Виде виде? Ти реков јас дека бадијала скокавме 11 години. А? Значи не било то крадење на Зоне, Мицко и другарите. Виде? Пак прај шарени, марени револуции, пак ова пак она. Само да знам кој ја донесе НСРСМ во заблуда та народот така го излажа. Одма да се прекинат сите судски процеси против најновите спасители на држaвава припадници на фамилијата на Мицко, под хитно да се пратит авионон од Трапмета и Зоне да се донесит во држвава од Унгарија за да ја пресечит лентата на првата сољара шо ќе ја отворит Мицале.
Да бе. И не само сољари…чoекот ќе градит и пекари. Како ам. А јас ќе му станам побратим. Ми ги отвори очиве, ме отргна од маглата и заблудата сиве овие години. Очиве ми се отворени наааа како кромид и сега знам каков политичар требит да ме водит. Баш ко Мицка. Баш ваков сољарник и фалит на НСРСМ.
Па кој досега се понудил да седнит со народот и да јајт леб и сољ како шо напрај Мицале? Абе знаев јас уште ко клекна на колена тогаш дека овај е народен чоек односно чоекот за народот. А ја пуштија она порно песнана…..колечинечееев јас пред тебееееее и со солзи во очитеееее….одма ми ојт умот на Мицале. Само незнам од каде солзи во очите.
Малку ме бунит зш купвеше и градеше централи наместо сољари и пекари. Ваљда тактика. Дури јас и имам предлог….кој онакво да го чекаме 12-ти април. Абе на невидено победата и данк сољ и погача на маса со спасителов во рамките на проектот “Пенис ти е двор ти е а г`зот чаршија“.
Добар потег за напред на држвава. Е такви луѓе сакам јас. Додуша и тој и Зајко влечат јаки потези. Сољот и то шо Боки е уапсен се два прави потези и мојт Макрон сега да се извинвит зш ни рече ЈОК за во ЕУ. Боки да ти бидит главниот шо државава ојде јабана. Никој друг. Држте го чоекот нека скапит в затвор. Јас одма осетив уште ко го притворија дека некако полесно дишам ко да ми олесна и во градиве и во меов. Незнам како да објаснам….абе ко сите во државава ко да се испосравме после капс.
Абре баталете и Ката и Кически, Орце…..Боки е крив и никој друг. И одма да се укинит домашниот притвор за сите и да се манит обештетување. Зш не е битно шо сите фукаа пари битно Боки ги земвеше и има даваше. Како? Как да не. Как не бил и Орце крив. Е од кај му биле миљоните шо ги броеше. Абрееее алоооо….чоекот како сингерица, како манијак скенираше фискални и си дојде време сега да му исплатат 15 % од 7% од 2% од процентот на процентулниот дел на ДДВ. Пак не скенирај де. Оп Орце в џеб.
Да не речам му наредвам ама ај…….мораш Зајко сега да му помогниш на Уставниот суд полесно да амнестират еден фикус кој бар вода да пијаше, туку народов го испи заедно со Зоне, кај ојде не посра како држава. Абре и Хорхета и сите, Зајко да ги ослободиш, ко да не паднаа од власт ради цицање на народов. Пак овај глуп народ одма заборават и на некој шо ќе дојт на власт одма нааааа цицката, цицај да би цицка тиспила. На. Голтај. Не само брадајцата абре цела цицка акнија в ждрело. Ко маторици да сме, ко да имаме 12 цицки.
Изгледа зато Зоне го форсираше народов на проектот “Трето дете“. Шо појќе луѓе појќе цицки. И математички и логички во ова држвава.
Ќе забораев уште една работа. Шо бидна со бројчаникот? Не велам дека не вртит. Можда јас немам приметено, а тој вртит како прополер. Да не грешам душа. Не знам. Е сега ако вртит, а скоро сум препоептемнајпосигурен дека вртит, неморат на народов да му вратиш пари. Дај му ги на Сољарникот да прајт сољари и пекари. Или заедно напрајте ги.
Е уште ова да го исполниш од програмата мислам дека ќе напрајш услови мојот проект да заживејт. Немат потреба да се чекат 12-ти април. Бар да беа закажи изборите на први април, а вака…..ама кај да е. Кај не ошло. Сољ, сољ.
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите