Не знам шо да речам. Цреп шутаре прекарвит. Или пак курвата и велит на курвана: Кај си мор курво. Мислам некако недоветно. Да бе. Двајсет години се претервиме името да не ни го менат, а ние се ашикосавме да мениме имиња на улици. Додуша малку ми олесна шо рекоја дека само на 8% од улиците ќе се менвело. Не појќе. И незнам зш толку паника и да се менат и 100%. Не така?
Па Боже мој јас си имам моја влада, си имав додуша неколку и секогаш под дифолт све шо ќе предложеа сите, прифаќав. Како ам. Требит да се имат доверба. Ваљда луѓето мислеле и мислеле како Добромира и им текнало. Секоја одлука требит под автоматизам да се онадит. Така и одлуката за промена на улиците. На пример кој такво ќе ни е улица на Хо Ши мин.
Некогашниот комуњар од Виетнам. И на крај краишта кој го знајт него ??? Пред некој ден ни рекоа дека имаме имиња на улици за кој ништо немојт да се најт на интернет. А од друга страна например еве кого да прашаш која е Веселинка Малинска одма како пушка ќе ти одговорит дека……јас знам де…..Малинска била…..она бе….чек гугл….а да….за неа имат цели три реда на Википедија. Зато јас чуди се децана мој кој се родија наместо мама и тато зш викаја….Веселинка…Виш.
Абе шо ќе ни се руски раволуционери ко мојме да клајме улица од Марко Вафијадис. Да бе. Грк. Па шо. Ама тој како и многу други од листата за нови улици имат придонесено за развојот на Самостална Независна Република Македонија. Да бе. Е сега и тој бил комунист ама не руски. Грчки. Дури чоекот толку многу ја сакат Македонија шо ги негират разговорите со Јован Попоски, нешто шо му било предуслов за да се вратит во Грција после 25 години прогонство. И на крајот да станит пратеник на ПАСОК во грчкиот парламент. Незнам вас, ама нешто овде мене ми мирисат…нешто како некој да му прај на народецов наш нешто од областа на сексот. Вака викам зш воопшто не е културно да речам дека некој ме дупит во здрави очи. Глупо е такви зборој во една колумна да се клает. Не така?
Или жити леб кој незнајт за Уле Ефенсон Јенсен, поранешниот министер за надворешни работи на Данска кој ептем придонел за меѓународното признавање на СНРМ. Толку многу придонесе за то шо се испришти и еве уште малку, сега, малку попосле само што не ја признаа сите нашата ни Македонија. Мхм. Дури толку многу ја сакал Македонија шо Хорхе му го закачи….орденот а пак неговите деца здриснаа за Македонија. Се чудев сношти ко јадев бурек во два сатот сабајле кој се едни бели непигментирани деца, та то ти биле неговите.
Е зато јас сум за промена на имињата на улиците. И една друга работа ме бендиса. Шо на тие македонци шо ќе им се менеле имињата на улиците неморале одма да менат лични карти. Можеле да ги шпотребвет до нивно истеквење. Е сега шо не ќе может да земат пензија, да подигнет кредит, да одат на лекар, да купат леб без нова лична карта ич ама ич не е битно. Важно ние од корен да мениме све шо било пред нас дури и сумпараќатон на базенине и нормално дури и бекатонон од тротоарине зш него го редеше Љоте, а Љоте е од Ацика, а све шо е од Ацика е против барокот. Ваљда убо кажав незнам.
Ама знам дека оправдано е и Павел Шатев да е улица. Не скокај. Не е то заради анкетине од премиерон дека е најубав ова она. Анкетите се независни. Не само ваѓај муабети и каљај го рејтингот на ова влада. Ам така де. Зш и то е реално. Еве бензинов е веќе 90 кукајци, а на анкетиве победвит владата. Како ам. Анкетата не беше за регулаторната комисија? Ами беше за владава. А регулаторциве наазвисно без консултација ја менвет ценава, а најмалку се консултирет со владава. Евентулано ако се консултирет со Зимбабве или владана на Либиска Џамахирија. Ко ти викам.
Тук да не забегвам од темава. Да се вратам на…..Засмисли, те застанвит полиција и ти барат твој податоци и ти викаш: јас сум тој и тој и живеам на “Оро тешкото“ 116. Абе ова не да го личит туку дречит. Молам Бога да ми ја менет мојата улица “Димитар Влахов“ во “Оро тешкото“. Ионака сум за народни игри и секакви игри. Или пак: Тој и тој со стан на живеење “Тресената 22“. А? Лепота. А морат едно оро да имат да ја отсликвит разиграноста на Македоснкиот народ. Додуша имаме многу фолклорни нумери во државава кои ја отсликвет македонштината како: “да ти пукнит најмалото најмилото“, “болен ми лежи…“,“таман се женав умрев….“ или пак “ако умрам ил загинам“, “болен лежи катиљ Ѓорѓи“, “кандисал Ујрудиун паша“ “кучињата лаат ујп….пардон…пазарџите идат“ и други.
Само едно ме јајт. Ко ќе дојт некој друг на власт ајдеееее мајкааааа пак мењај. И да знајш дека зинет овие тие другите ќе ја клает улица со име “не си го продавај Кољо чифликот“. Ова само онака го спомнав…пример….не оти имат врска со некој од денешниве политичари, туку така ко за …пример….нејќам сега некој да посмислит дека ова го велам заради….или пак тој самиот да помислит. Или пак она “Градел Илијааааа спомениииииккк…не бе…манастииииррр“. Пример..
[email protected]
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.