Море Господ здравје да му дајт на владиката Тимотеј, да би уста му се позлатила, да би УЈП придонесите од хонорари му ги простила, да би никогаш државава фискална не би му вовела, да би БМВ X8-мица на поклон му дале…..да би…..абе злато. Душа. Памуче. Мече плишано. Буце. Да го изејш.
Фала му шо ми кажа дека ми се кренал стандардот. Јас не знаев дека го имам, а тој ми се кренал. И јас не знаев, а ми кажа Тимчо наш голем маж. Знајш колку е заебано да ти е кренат, а ти да не знајш? И искрено му вервам на Тимотејче апостолот Божји кој основна задача му е верски да го обединит народот, а не да го разнебидвит. Дека ни е кренат.
И го ценам. Да да. Зш и покрај темните шофершајбни, седиштата со греење, бандажите алуминиумски со гуми 225-ки…..ти да приметиш дека ми е кренат стандардот…..па требит ептем да ми си посветен за олеснување на мојот живот и да ме опулиш како слепец, како глушец затворен во дупка, да ми покажиш светлост на моето живеење.
И зато се сложвам со него за кревање на цените за верските обреди. Чим мене ми е кренат, логички е и тој да си го кренит стандардот, односно цените. И така требит. Само сакајќи му добро на народот некако ценовникoт набрзина го имат изработено и некои работи му фалет, така да јас како чоек шо сум заљубен во свештените лица кои го сакет народот, сакам да му помогнам со некои идеи.
Да бе. Зш да не. Ја прифаќам цената од 4000 денари за крштевка. Арно ама требит да се клајт и цена за крштевка на близнаци и то ако се две машки 9000 заради должината, ако се машко и женско да си е пак 4000 зш должината од машкото се анулираат со….ај да не…..
Погреб 3000 денари. Ами Тимчо кај е будењето? Јас не ќе го будам утредента. Некое твое другарче требит да го будит. И да си се изработит правилник за то. Пример…..ко шо велит Милисав пример…..да му клајме на покојникот во сакото 2000 и ако утредента попот го разбудит овај лично да станит и да му платит. Не така?
И сосем во ред е цената за венчавка од 6000 денари. Едино само ако попот не учествувал на Пинк Звезди. Ако пеел таму се креват за 20%, ако се пласирал со 4 фотељи за 30%, со 5, значи директно без бараж за 40 %. И мораат да се земит во предвид дека цената е менлива во однос на то дали се пејт лирски сопран или баритон или контра алт или попот е камен пијан. Како ам.
Алал да им е, ме израдвија. Искрено ме израдви и Миле Јанакиевски. Паметен чоек. Му одговори и му го плесна в очи на Локвенец и прв реагираше поопширно за аферата со прислушкување. Го раскина со факти. Кажа колку во Прилеп се намалила невработеноста и кажа дека граѓаните на Прилеп се паметни за да знает кој шо напрајл и за кого да гласет.
После она шо го слушнавме по телефоните заборај Мики да кажит уште некои факти за уште појќе прилепчани да гласет за него. Кажа на пример дека тој како шо рече им бииип мајката во биип на неговите сограѓани. Ама не кажа дали им биип со кондом или без кондом. Ако им биип со кондом каков бил, розев, црвен, ментол, чоколаден…..дали само мајките идале овај да ги биип или тој земал зимбил со кондоми и одел праел визити по куќи па зато така уморен беше во телефонскиот разговор. Зш види не е лесно да си биипач, посебно на свој народ.
Ниту е лесно да Зајко да ти дајт лап топ или кола. Јас во прв момент реков ќе му лапнам и едно и друго зш така рече тој давал ко шо му дал на син му на Верушески. Ама искрено не ги исполнувам условите како Верушески, не сум сработил ништо за добро на државата. Ниту имам пукано во кафани, ниту имам рането некој, ниту сум во притвор…ништо. Гола вода.
Ама ак јас не можам од Зајко да земам топ…лап….сите деца ќе бидат опремени, во текот на година-две со таблети за нашколо. Таман уште то им фалит зш се во образованиево е џам. Армиран. Зш токму то им фалеше за да может да ги сликет смрдените WC-а, скршената дограма, подојте со дупки, табли шо паѓет и други благодети.
Ќе забораев за на крај да ти кажам дека 6969 5628 56 56 69 f5 f5 12 94 ако 69 69…уф. А?
ЏИМИ
[email protected]
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.