт навлаки за ќебињава. Ова сакав: Една работа ме израдви со ова коронава. Незнам шо кој стапот ние се матиме со туризам. Дал виде колку дозволи се дадода за змејоделци индивидуалци?А? Абе требеше коронава да дојт ние да сватиме дека не сме туристички град, дека од туризам мојме само вошки да фатиме?
Аграр брат аграр. Каква Струмица, каква Гевгелија. Охрид. Не е појќе Охрид град на УНЕСКО, град на ЗЕЛОВО. Зеленчук и овошје. А види ги исполнвиме сите услови. Години сме истренирани за копање по туѓу животи, дневни, спални, истории, кодошење….да бе. Ете за копање во почва нека се варошани.
Шо? Абре ти си бил не образован. Проблем била мелиорација и збогатување на почвата? Как да не. Види вака….покри се со ќебето…шо требит на земјата да и се прајт за да родит? Абе то “земја“ как сакаш сфатија и како Македонија ама јас зборвм, за земја како почва. Така брате…гној. Шо е гнојот? Така, мојт да се речит и измет и лепешка, гомно или во последно време од ко добивме преговарачки статус устален е терминот: арско ѓубре. Е така. И то се користат разни ѓубрина.
Е сега кажи ми, ама искрено…дали ти познаваш земја шо имат појќе ѓубриња од нашата? И ај покри се!!!
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите