Е з`ш да не мојт ученик да ојт нашкола со копје во ушето? Шо било то забранвење да се пирсират оков на носот за нашколо? З`ш да немојт ученик да клајт сидро на бузата? Или пак да не можит некое моме да си дојт на школа со мини сукња до препони и со голо меше, а на папукот да несмејт да имат синџир?
Шо било то дискриминација. Ако некој ученик се исфарбат ко морков во глата подалеку р`кат балгам од онај нефарбанион? Дај бре луѓе немојте на магарато ќе мавате на самарот. Дајте остајте ги децата. Па тие се златни од дома многу воспитани. Јас лично немам слушнато ученик директно да опцует професор. Све од околу. И коректни се децата. Појќе на наставниците не им мавет грчки чврги. Со ластик ги матинет. Остајте те то децата на рајат лични миленичина на мама и тато. Ограничвете ги оние шо одат Халкидики. Не децата.
Тук ќе се навртите на некого без потреба. Ев на пример сега на америне им сметат младичон од село Подржи Коњ за ништо. Според нив Стевица како градоначалник службената положба ја користел да влијат во урбаниот развој на Општината, во процесите за јавни набавки, со цел преку нив да прибавит корист за себе и својте соработници.
Ма немој ти се молам. Како шо велит самиот тој ова ставање на црна листа баш е доказ за неговата исправност во политичката работа од која некој се плашит, а посебно светските демократи. Страв им е дан победит, од Биљанини извори дознаваме дека е сигурен победник, па со својата ревносна чесна работа дан им бабнит неколку згради на Тајм Сквер или да ја збричит на нула шумата во Јосемите национален парк или пак било кој друг градски парк.
Пусти Стево рече ќе поднесел и тужба против Н.Н. лице кое стоело зад сета местенка. И американците се посраа. З`ш ако сето ова имат судска разврска Н.Н. лицето ќе окапат по занданиве. И уште еднуш: Пусти Стево, рече имало мешање во изборниот процес во држвава. Ќе се “утрујам”.
Тук остајте го Стевета. Занимавајте се со паметни и интелегентни личности како Гордана Сиљаноска. Жената имат храброст и она, и им плесна в лице на пензионерите дека се досадија, не корисни и никакви како старците од мапед шоу. Го акна ова Гоца национале и остана жива и плус то играше самба в слаткара ли беше кај ли беше. Ова ни била ни ќе бидит.
Да фрлиш мрсуљ на 330 000 потенцијални гласачи. Незнам з`ш ваква претстава имат за пензионерите. Можда пак како на секоја млада дама и сметет стари луѓе. Не е коректно вака да се траскат з`ш ако не победит на изборите ќе требит да ги замолит истите старци да и напрает место во ложата на Мапет Шоу. З`ш само то ќе и останит. Пример.
Мада во НСРСМ имаше уште едно вистинско Мапет Шоу организирано од Али Амети од ДУИ и и Народното Движење на Скендер Реџепи со потпишвење на коалицијата наречена “Европски фронт“. После потпишвењето командатавет Амети ни одржа предавање за демократските движења како единствено средство за чекор напред на државава. Мада не ги спомна неговите демократски средства шо ги користеше во 2001. Според него на 8-ми мај ќе сме имале референдум, а не избори, на кој ќе требит на Русија да и речиме “НЕ“, а “ДА“ на ЕУ. Јас ова би го превел “ЧЕ ПУКАМ“ или “НЕ“. Демократски де. Пример.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите