“….не си го продаваааајјјј Кољо чифликооооттттт мама не ме дава…..“…Гаси бре то радиото абдал еден. Мени песна, мени станица. Ко шо му се с`снале на Груја со политички прогон ќе мислат дека за него пејме и го прогонвиме, дека сосила го тераме да не го продават чифликот. Демек апелираме. Додуша кој како ќе сватит. Не си начисто. Ак речиш да не го продават ќе ни заржит Зајко: шо, вие мислите немат да ојт, та чифлик ќе му требит, Катица ќе му го зејт…“

Ак речиш пак да го продајт ете ти го на врат научникон Мицале: опааааа вие сте со Катица Златица и Зајко Кукурајко, сакате да го акните апсаана зато му викате да го продават, демек не ќе му требит, демек ова она….Абе никаквата е во ова нашава НСР(С)М….ми идет еднуш за секош да си запејам: џолееееееет џамееееет миченннннн пушкеееееен

И ак сакаш да знајш бре мачен е. И жртва е бре. Чек ф`тнав. И ак сакаш да знајш бре мачен беше. И жртва беше бре. Ам шон зеде ти да нарачвиш шамари, да зборвиш онолку по телефон, да псујаш све живо и диво и мама да да му ја најебвиш?А? Шон зеде ти а се пазариш и ГУП-ој и ДУП-ој да преправаш да видиш шо мака е? Ој да те видам руши онолку згради ко тој шо рушеше па кажи мака е или  задоволство е. Па чоекот шо сработи не е ни чудо шо му течеше низ ногајци.

Пак ај сега ќе го судиме зш си купил мерцедес, ојдени едни. Јас да бев ко него после толку мачна работа ќе си нарачав Ербас А380 и то само со едно седиште сам да сум. Никој да не ми сметат. Не. Со две. И Милета че го земва со мене да пичкарат да пцует. Како ам. После толку макотрпно подјебавање на народов ќе си се почастев. Ак требеше и на Хорхета џааааанк машина за дрва сечење  ко шо го личит ко председател да си се возит. Е не че штеда че го еба.

Абе злато чоек е. Море ред солзи ред мрсуљи ми водопадирет ко ќе ми текни ко рече: “Ќе ме барати вие мене, ќе видите“. И да знајте веќе почнавме да го бараме. Само незнам дал во Сингапур, дал Малта, дал Русија…..ех пуст да би пуст останал животов кучешки. За некого дојде животот за неkого прогонот. Некој душата  ќе ја собират некој стапот ќе го топорит.

Еве на пример….и за државнава администрација дојде живот. Како ам. Абре луѓето ќе си се раскомотат сега со новиов проект, 22-17-12-10. Сега седат по 22-ца во една канцаларија и здравје боже за 10-тина 15 години само 10 ќе се во еден потрпдалник. Зато и проектот се викат така. И ќе се изведвит паралелно со прокетот 10-12-17-22. То значит дека оние шо произведвет во прво време ќе почнет со 10 работни сати дневно па здравје боже потака ќе си имет 22 работни сати за да мојме да го оствариме првиот проект. Абре уживај си. Знајт премиеров Мијалков шо……море шлајфонка ц ц ц ц…..знајт премиеров Заев шо прајт.

Ало. Ало. Ар ме слушаш ти? Аааа тука си бил. Реков дан исклучи. Шо? Оф мори мајко серко еден. Од шо се плашиш? Ти бре ко Свирипичино да живејш и то на периферија кај шо немат ТВ сигнал. Ам не виде дека сега си ја имаме ОТА?

Ар агенција е та. Шо си туристичка во глата. Агенција за следење…..чек бре да се до искажам. Вака сега. Јасно е ко ден. Значи фактички ОТА ќе бидит контрола на УБК. ОТА ќе мојт да уклучит да те прислушкувет а УБК ќе те прислушкуват ама немојт да уклучит да те…чек…..УБК ќе те , а ОТА ќе….вака сега….ме збуни. Значи ако ти на шефот твој му ја којш жена му, тој пишит до УБК. УБК ќе пишит кај ОТА и та ќе стегнит прекидач за да мојт УБК жена му на…ама не ќе мојт да…Како?

Не бре. Какво пратење на Бачев каков бутур туку….Еваа и Јанко незнајш кој е? Абре онај шо беше кај Сашета шо го нападна дека е предавник и дека се продајл на запад. Аааа грешка си. Не е вистина дека Јанко Алексеевиќ Бачин имат 15 станој. Имат помалку. Неколкунаесет. Како? Е и ти се посра сега. Не во Холандија. Родителите на Јанкета, како шо знам јас, коските од работа ги остајле во Новосибирск, Омск, Краснодар, Казањ и други руски градој, зш и на нив како и на Бачин Сергеевич им се повраќало од запад.

Како? Пак стреси зелена. Каков напад, каков безобразлук, каков национализам. То беше перформанс на Бачин и другарчињата пред домот кај Сашета. Нормална појава за овај про….пропојманемат и тој расположен исконски македонец, поштен, не помидлив, да не речам македонски домородец со другарчињата. Сега дал е македонски не знам, ама домородец е.

 

ЏИМИ

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите