Море чоек. Слушај ме. Време е да почниме да зборвиме убо за све во нашата НСРМ. Имат сите …….чек чек мирен…не го менви Сител вести ќе имат….а шо да ти прам морам да видам нешто, а ти ако немојш да го поднесиш имат и “еглонил“ и “стрептоксазол“ и “селдиар“ и “ранитал“ земи си и не ми досадви. Ќе ти кажам после. Туку сконцентрирај се вака сега.

Значи имат сите да се напниме, напор да дајме, труд, со внимание да не останиме трудни и да се растртушиме и да кажиме дека “Питу Гули“ улицана кај нас во Охрид е скоро готова и кај да е ќе е в крај готова. Ме разбираш? Значи од денес имаш забрана да викаш чашана е пола празна, а ќе велиш чашана е пола полна ме разбра? Оптимистички. Немат појќе да викаш, 50 % од пациенти се починати ради расулот во здравството ами ќе речиш, 50 % се спасени ради не расулот во здравството….Мислам дека е јасно.

Сите да се консолидираме и да викаме ура. Кој? Никако. Нејдет во обзир него да го вклучиме…..море никако. Слушај ме…и не ми менви Сител….е де после ќе ти кажам…абре аку е бизнисмен. Тој колку е циција, стегнат во газот, колоноскопија да требит да му прает ќе го скинит или ќе го грицнит цревоно на пола со чмарот. Не си играј играчки.

Како прво. Во моментов праќаме извештај дека туристичката сезона во Охрид беше преуспешна. Абре ако јас така викам и ти ќе викаш. ПРЕУСПЕШНА. И то вака да ојт: субвенционираните туристи од странските држави со нивниот престој во Охрид и потрошњата на парите петоструко….не….23-струко ги вратија субвенциите шо им ги дадовме, купвејќи секој ден по 20 кифли и четири јогурти така што „пециварската“ индустрија во НСМР е лидер во регионот….ме разбираш сега ? Значи да гледаш од другата страна на медаљата. Јес да не влегвеа во ресторани и мочаја по паркојне ама ќе го свртиш онака како шо го вртит….го вртит….ај да не јадам гомна дан јадам после суви сливи. И не менвиииии Ситеееееел. Е па ој поврати и врати се.

После…..имат да трубиш дека среќа наша шо СДСМ се враќат во парламентот и дека она шо не знајше власта како да напрајт ќе го опрајт опозицијата. Види го….стап ќе го опрајт….ама рековме дека ќе зборвиме така. Имат да да зборвиме дека: е шо сум ја крив шо пред 25 гудини им дадова а јас само наредив да се дадоват 350 000 држављанства на оние од Косово ти ибам….живели. Јасно? Не бре какво пазарање и упикување в гас, ние не сме ни Зајко ни Латас та нечиј чмар да ни е огрлица. Ти се молам. И не го менвиииии Ситееееееееееееел. Чекам нешто.

Следно….оддржи прес и имат да речиш: …прекрасна е идејата….лупам, малу е то, вака: со совршенство и научна фантастика се граничит идејата на градоначалникот на Аеродром за секој ден сите школи да ја пејат химната наша. Разумот не е способен ни на Ајштајн да донесит ваква одлука….продолжвиш……родителите се воодушевени и вилици фрлаја и коси корнеја бла бла бла….Јасно? Не ми менви реков сто пати.

Ојме….никако да не си рекол дека во Охрид ова година имат појќе невработени од лани за 490 лица односно дека невработеноста во Охрид се зголемвит. Туку јасно и гласно…..абре не менви ми го…..јасно и гласно ќе кажиш дека се намалвит вработеноста зголемувајќи се вработеноста без да се намалит вработеноста со невработени. Мислам дека вака требеше.

Ам и да не требеше ќе поминит зш ионака сите јадет трици ние им вервиме и нас ќе ни вервет. Тие 30 години не лажат не расалвет ние име вервиме, а ние ко ќе се појавиме за прв пат на гас ќе паднат в коприви. Како ам.

Е како не ти е јасно? Мораме вака да мамиме зш само така ќе излезиме на телевизија и ќе го запалиме народов. Е сега на Сител чекам да дает прилог за мене. Како зш. Вчера напрајв неколку работи кој заслужвет ТВ прилог. Пукнав ко БОМБА од мака шо не дупат 30 години, отворив конзерва со риба и пресеков ластик од гашчи. Овие не се доволно причини за да сум на Сител?А?

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив