Незнам како да почнам. Страв мие. Како и да е стегнав гс и почнав вака. Во нашетo информирање ни помогвет новинари и новинари дибеци. Ам ај како да речам за овие вториве. И појќе се плашам од вториве. Море алоооо можат да те земат под нозе и да те изгазат. Зш од нив посилни немат. Ко ти викам. Зш види….кога сакет, шо сакет, против кого сакет пишет. Денеска сепак морам да речам дека пишам за…..вторите. Зевзеците.
 
Еве сега ако им поминит ова да се ослободат од клевета ќе ти го свирнат дур речиш оториноларингологија. Да бе. Абе оние горе вторите спомнатите незнам дал им е јасно шо е ексклузивно новинарство, шо е слободно новинарство и дал знает шо е баш новинаство. Дали на квази новинарите им е јасно дека да си  прв со неточна информација, илити лупање ко максим по дивизија, е 100 пати полошо за нивниот квази медиум, отколку да си последен со информација ама точна и проверена.

Да се разбериме. Не сум против новинарите. Посебно правите. Туку сум против оние  залутаните во новинарството. Е зш? Зш шибет со информации без да мислат дека можат да зезнат цело семејство. Ќе слушнат две и од тие две ги прает стодваесет и две. И замисли сега да им се усвојт она да не одговарет за клевета? А? Јас те мрзам тебе и пишам дека си педер. А ти шо ако се отранчиш по судој и дур докажиш дека не си ојде јабана цела твоја репутација. А шо е најгрозно покрај тебе ојде јабана цел живот на твојте деца.

А како би докажал дека не си педер? Мислам апсурд. Тикварот пишал и ти сега чешајсе. Или не му се бендисвит како се чешлаш и кај него во говното од медиум осамвит: “ Н.Н. ( ебате беља…мојте иницијали ) проневери толку и толки еври…..дознаваме од наши извори…“. Кој извори бре тентелко еден. Планински? Горски? Па ти ако си, како шо е твојот медиум, а си,  Господ знајт кој се твојте извори. Пресушени.

Е прво надлежните да ги средат и испозатворат ваквите медиуми од ваквите новинари, посебно оние кои се појавуваат како проституткине кај МРТВ на сонце, интернет порталите, па после решавајте дали ќе се укинвит клеветата, проверете колку тетки домаќинки се “новинарки“, колку чистачки во недостаок на новинари станале репортети…..

Тук ми текна кај шо спомнав погоре педери. Ете и главниот лустратор Аџиев го напрај ја педер. Тој пак одма го реши тој проблем и со спреј го избриша педерството. Само не ми беше јасно зш му пишаа “умри педеру“. Грешка. И навредливо за двоцефкашите. Ај да напишеа “слечи се педеру“ или “педеру да дај господ дечко ти да е женско“ некако сваќам. Ама умри педеру???? Ако сакаа да го навредат можда ќе беше пологично да му напишат: “педеру да ти се исушит чмарот“. Незнам.

Незнам зш зборвејќи за педери ми текна на пушењето. И то во собрание. Замисли голем дел од пратениците пушеле во собрание во својте канцеларија. И сега видија ти  ситуација….влегвиш кај некој пратеник во канцеларија, се спремаш да му речиш:“ Господине јас се извинувам….“. А тој…оп….пушит. Во небрано. Ал да се враќаш ал да влезиш. Ако влезиш мојт да ти дајт и тебе да пушиш. А ти ај шо не си пушач, тук мојт в око да ти влезит чадот и да проплачиш. Да излезиш как да излезиш. Едвај си влегол кај пратеникот пушач. Никаквата е.

Голем дел од претениците пушачи рекоа дека се осеќале како дома во својата канцеларија и инстиктивно пушеле????? Уше ова го немав чуено. Да ти се пропушвит инстиктивно зш дома си пушач. Ами тој пусти инстикт е заебан. Шо прајме ако…пример….ми дојт дома и се осетит како дома му? Биват сега и дома да ми пушит? Не биват. Како шо не биват и таму да пушит ама ај сега не ќе ги репет со казни да им се намалит и онака малата пратеничка плата.

Кај почнав со педери да завршам со педери. Грците. Е анасана овде сме на коња. Викат вака во пресудата: “Грција го прекршила членот 11, став 1 од Времената спогодба од 1995 година кога приговорила на зачленувањето на Република Македонија во НАТО во април 2008 година“. Абе ко го слушнаа ова грците се препалија. Од мака пропушија. Ко ти викам. Поготово ко излезе онај не пигментиранион ко рече:…“неможиме да и наложиме на Грција да не ги…македонците…ама се надеваме на совеста…..“

Е тогаш и јас пропушив. Пуста совест. Како и да е. После ова со Хашкиот суд  и пресудата од таму шо ни стигна многу луѓе пропушеа. Кој и колку незнам. Бар за сите незнам. За дел знам. Јас пропушив…пример. И грците пропушија. И то знам. Ама исто така знам дека ако грците пропушија, македонците попушија.

ЏИМИ

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.