Се сетив на еден модул  од многуте душебрижни семинари според кој на одредена тема има поделба во две групи.Тогаш во табела со две колони запишува секој на своја страна зошто е за или против(темата).

Не верувам дека постои став,мисла,идеја која на ваков начин не би можела да биде третирана. Но сега следи поентата двата става се во право(придобивка од западнатадемократија). Свесна дека вистината не е невистина,дека правдата не е исто што и неправда не се помирувам со таквиот заклучок и упорно бранам еден став. Неодамна напишав на еден господин дека сложувањата и разликите за некое видување бараат длабина на мислата и силина на аргументите но простете ќе се обидам.Поставувам посредно прашање: Кога започнува животот?Односно директно “Дали абортусот е убиство или не ? Ајде веднаш поделба во две колони. Но јас ќе ја застапувам само мојата страна на табелата.На неа пишува “Овде има место за оние кои велат НЕ на чедоубиствата.Не фаќа ли амнезија или не сме научиле дека најголемата органела на еукариотските ќелии е јадрото(лат.нуклеус) А во   него се наоѓа  ДНК односно гените.Тука е запишано што треба да направи клетката за да го одржи својот раст и развој.Со спојување на машката и женскатаклетка е шифриран човек на кој не му преостанува ништо друго само да расте.Вистина е ,и тоа од самиот почеток.За што се работи тогаш кога и даваме на жената право наизбор? Се избира боја на блуза или пантолони а дете се раѓа или убива.

Можеби вистината боли но…Операцијата на црно и ставот дека откако ќе заплаче детето е живо, го променија современите ехо апарати(денес имате слика од сопственото дете уште во утробата)Во добро опремените гинеколошки ординации можете на апарат да го слушнете чукањето на срцето на 18 тиот ден од зачетокот.Во 5-тата недела (месец дена)се распознаваат нос,образи,прсти.Во 6-тата централен нервен систем,бубрези.Во третиот месец читајте добро отисок на прст (свесни ли сме што значи тоа)На екран може да фатите дека тогаш детето си го цица сопственото прсте.За сето тоа време абортусот е
дозволен!!!!

Пронајдов податоци за американскиот гинеколог Бернарад Натансон кој имал направено 60000 абортуси но веќе 8 години не ги прави. Негов е документарецот “Нечујни викотници“ (значи снимил документарец). Во него е прикажан абортус во 4отмесец. Накратко. Детето прета во мајчината утроба,абортерот со инструментите се приближува , истекува плодовата вода а пулсот на бебето се искачува од 140 на 200. Се распарчува  плодот и дел по дел се извлекува. Снимката го прати отворањето на устата на плодот кој како да сака да викне,да вресне не ме убивајте! Но завршува како отпад во канта фрлено покрај најдолниот смет(прашајте каде ги фрлаат)До каде оди човечкото лицемерие?

Ако некоја жена очајно сака да го задржи бебето, а и се јавиле компликации сите се растрчани да и помогнат.Во истата болница во истиот месец на бременост друга жена се поддржува да го убие сопственото дете. Се дрзнало тоа да ја ремети нивната матерјална состојба,конформитет,амбиција,саможивост.Ако ја советуваш да го роди па нека го даде во дом ако не може да го гледа ќе добиеш одговор дека тоа не може, бидејќи го сака, а да го убие може. Лицемерие,лицемерие му има ли крај.

ДАЈТЕ ПРАВО НА ЖИВОТ!

Во денешно време луѓето повеќе сакаат кучиња одошто деца (немам ништо против кучињата.)Се ова го напишав од лично искуство.Јас имам пет деца .Го изодев патот од едно довторо до трето…И можам да кажам се сака едно но уште повеќе две и се до пет.Само ја умножувате љубовта.Не е се идеално но е посебно.Секое од нив е единствено со сопствени карактеристики. Те радува и НЕРВИРА на уникатен начин.Често си велам денот да трае 240 часа повторно ќе остане нешто за утре. Јас и маж ми може да се пофалиме дека бракот не ни е монотон бидејќи по транскрипција моно е едно а слава Богу кај нас е секогаш поли. Замислете ако еден ден моите деца имаат секое по пет свои деца па да ни дојдат на гости 25 внуци. Кој автомобил е поубав од таа глетка? Кое патување поисполнето од таков џагор ? Која функција мерлива со нивната игра и смеа? Сте виделе ли дете на спиење?

Тоа е парче НЕБО покрај вас.

проф. Ирена Чакареска
(Гимназија – Струга)
[email protected]