Така ами како. Абе шо луѓе сте вие. Мислите ќе си завршите факултет и ќе мојте да си работите одма по струката за то шо сте завршиле? Уф…можда заебав шо почнав вака да пишам. Вака ко некако општо да ми е. Незнам. А се работит за просветариве шо се аздисани, не кадарни, никакви. Море требит нив на врат да им се стапит. Аман да не им се дајт. Јас не знам како за нив не постојт некоја аболиција на платата. Како ам. Да им се аболицират платата и ак сакет нек работет за без пари. Аждаји аждајосани, ненаситни никакви.

Ај да пробам поинаку да пишам. Море еј тиии….алооо. Мислиш дека ако си завршил факултет и дека ако работиш 100 години како професор и ако си 5 години пред пензија дека цел живот тек така ќе останиш на то работни место? Е вака појќе ме бендисвит. Вака сега веќе се знајт дека пишам за аздисаниве.

Ама не ми теквит сега како да го напишам, како да го вметнам она шо сакам да напишам дека морат покрај другото да одат и на пракса во НАСА ак сакет на децата да им предавет за песни и таблица множење со три. Така ами како.

И зато ќе се формират Акадмија на наставници. Алал ќе да и е на Академијата само та ќе ги клајт в ѓонија овие не прокопсаниве од образованиевo и никој друг. Имат да си се пријавет да одет на обука, ак ја завршет ќе си добиет лиценца и ќе можит да отворет кладилници. Не бре. Грешка и ќе можит да предавет после. Да ти се прднам да ти се напрдам на факултетот. Ако немаш лиценца седи дома дреми со си факлутет и предавај им на бубашвабине. Море ак сакаш и на бубаиталијанине само на школа да не цапниш.

И то јас не сум за општа обука за лиценца за сите. Абре со смерој потсмерој во зависност од то шо предаваш. Да, да. Ако предаваш музичко…пример….меѓу останатото ко ќе се полагат практичниот дел да ми полагаш ти бре братче све. Како прво да ја испејш, да ја исвириш, ако требит и да ја одиграш “Кармина Бурана“. Ак си пак по физика мајка ти се плака. Имат да ми напрајш експеримент да ги аболицираш сите постигвења на Тесла за струјата иначе ти е маf работата.

Ак си по физичко како дипломска да ти е да пуцаш фаул од 30 метра наместо Роналдо во финале на Лига на шампиони. И дур не клајш гол преку жив ѕид и двајца голмани стап лиценца. Гитла дома. Раѓај, прај деца, гледај внуци и прдни му се на факлутет. Немат мрдање. А пак ако си наставник по одделенска…..тешко тебе. И пеј Кармина и пуцај фаули и струја нек те тресит зш сите предмети ги предаваш. Абе да сте ми вие мене ќе ви кажам јас убо.

Абе така требит за овие аздисаниве. Ко им е све натокмено па нека прднат тро во вода да видат шо е мака. Во сите работи школиве им помогвет. На пример…пример велам, ко ќе прает писмени ако имет 100 деца шо прает писмени една третина хартија, шо би се рекло 33 лисја А4 формат и едно парче скинато, им обезбедвит школава. Е малку ви е то бре токмаци вообразени? Пак дан сакате и за фотокопирање да ви дајт школава. А нацки. Немат за то.

Ете владава ви воведе и електронско школство. Дан сакате и интернетот да ви го плаќат дур пристапвите по 3 сати за да клајте една оценка.А? А толку пристапвите зш абер немате од компјутери. Е зато бате ајт кај Бил Гејтс на обука 6 месеци и полагај си за лиценца. Ете ви купивме лично за вас и 12 инчни Лап Топови, шо само од инет ги викате напрстоци. Е сега дан сакате и наочари да ви купиме плуски да читате шо пишите на машиништата. А?А?А?

Па се претервит бе. Се претервит од ваша страна. Се скренав и ве мрaзам. Ненаситни едни. Добро бре професори бре наставници бре…..ајдуци едни. Не сфаќате дека само до вас е проблемот шо НСРМ е толку назад? Не сфаќате дека посрана економија, социјала и благодет, абре све посрано е ради вас? Абе вас да ве средиме, вие да сте ко шо требит никому ништо немат да му сметат. Ни аболиција на криминалци, ни сиромаштија абре ништо.

Ај ај ќе ве средиме вас кај да е за кратко. Додуша ќе останит уште едни други во една друга бранша да ги средиме и да станиме Холандија. Да станиме земја на цвеќе шо мирисат. Медицината. Уште тука вработени да ги зејме под нога и џам ќе е све. Не само убајна услови да ви давет, благодети, во ова благодетна НСРМ.

Мислев да престанам да пишам ама морам за кратко да ви се привратам на вас од образованиево…….АБРЕ СРАМ ДА ВИЕЕЕЕ. АБРЕ ПТУУУУУУУУУ Ј`ЗК ненаситници едни, едни, едни, едни….

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив