Бре бре бре. Од  ден за одмор ми се напрај најработен ден во неделата. За недела зборвам. За малку не ќе стигнев колумна да напишам. Ко ти викам. Се убив од перење гашчи да би без гашчи шетали овие од комисијава за енергетика. Абре светло не ми се палит ми идат со кандило да седам по собивe да би кандило на свадба им светело. Немам обичај да колнам ама….Ај шо уклучив четири машини за перење, ам знајш колку имав за на рака? Тииииии. Ам гашчи не ќе редам во машина. Моја рака дур не ги истрзат не ги редам на газов мајка Јана да е.

Па прво да ги извријаш. Кога? В недела. Ни ја скинаја и дневната ефтина да би црево на срање им се скинало. А ги вријам обично во тенџерено шо прам губи, ама се насобраја од цела недела и морав во тавана за ајвар. Ќути шо имам. Зш гледам од комшивкине немет и морет по печес тенџерина да вриет. Јас наеднаш. Ај да ги извријаш, да би мозокот на оние од регулаторна им извријал, ај после трзај на рака со свински сапун. Абе секош јас то си го прам ама сега ко менаа со струјава све за недела ми остана па ко чукнат работи цел ден да би камбана споро им чукала. Немам обичај да колнам ама….

После дур испеглав….цела планина ми се собра да би кожа на младост им се собрала на оние од регулаторна. Па ајде цела фамилија да се искапит ам шо не бевме сами ами  со гости….не бевме многу додуша само тетка ми од Австралија, со брачеда ми и брачед ми , внучињата, додуша мали се , седум се и ниедно не е постаро од седум осумнаејсет и….и домаќинот последен…..да би последен на ред за леб биле оние од енергетска. Абе немам обичај да колнам ама….со ладна се капев и ко се депилирав смрзнав, се напрајв како свинско црево, да би ремења од цревата има праеле на оние од регулаторна, абе да дајт Господ во аптека да се хранет, да би со очите нивни децата били им играле да би, море пролиф на раскрсница да ги фатит, да би прднале на родителска шо ни напраја веќе со струјава абе Господ златен струја да снемат ко ќе се на апарат за реанимација да би….абе нејќам да колнам…ама….

Ам се збеснав. И ми се чинит ќе пукнев ко вошка ак не ме смиреше веста дека денарот бил стабилна валута и немат да паѓал. Е сега искрено јас не мислам така и не само шо не мислам ами проверив. Зедов еден денар го кладов на пенџере и гледав шо ќе бидит. Стварно едно време не мрдаше. Ама не ојде некоја секунда не само шо не беше стабилен ами ко се нурна надолу ела види го. Отпосле отпосле ама ко се залета падна со таква брзина шо не го ни сумив нити го видов кај падна. А ќе излезев да го барам ама после се предомислив. Над мене имат туристи и душичките уморни неможат да слегват до долу и под пенџере подфрлвет по некоја љушпа од пиперки, пол кило до кило пикавци, трошки од леб, љушпи од салами, пластични шишиња,  по некоја влошка…..Мада тргнав да ѕирнам кај падна, кај пропадна денарот ама едно моменце почна да повраќат одозгора  и ај реков  да не и сметам. Зш глупо ми беше ќе испаднеше дека и се ситам.

И искрено ми остана т`нк на душава шо ми пропадна негде длабоко денарот. Едно време се сетив да му се јавам на Банета да го викнам да ми го спасит, зш тој велит дека ко ќе се вратит од све мојт да не спасит, или неморат да е тој, нека е било кој од СДС ама немојш за викенд од нив да најш некој. Ги напиквит во автобус и тук ги шетат низ Независна Самостална Република Македонија за викенди. Еф сега беше во Крушево од неговите појќе имаше од Охрид и другиве градој отколку Крушевчани. Дал луѓето беа на кај Охрид дојдени, дал пак и нив им падна денарот па го бараа незнам.

Нејсе как да е. Важно им оддадовме почит на паднатите борци од ОНА. Е то ме радвит. Вака се градит демократска држава и се работит за соживот во една проевропска и пронатовска држава која чекат дата за предпристап на предпристапот шо е за предпристап во европрединтеграциите. Ме бендиса многу чинот. Се осетив некако горд како македонец. Додуша јас не бев не им се поклонив, немав време го барав денарот, ама се соживеав со чинот.

И не требит на ова да се застанит. Морат да се преземат и други чекори на нашава власт, та да е иницијатор за шо појќе да се зближиме сите. Едно да станиме. Например да се организирет Љуботенско – Карпалачки средби на семејствата на паднатите борци на ОНА и на АРМ. И то да си е традиција. Убајна. Па ќе си сретнат децата па ќе си го запознает детето од тој шо му го убил татко му па ќе си игрет и така.

Дури мојт да се напрајт и фестивал. А? Ионака цела Македонија е фетсивали. И то да учествувет децата на паднатите борци и од ОНА и од АРМ и мојме да го крстиме…на пример…“Златно куршумче“. А? И да си е со сите шартој. Да гласат жири комисија во која  ќе си имат почесни членој и то одбрани од сите шо се заслужни за создавањето на условите за организација на еден ваков фестивал. Морат тука да ги клајме..пример викам….Љубчо, Бучко, Бранко, Коле, Али Амети, командат Хоџа, па и по некој американец да имат….а председател на жирити да бити Хавиер Солана. Кај шо го спомнав. Него ко да не го видов да се поклона на споменикот. А? Тииии како заборајле да го поканат. Зш тој морат да е покровител на сите вакви манифестации за зближување на народите и народностите во НСРМ зш јас колку шо разбрав тогаш, тој беше главен режисер на претсавата кај шо паднаа и од ОНА и од АРМ. А? Ил грешам?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.