Никогаш. Ама никогаш не сум ги мрзел грците. Зш да ги мрзам? Немам причина. После види… не е коретно да мрзиш некој некадар. Абре дури почнав и да ги сакам. А после ова шо го прает за нас ги обожавам. Ак те лажам еве нека пукнат сите политичари шо не соголија овие 30-тина години. Вид виделина да се невидет.

А љубовта во мене за индијанциве….ева кај ојдов…..за грциштава можда некако ние вродена на сите нас зш можно е да влечиме некои заеднчки корени како држави. И тие се поранешни и ние сме поранешни. Е како така. Па така Поранешна Турска Република Грција или ПТРГ и ПЈРМ или Поранешна Југословенска Република Македонија која подоцна се најпрепоептен разви во НСРМ. Е пусти Кунта Кинте кај не ќе го најш.

Ама ова сега….ова шо го прает овие од од ПТРГ за нас, за развој на нашава држава? Е немојш да не ги обожаваш. Сите туристи шо им се вишок кај нив ни ги тапосвет нас. И то дневно ако требит и по 3000 души. Ваков наплив на туристи и развој на туризмот сме не немале во нашата предолгогодишна историја. И како сега да не речиш дека ова година е најуспешна туристичка сезона на ПЈРМ потпомогната од страна ПТРГ? А?

И ние одма како добри домаќини им се заблагодаривме на грценцана и полека полека ги прифаќаме новодојдените туристи. Како ам. То ни е традиција. Ај сети се пред 14- тина години србите ко ни средија да примаме туристи од Косово како им се најдовме. Дури и Ричард Гир го донесовме ради забава нивна. Е овај пат незнам кој ќе го донесиме, ама тој некој дур дојт ние се спремивме, кладовме бодликава жица и уште ќе приклаваме и наредивме кордон на полицајци по граница. И види шо ме бендиса. Како туристиве влегвет одма добивет гратис масажа. Абре домаќини си се домаќини.

Плус то полицајци морат да имат зш дур дојдет оние спасителине за давење мавење ова она некој морат да пазит на нив. И сега ај кај им посаквиме добре дојде со по некој пендрек, зш снемало локуми Гевгелија, туку нормално морат и ние да ги поткрениме цените на услугите па да чапниме некоја екстра пара. Не така? Одма од македонски железници рекоа дека ради зголемувањето на трошоците картата за туристиве нови шо милно ни ги праќет премилниве за нас сакани грцишта (да би од банкрот никош не излегле та нас не пречекале таму зш како сме тргнати…) се креват од 338 денари на 600. Молим лепо.

Ова е заради то шо ќе се возат во кушети, секој кушет ќе си имат свој ќенеф, па месингани тушој, лајнана на железничка ќе ги поркиеме со станиол а тој коштат, мочателната смрдеа по ќошојне ќе ја попрскаме со ливанто, а и то коштат, и да не набројвам сега све шо прајме да се задоволни и пак да ни дојдат. Здравје Боже ако дајт Господ до година и од Ирак, Иран море и од Месопотамија да ни дојдат.

Абе како си врвет господски тие си знает. Одма им се најдовме во све. Точаците им ги продаваме за 1000 еври. И то пази точак кој седвиш на него не вртиш педали, а тој си ојт ли си ојт и ги носит туристиве директно в дуќан да си земет вода од цел пол литар за 50 еври. Јас да молам мене толку ефтино немат да ми продает точак. За тие пари јас во државава можам да купам само бинек.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив