Море море неорганизирана држава. Па па па. Ова ни било, ни ќе бидит. Толку бре ич да не те болит за, толку да не ти дремит, толку да не си го есапиш твојот народ…. јас не знам. Сега не знам дал да се љутам на “Проаква“, дал на “Нискоградба“, ама бесен сум како пес. Абре како можевте така бре „цело село горит баба си ја чешлат“… Како можевте?
Нè остајвте ко песој сами и не ја сработивте основната работа за која сте запослени. Добро шо мислевте вие, јас сам ќе си го заштитвам сатон за вода, дека сам ќе виткам со ќебиња доводни и одводни цевки? Срамота. Не приметив да влезите во ниедна куќа да го напрајте то. А фино лепо по медиумиве кажаа дека нè чекат поларна зима. И сега очеквевте јас како слепец сам да си го заштитам сатон мој шо ми е дома од мојон умивалник да го виткам со крпишча глупости, та цевкине в подрум за да не пукнат? Срам да ви е. И немој да кажвите дека ние како народ не бевме спремни за поларната зима. Еве бар за мене и за комшијана можам да тврдам.
Тој преседа цели два дена на тераса да дојте да ве пречекат, ако требит да ви помогнит за сламата шо требеше да ја носите да му го завиткате сатон дома му, а вие никој. Нити бар присмрдевте пред куќана негова. Јас лично со клучон од подрумон мој пред улаз окапав да ви отворам за да ги заштитите цевкине од доводон за цела вертикала од зградана. Абре пингвин се напрајв, котки мадињава ми се напраја, да се мадосале и синосале.
После ние како граѓани сме биле неспремни, неорганизирани и несовесни за имотите наши, за станојте наши, за безбедноста наша. Пак еден ми велит од водовод, шо сакате, ве предупредија на телевизија да преземите активности за заштита, идат поларна зима. Му викам, море шутрак еден, не нас, не мене, ами вас ве предупредија вие да ни ги преземите тие активности шо се наша обврска. Свашта.
Вакви глупости најмногу ме нервирет. Абре ко ќе си преземиш обврска спроведи ја бре. Или пак ако ми ветиш нешто дај ми де. Како ам. Еве за пример да го зејме Али Амети и рамковниот договор. Си ветил бре брате нешто и преиспитај се дали си исполнал. Зато не туку му се љутите на полиглотниот генерал ко ќе речит : „Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи, па и менвење на химна па со то и устав“.
И сега овде шо не е јасно? Шо е безобразното шо нашите партиски … лидери де, заради кое не би прифатиле, та едниот та другиот, за да напрает рамноправна коалиција. Па луѓе и време е да мениме устав. Ние не сме закржлаена држава од третиот свет како Америка кои немет менато устав 500 години. Не така? И ќе се дебелеле. Па ќе пукнат еден ден во меојне ко имет стар устав.
Друго. Шо е проблемот албанскиот да бидит рамноправен со македонскиот јазик. Со то конечно ќе се изедначиме. Зш сега поважен е албанскиот. Кај да појдат дел од албанците зборват само албански и велет „не разбирам“. Рака на срце, на заболекар зборват хинду македонски дан му извајт забарот друг заб.
Само малко ме чудит ако се воведит ова шок Али Амети како ќе научит на стари години македонски. А морат. З`ш во новиот устав ќе немат ставка “че пукам“. А плус то мојт на пример да му текнит во платформата да клајт дека сакат и премиер да е. Премиер викам. Пример…викам…премиер. Мада уште една работа е заебана зш Зајко ќе требит да го менит бизнисот. Досега имаше „Оранжерии со крастајци“, а ако поминит овај манифестов од борецов за права ќе имат „Oranzheri me kastravecë“
Мада ако дојт до ова и Зајко и Коле ќе се снајдет дал крастајци, kastravecë, дал тикви, дал ќе одгледвет нешто во Филаделфија. А нас во секој случај ќе останет старите крастајци од Залета или пак бинек….под услов да не нè снемат од Уставот.
OhridNews
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите