Абе алал да и е на Теута Арифи. Богами. Ти пишам од Тетово. Како ам. Ај да потповторам и ќе ти објаснам зш ревносно сум фрлен на…….. komandë (повелете), se si të ndihmojë ( како да ви помогнам) …тииии како ми ојт…. ky është gazi im (ова е мојот газ )….брееее растурам…. Unë kam vazelinë ( јас имам вазелин )… tani përhapur këmbët e mia (сега ќе ги раширам нозете)….

Пооо партали прам. Не се чуди. Ќе се прекрстам во Ѕими. Зедов тетовска лична карта за да учам албански….даде Теута без пари да научеле Македонците за поубо да се разбереле од државната администрација со Албанците. Е сега шо барам Тетово ко сум од Охрид. Ам море зеленко….не мојт кај комшијата мечката да играт кај тебе да не дојт. А мораш да знајш. Абре морат на све да си спремен.

Замисли да не знајш да прашаш за вазелин. Ам тебе ќе те болит. Полека цела НСРМ ќе морат да знајт Албански. Е тогаш ние ќе даваме без пари курсој да се учит македонски. Ете во контекст на ова ко видов на Макс Тв дека уклучија уште два канали филмски со албански превод се нафрлив со бубуљици од радост. Зш сега се напраја 12 вкупно. Учи колку сакаш. Мада уште некој фалит за 25 % да се ама……

Не ко професорине од пленумон. Им дојде Никола и занемеја. Све шо кажаа пред то го забораја зш се силни многу. Ги остаја студентите на цедило. Да не речам се посраа зш не е убо така за доктори на науки и остало. Ете чоекот им рече ако не сакет во хотел можит и во собрание.

Е сега реално по пат дур одеа кун собрание им пристуде и на Ванкоска и другарчињата им се примоча зш зима, а по пат некој им кажал дека клозетите во собрание се затворени зш имало премногу срања мината недела во собрание де и измислија причина да не му влезат на Колета да дискутирет. Не дека немаа шо да кажат ама ете кутрите дома сакаа да мочет а пред собрание се постраа да не речам.

И така измените на законот во образованието се донесоа во 3 сабајле. Мораше така за шо побргу да се стопират реката на неспремни завршени студенти кои утре ќе ни ја водат држават, а појма немет шо работет. Мада искрено реформите се започнати уште ко почна ДУИ во власта да се мешат. Пардон….не да се мешат. Да придонесвит за ревносниот развој како во економска така во политичко-социолошко-етничка смисла.

Уште тогаш промените налагаа да не можит кој како ќе му текнит да станит директор. Пример…како можело да бидит директор да речиме на Македонија Чатпат сообраќаен инженер кој појма немат од проблематиката. Слаткар данк. Како ам.

Или најдобар пример…..за да си министер за одбрана требит да имаш бидено командат на нападот за да знајш како да се одбраниш од тие шо напаѓет. Како ам. Логички бре луѓе. Еве на пример јас предлагам за борба против проституцијата на чело на одделот да се клајт курвана А…. од Битола. Све и е познато. Секое дупче и колче. Да бе.

А потврда дека имаме некадри кадри е и монологот ли беше, монодрама ли беше, какање ли беше….не знам…на преставникот на Weibo group за НСРМ. Јасно кажа чоекот дека бил изненаден од интервјуата за кандидати за работа дека појма немале од темите шо се разговарало.

Насекиран за НСРМ. Алал да му е. Дури рече дека ако не се напрајт реформата во образованието и ако не се полагат државен, екстерно и други рабоќе ќе морат да се увезвет кадри од странство.

Ко го рече ова мене здивот ми застана. Си реков дан ја објавит или поточно дан го објавит високото платиште странците шо ќе го земвет во НСРМ, негде скоро над 200 еври, та овие да нагрнет….леле мајко. Не за друго како ќе стигнет ко сме завеани со снег.

Уф ќе забораев. Ќе морам да тргнам. Спремив све. Чај, ѕиври, капи, костени печени, ченки варени, батерии за мобилни, гс папир, влошки и други непоходни работи, дури зедов под наем и тезга и пичам Извор. Најавија и за денојве наезда на турсти со аранжман од по 40 сати и Стража и Кичево и Извор. Одам.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.