Добар ден до надлежните за приемен испит на Факултетот за Драмски Уметности. Во понатамошното тресење зелени ФДУ , а можда е подобро да додам една буква напред за да кажам дека ФДУ е назад, пример П, па би дошло ПФДУ т.е. Промашен Факултет за Драмски Уметности. Добар ден до сите кои се “грижат“ за иднината на младите во НСРМ.
Добааааааааааар дееееееееееееен драги “меродавни“…да да на Вас мислам “меро(гас)давни“ при ФДУ еве видете кого го одбивте на вашиот “факултет“. А ќе видите на крај зш на крај ќе го постирам линкот за све ова шо пишам. Чисто онака ради секс. Се надевам ќе сте доблесни онолку колку шо сте безобразни ко ќе примате татини ќерки и синови на приемните, прво да ја прочитате колумнава, а после да го видите линкот па да почните оргазмички да плукате на она шо јас ќе Ви го траснам и слободно да си речите: тресит зелени провинцијалецов. А јас од секирација ќе ја ф`тнам WC шољана зш ќе мочам на криво.
И да. После споредете ги Вашите “производи“ кои после Вашето производство највисок дострел им се: македонските народни приказни ( приказни??? ), некое си наречено “стенд ап шоу“, водители на топ листи и разни други бесни глисти, а секако и водители на квизој, мизој а во иднина можда и на светско првенство во прскање со црево. Аре све друго само све да се подалеку и подалеку од здравиот разум на уметноста наречена ГЛУМА, споредете ги со дечките од НАТГ ( Незавизна Аматерска Театарска Група) “Аматер“.
Не сум сигурен дека голем дел од Вашите “производи“ ГЛУМАТ, но сигурен сум во две работи. Првата: знам дека Вие ГЛУМИТЕ кога ги примате. Втората: И членовите на НАТГ “Аматер“ не глумеа на 16-ти април. Туку ја остаја душата на (проклетите) штици шо живот значат, ги остаја своите емоции кои им осцилираја во амплитуда повеќе од можностите на нивниот млад нервен систем шо можит да издржит.
Се поклонија со си душа на публиката и порачаа: Ние работиме, САМИ работиме, ние успеавме, САМИ успевме и едноставно кажаа дека се претерано добри и ВАМ господа кои сте поподли од Глембаеви Ви порачаа: Се заебавте шо не не примивте на “ФДУ“, а ние ќе продолжиме да ја воодушевуваме публиката САМИ и сакаме да Ве прашаме: ЗОШТО НИ ГО ЗЕДОВТЕ ОНА ШТО НАЈМНОГУ ГО САКАМЕ, зарем Вашиот пример е пример за стимулација на младите во нашата НСРМ??? Како и сите млади така и НАТГ е баталена од НСРМ. Шо значит баталена е иднина на НСРМ, младите се остаени сами на себе кој да заминит на гурбет, кој да станит пијаница, наркоман, проститука и уште некој друг западен производ. Браво.
Да….вие се заебавте шо не ги примивте, а нив им ги отворивте очите им дадовте инат кој само македончето мојт да го поттикнит да спремит дури и едно дело кое е на Венко Андоновски, дело кое го искорнаа од душата, која ние сите кои бевме да ги гледаме им јавидовме баш преку тие очи кои им ги отворивте Вие.
Да се разбериме. Не се сите труби шо ги примате на ПФДУ…се пардоносувам…на ФДУ, та не сте саде Вие криви. Ако веќе разгледаме наоколу ќе видиме дека веќе 25 години се битисуват во оваа наша НСРМ на начин на кој вие минатата година ги шутнавте двајца од четворицата кои се носители на “Аматер“.Санќим се примаа научници за НАСА.
Без навреда кон примените незнам какви се и ќе чекам некоја година да видам какви се. И ако тргнам од општата состојба во државичево алал да Ви е овие шо не ги примивте. Со то ги спасивте и нивните родители да молат по уредниците по телевизиите да измислат квизој за да си ги вработат децата.
Но и покрај све. Е ај дојдите на следното издание на “Генетика на кучињата“ да видите кого не го примивте. Да ги видите нивните аматерски очи како блескет, како солзат, како ја искажвет ем лутината при изведбата на оваа трагедија која нималку не е поразлична од 25-годишната трагедијата во нашата држава, ем задоволство дека можат без вас. НАТГ мојт без НСРМ.
А колку вредат овие деца еве ви линк прочитајте, а ако имате сурат дојдите и да ги гледате и ќе влезите без пари зш на овие деца уметноста име многу многу пред парите, зш овие деца имет даено претстава и во добротвотни цели. Да да тврдокожци и во добротоворни. И не чепкајте ги. Само дојдите да видите колку да се свестите колку вакви таленти , не само во оваа бранша, ами во многу други ги потурнувате ако не се мамини или татини деца. За да стигнат до она кое беше волшебно, а ние го видовме, сами си ги носеа крстовите на својте грбој до Голгота, но не да бидат распнати на крст туку да ви ги распнат вашите одлуки.
Падна завесата(срамот ваш) – се крена НАТГ “Аматер“.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.