Готово е. Уште малку ни остана да се поврзиме со трансферзалата Минхен – Стамбол и ќе мојме да ги активираме нашите интернационални бродој кои со роба ќе пловат по меѓународните океански води и да извезват македонска роба со што ќе се овозможи стабилна економска ситуација во НСРМ. Со тоа младите ќе останват во НСРМ, старите ќе можат да плаќаат Радио Дифузна Такса.

Да да. Се изгради и пушти во употреба делницата Курија – Паликура долга цели 2900 метри со сите почести како што доликуват да се пуштит еден ваков аутобан. Остнаа уште малку делници како Свирипичично – Прчибаба, Наколец – Долно Дупени, Озормиште –Три Мадиња, Куратица – Пичкоец и све ќе е потаман во нашата НСРМ и сите од владиниот кор…кор беше? дан ф`тнам среднана буква, и сите од владинион кор да се нацртет на отворање на овие делници како да отворет фабрика за 10 000 работни места.

Ова го гледав на телевизорон. А дур го гледав бев кај еден другар, јас и тој си праевме мубает, а детето му беше во прво одделение по програмата на Кембриџ. Како шо прокашла Латас на телевизија ние сме ти биле втори на списокот на угледниот Британски Квакварели Сајмондс – кои сме почнале да учиме според најдобрата образовна реформа, програмата на Кембриџ. Нашите ученици ќе ти добиеле квалитетно образование, ќе ја развиеле самодовербата и уште од мали нозе ќе научат слободно да размислувет. Е не слушнав нигде дали то шо слободно размислувет слободно ќе может јавно да го искажат во нашата демократска НСРМ.

Дур учеше малово по Кембриџ, мислам дека повторвеше за “Вртлив импулс“ и “Создавање на индукциона струја“ како и “Политичките науки во примена на демократијата на комонвелтот.“ Суперишка. Му леташе. Е малку запна за една проста равенка:

И зато ова дете кое учит по Кембриџ побргу ќе најт работа како келнер или такси шофер во НСРМ околку оние другине. А плус то ко шо економијава ни е јака немат потреба да си ојт од државава. Ќе си останит овде, ќе си полагат екстерно и ќе си имат економска иднина немат да мрдат од дома, зш ќе немат работа зш имаме стабилна економија. Немој да мислиш паметен сум. И ова го слушнав на телевизија. Од Хорхета. И то многу паметно го кажа. Мене ме бендисвет работи ко ќе ги трасниш, а пред то добро си напрајл анализа и со факти и аргументи нештото го поткрепвиш.

А фактот дека е така, дека младите не бегет од НСРМ, мојш да го видиш во секој град во секој парк. Полни се паркојне со млади луѓе, игрет шах, табла, си раскажвет младиве шо било пред 50 години и така. Е сега малку чудни се нашиве млади кај нас шо не бегет од држава, со капи се, некако како костуросани ослабени, кој со бела коса кој со бескоса…..ќе да е од учењето по Кембриџ.

Абе важно да промослиш пред да речиш нешто. Како и Хорхе така и Зајко на ТВ “ Алсат М“ промисли и трасна зелена: Македонија не требаше да реагира на начинот на кој што реагираше по изјавата на новоназначениот американски амбасадор Бејли во која тој не нарече славомакедонци. 

И образложи Зокица дека Америкине секогаш биле наш партнер и како и дека секогаш ни помогвеле и зато еднуш ние требит да сватиме дека кога и да е ќе требит да го свиткаме грбот во одност на името. Ама Зајко заборај дека кога чоечкото тело го наведиме на процес на свиктување на грбот , газето зазема положба која се нарекуват НАПУЧУВАЊЕ или пак напучително – дупателен став и следствено на то можеше да размислит и ако не друго да побарат спонзорски тројчка вазелин. И нормално да се пазит на оние со хемориди. Тие мојме нормално во соработка со Заев, зш тој го предложи ова, да ги означиме на левите бутој со буквата Х со црвена боја, шо би значело хемороид и крвавење. 

Чек ми тропат на пенџере нешто жгољаво, зелено со гла два осмаци и големи очи. Ќе да е некој од младиве шо нејќет да ја напуштит НСМР зш……

ЏИМИ
[email protected] 

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.