“Оооооо мајсторееее, комшиииииии….молим те немој толку гласно да ја пејш “Мајка Мују шишала на струју“. Шест и пол е а одма до тебе ми е спалнава. Како? Е аку де то не ми сметат со компресорот шо дрндаш од шест, аку аку требит да се допрајт новиов дел на општинава. Абре аку и со булдужерот туркај зидој под пенџерево од спалнава….да, мојт, мојт, продолжете и со гранатите да рушите стубој, не ми сметат аку беше 5 ко почнавте, само молим те со песната потихо, посебно не аздисви кај рефренот…е така“ . Кај да е ќе го напрает новиов дел на општинава, нека е и во четири, аку е сабота и недела, само да се средит…
Тук многу сум вознемирен од пред некој ден. Неееее не за посраниве работи во држава. Од секош се посрани и веќе навикнав. Ак се отпосерет ќе ми е чудно. Мене срчкава ме болит за Штајнмајер шо многу се загрижил за НСРМ и бил многу насекиран и мојт да го опнит срцето. Абе ко зборвеше пред Бундестагот јас липав со него.
Неможеа да го навјасет со паломи. Пустиов ред солзи, ред мрсули. А јас по него. Кивни тој кивни јас. Исекни се тој исекни се јас. Пусти Штајнамјер, да не пукнит, ме потсети на Зарифе ко го роди Искендер, како плачев ко го крена Рамиз враце…да не продолжвам зш еве се измрсулајв пак. Ќе ја сјебам тастатурава.
Мада незнам зш се секират чоекот. Ете после преговорите Зајко рече: “Задоволен сум заради тоа што работите се движат во наш очекуван правец“. Ет..зш секирација. Се договориле луѓето со Хан. Значи ќе се подобрет условите на оние во шаторите. Ќе им се носит редовно гс папир со си подвижни ќенефи за да не се купарет во тревана. Малку имало закачка околу то дал да е двослоен или трослоен ам ќе најдат мунасип.
Исто редовно ќе имало рефус ранитал зш не е шака толку алкохол да се фтикачвит, страдат желудникот. Малку имале закачка за то каков г`с папир ќе имат во контра шаторите. Дали и тие двослојна или трослојна. Е паднал договор лидерите да ги посетат секој својте шатори да напрает муабет, па после лидерите да се сретнат и да заклучет која партија прајт појќе срања и така да се поделит г`с папирот.
Ако пак неможат да се договорат ќе го викнет кловнон Хан и ќе земит чоекот примероци од последните 24 сати од двата кампа изметовина, бам на вага и ќе кажит. Е сега ќе менит неколку пати изјава, ама ќе се повикат на вагата и ако коза лаже вага за мерење на македонските какајнци не лаже. Не така?
Зато бре бруда Франк-Волтер Штајнмајер……најн секирен зи. И несмејш зш НСРМ имат луѓе способни кој стојат до својот став и без разлика на све ги спроведвет реформите само за доброто на нардот. И то аргументирано. Еве зеј го за пример, така ми текна сега можев за било кој да зборвам ама случајно ми текна, на пример за Абдулаќим Адеми…онај металостругарон.
Спроведвит све да го напрајт образованието наше да бидит лидер во регионот и покрај то шо професориштава не аргументирано се против него. Тие пак тие…..не бадијала рекле србине “рџавом пенисом и длаке сметају“. Само да се бунеле нешто без причина санќим се Алекс учителон од Румелија. Така де.
Против екстерното? Абре да останит алоооо и да е построго. Шок Адеми немој да си имал милост. Ако не се поклопет резултите на екстерно бркај ги одма. Море шо бркај ги, абре згази ги. Море одма да ги обесиш на некое дрво пред школото кај шо си игрет курташак. Како ам. Абре да се сотрет ако требит еден професор да не останит. Викни им на нив в тиква и пола проблеми во НСРМ се решени.
Дури јас сум за то уште нешто да им измислиш. Пример викни некоја професорка и нејзиниот ученик да погодит шо боја хулахопки носит. Детете да кажит, а професорката да се слечит тука пред сите, море и публика донеси понижи ги колку шо мојш појќе, море и директен тв пренос, транспаретно да е, згази ги. И ако резултатите не се поклопет аут. Бриши дома. Или на дрво. Како ам. Е не. Ќе играме ние овде играчки. То Адеми.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.