Ко ми рече се стаписав и се задумав. Ептем ме изненади. Сите ги испрскав, се загрцнав со пивото шо го пијав шо славевме за раѓање на детето на другар ми. Ама пусто да го крстиш Бранко? Ми текна дека 20 години никој не крстил така дете. Испадна дека сме во недостаток на името Бранко. Па нека не се зезат владава нека презејт некои активности да не се дозволит да го снемат Бранко…..како име.
Мојт да дајт пари и прво да е, само Бранко да е, не морат да е трето. Нека воведит да речиме стипендија за него дур ојт војска. Пример. Исто мојт на кршевката свечено да го ослободит од државен испит. Да му доделит бесплатно возење со пензионерине аку ќе е дете, да му дајт 60 фискални за награднана игра фискална на рака награда без мака….многу работи мојт само да не дозволит да го снемат Бранко….како име.
Оп. Ми текна на Заев. Не знам зш вака наеднаш од нигде никаде. Море како се изнервира чоекон за Кежароски. По по по. Ревносно го прекина скијањето и кај шо е негде на скијање, а не скријан ко шо велет зли језици кои оговарају, ревносно се потруди да најт интернет и на Face book го објави својот ревносен револт за то шо Кежароски одма го затворија. Народ со ваков водич на опозицијата ревносно не смејт да се плашит за својата иднина.
Е ако името Бранко е во изумирање тогаш напредуваме со името Ацика или Александар Македонски. Све шо стигнавме крстивме Александар. Еве и Универзалната сала од сега е Александар Македонскиво чест на неговите многу бројни концерти во држава, а и кај дијаспората. И мене ме бендисвит то шо секое прдеж место си добиват свое име така да ако сакаш да се најш со било кого кажвиш име и данк се најџвиш.
И не останвиме на то. Тука ќе се градит проект кој ќе е мултимедијаленцентар и ќе си имат неколку делови и секој дел свое име. Ќе имат две помали мултинаменски сали со капацитет од 200 и 300 седишта кои се именувани во Сала „Мајка Тереза“ и Сала „ВМРО“. После ќе имат и четири конгресни сали кои се именувани како „Гоце Делчев“, „Тодор Александров“, „Методија Андонов Ченто“, „Борис Сарафов“ и шест билатерални…..ај да не ги именувам сите ама се зачудив шо не сретнав име како ќе се викет клозетите.
А имиња имаме многу. Ете на пример можат сите писоари да си добијат свое име, како ам……јас мочам во Џоко…ој ти потака испомочај се на Јово….Шубо звучит а? Именски писоари. Па ќе мојме да им ојме на визита. А? Додуша не знам зш не се фрлиме да градиме на секој ќош градски вецеа како шо е во Амстердам. Имиња имаме не е проблем, не морат да бидат баш ко таму некако модерни ама дека имаме потреба од такви работи, имаме. Ми се чинит дека ретко која држава имат напраено или и понатаму ќе прајт олку гомнејнци ко ние.
Как да е, само да е паметно и конструктивно. Еве на пример ко изминатава недела….попаметно и поконструктивно ништо неам видено од прес конференциите и контра прес конференции, да не речам репликите помеѓу СДСМ- овците во Охрид и Комуналец.
Прво се излезе и се кажа дека на Мауцкер имат дива депонија и многу ѓубре наследено од минатата власт. Овие од СДС уште неразденато и непомочани свикаа прес или пратија соопштение дека то не е така и им порачаа на другиве многу да не какет зш тие стварет сами диви депонии во кругот на Комуналец.
Одма контра. Директорката ваљда се помоча и многу интелегентно кажа дека тука ѓубрето се носит за претовар зш се мали камионите, овие и рекоа ако е така зш не си купиш возој за ѓубре, та му рече дека немат шини за да одат возојте до Буково, овие и рекоа……абе ептем конструктивна комуникација и то цела недела. Браво.
Само не знам зш толку се карет. Зш во Охрид мада и во цела НСРМ имат толку многу ѓубриња шо ни 100 возој не спасвет.
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.