Помогвит  при надувување на стомакот, добар е за крвотокот, ја прочиствит крвта, ги зголемвит еритроцитите ги намалвит триглицеридите, против болка во зглобовите, ги намалуват менструалните тегоби, најдобар антиоксиданс, ги апсорбират отровите од  дебелото црево и ги ваѓат семките од пиперки од слепото црево, ја нормализират менструацијата и е благодетен при подвижноста на сперматозоидите, го чистит џигерот, јачменикот на око е минато со него, помагат при дископатија, дискусхернија и ги топит шилците, моменатално зараснување на рани, ја намалвит иритацијата од касвење на комарец, посебно на газот, ја намалува иритацијата на херпесот, ја зголемуват потенцијата и либидото, со него вашиот нема да ви е само за мочање, пијте го за да хеморидите ви бидат благадарни шо ќе си снемат, гаргара за воспалени непца и парадентоза и крај за бигорот во вашите шољи и мрснотиите  во вашите мијалници!!!!! Тииии колку убав лек. Не смеам да кажам за кој лек е зш Охрид Њус ќе ми мавнит фактура за реклама. Многу сакам вакви лекој. Алал да им е шо го измислија. Слушав и не вервев. Е вакви лекој сакам.

Абе све шо е арно сакам. Со едно шише све шо ти е скапано во тебе се оправат. Све шо е паметно го сакам. И се радвам на то. Се радвам и на то шо, здравје Боже, Господ златен, златна СВ.Петка да помогнит, можда ќе имаме аеродром на вода. Да бе. Хидро авиони во Охрид ќе ни летет над езеро. Паметна работа.

Прво шо кој онакво ќе финансираме за патишта да се стигнит во Охрид кој мојме со авиони шо ќе слетвет на вода да ги носиме туристите. Да бе. Можда и тетка ми Мара ќе дојт од Еусралија, зш вака и е скапо. Да бе сакапо и е. Не оти имат нешто заштедено за ови 37 години шо е таму. Вака со хидроавиониве ќе е поевтино. 

Прво ќе се растеретит асфалтниот аеродром зш ката минути само слетвет и полетвет авиони на Охридскиов аеродром. На врапцине им опадна наталеитет зарди букава на нашиов аеродром. После си влегвиш, ајде мајсторе до Св.Наум летај, ко шо се мали уште 4-5 души ќе почекаш и бегај на плажа. Ко со комбе од гимназија. Е сега заебано ќе е зш само шо ќе полетат не ќе мојт да слетат ама ќе те фрлит ко врешча од црвен крст. Убајна.

Само шо малку ја кочет работата екологистиве ама незнам зш. Прво Миле им кажа дека не се работит за то дека на водата ќе се прајт писта со асфалт ами ќе слетвело на вода. Со то и мене појасно ми стана. Зш претставката ХИДРО мислев дека значит асфалт. Друго. Екологистиве све спомнаја дека мојт со то да се нарушит, а најзначајното не го спомнаја. Ендемичните македонски кафеави видри. Е нив мојт да им сметат. Зш ко шо не е донапраен колекторов во езероно све појќе е  полно со кафеави видри. Све нека ојт јабана ама да се пазит на видрите. Ако мојт да се слетвит некако помеѓу нив за да не ги реметиме тогаш океј е. Исто да се пазит и на видрите шо ќе летет со авионите. Ваљда тие ќе го имет и првиот официјален лет.

Искрено да ти кажам и оправданоста е на вакво нешто е издржна. Цела Македонија ќе се стуштит кај нас. Многу од нив кој заради патиштава шо ни се ко НАТО нас да не бомбардира, а не Србија, не можеа да дојдат сега ќе го окупирет Охрид. Пример Квадарчани ни се малку застапени. Вака Блашко се качвит од Луда Мара, данк за 10 минути Љубаништа. Мики пичит од хирдопристаништето од Охрид данк во Отиња Штип земвит пастрмајлија и џанг назад и јас ќе каснам после 10 години шо ми ја ветвит. Велгоштани наместо рејз опаааа од сушица в центат.

Скопјанишчана сакет од Вардар сакет од Треска , од кај сакет ќе ни се качат и ќе ни дојдет. Ако не друго, ај шо ни се мочет во езероно ни се мочет, вака со авион бар ќе се избегнет мочателните активности на Стража или на Пресека. Ам шо да им прам ко се мочковци. Само едно незнам. Дал и пилотиве ќе не репет со пари ко шофериве од Галеб ко ќе пуштаме нешто за студентиве за во Скопје.

Абе Малдиви вода ќе ни носит. Ова Охрид ќе бидит епицентар на туристичките атракции. И не само  регионални и меѓуградски линии, ние имаме услови да воведиме и локални хидроавио линии. Конкретно кај нас еве колка е дупкана шо го копет патон мојт комотно да слетат авион а можда и да полетат. Наша мала е шо ти оние атолине во Малдиви. Зато ти викам. Дудуша сега зш ја прает канализацијана полно е со кафеави видри ама ќе се договориме со нив не е проблем. Проблем е да се разбериш со оние шо имет вакви идеи и идеи за жичари шо од на скијање одма ќе те носеле данк во езеро. Тие се поголеми, кафаеви видри.
Как да е идејата е уба ама јас се распишав, а требит на големо да се спремам за по визити и патерици да одам зш неможам да стигнам многу ги имам за одење. Со вакви големи идеи од малиот мозок  испадна кај многу луѓе да одам во среда. Да бе, во среда сум по визити. Денот  на дрвото е .

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.