А многу луѓе собрав. Море кумој, кумашини, мајка, татко, брат….кој не. Дачка, снана, Саше, Летка, Митале, Чаче, Шуле, Мира, колешкана од Мира шо и завидвид дек ја редам во колумни……Абе кој не. Каква чест ми напраја алал да им е. Пак најсетне не славам секој месец….Не така? Не ми идет секој месец сметка за струја под десет иљади. Сега дојде и куку пак. Пак сите беа расположени зш испадна дека во сашност сите славевме. “Абре куме ти да не праеше јас ќе напраев журка“…Ми рече кумашинот задоволен. И нему му дојде под десет. На сите бе на сите..Како се трефна….Од цело друштво само на еден му имаше дојдено 11 и 450…Сиве бевме околу девет, девет и пол. Иљади.
И да ти кажам знајш дека со ова последно шо ја потскапеја малку струјата беше последен од стотте ама многу битен владин чекор од кој зависеја сите проекти. Да бе. Види вака….скапа струја малку греење. Малку греење појќе гушкање. Појќе гушкање, ептем појќе секс. Појќе секс и како нус појава грамада дечиња. Бар четири. Еден проект од владат …цап…реализиран….Појќе дечиња малку место…опааааааа….вториот проект…купи куќа купи стан. Еми сега станот или куќата требит да се оддржават …не така? Следит реализација на третиот проект….“осмелисе“….е ајде де осмелисе…и земи кредит да станиш стопанственик!!! Ај да те видам!!! Ама важно проектите реализирани, исполнати…Нормално, покрај овие неколку ситници, ако ги исполниш останататите 365….пак ситници. Како.. да немаш примање поголемо од….ако во последните 87 години не си придонел да…..во текот на работниот однос да имаш најмногу два пати умрено до пензија, ама не по твоја вина….и така.
Е вака задоволен ко шо си седев од ко се разидоја сите од журката ме мавна шок….ц,ц ,ц,ц . Ко шо си гледав телевизија…..шок, шок, шок…..шетат кајрон на плазмана шо имам уште само четири години за плаќање….“во Дебар Мало нападнато 15 – годишно….непозната група со нож на маж……прво ја избодел па….со палки во 57-мица…..едно девојче од група…по главата….со нож тројца во ЈСП….величенствената ја напаѓа Хурем…..инцидент на свадбата на Пакизе и Рамазан…..Шахнур му плесна све во очи на Јавуз…..“
Абе шибат кајронот со ваквии шокативни наслови. Шок, шок, шок….и како да не е шок. Зар е можно во нашата самостална независна Република Македонија, во нашата оаза на мирот да се случвит ова????? Никој ова не го очеквеше. Ниту пак јас. Во прв момент помислив дека ова новинаришчава, гнасотиве, јадат трици за да не е примена СНРМ и ОнМ во НАТО. Да бе? Зинет. И убо рекоја од ЗНМ реално да се извествит са сите вакви провокации. Прво добро да се испитат работата па послем да се пишит. Непроверени информации никако во јавноста.
Можда величенствената ја нападнала Хурем. Ама немој одма како главна вест пак и на кајрон. Нек се видит дали Хурем ја изнервирала на главнава, дан се скаса Хурем со Махидевран….да не лошо пренесе Сумбул Ага па оваа да свати криво и на правдини ја напаѓат вторава..Немојш да знајш. И немат да знајш дур не истражиш ко шо требит. Не така? Можда Јавуз си го барал па Шахнур зато…
Аџиба пак тие шо влегле во автобус имале вистински ножој? А? Можда пак дечињата албанчиња онака си носеле тупи ножој и си играле Сандокан и Маријана…пример…Мада мислам дека и на сам почеток известувањето е субјективно. Од кај знает дека била албанчиња кога од почеток се рече дека напаѓачите се непознати. А кога ќе се познати ќе видиме. Не се сезнајковци во МВР. Полека полека. А дур станет познати немат одење на натпревари, немат возење со автобуси, немат излегвење без панцир…..Ко ќе излегвиш ако сакаш мојш и дотеран да си и фрузура да имаш и то напраена под хауба…пример….Ама после то да излезиш со си хаубата на глата…зш мојт, ко шо си непендек и сам си го бараш, да ти текнит, од нигде никаде да си појш да купиш леб и да начекаш кутри мали албанчиња кај шо си игрет пипни стој со гранати или рачни бомби па да настрадаш по твоја вина. Како ам.
Е дур не се откријат, односно тие шо си игрет, од икс, ипсилон, зет не станат познати за јавноста и не бидат казнети,ама казнети така да ги спржит не само нив ами нивните семејства и нарачателите на игрите, без разлика играчите и со топло и со ладно оружје, без разлика дали се македончиња или албанчиња, е дотогаш децата нека одат нашкола со тенк. Лесно би рекол: маме му … кој прв почна, ама мислам дека сега ич не е битно то туку многу многу побитно е кога и дали..ова ќе завршит. Заборјв…уште побитно. КАКО. Како сето ова играње ќе завршит??? Еднуш знајме….. кога почна?-2001 –ва… како почна?-со борба за човекови права..како заврши?-со стотици жртви на двете страни. А сега? Кој ќе одговори??? Неморат на трите прашања….само на третото…КАКО СВЕ ОВА ЌЕ ЗАВРШИТ.
А дотогаш како мир и беезбедност??? Никако!!! Јас лично ако мене ме прашаш ќе си шетам низ Скопје покрај споменицине. Ќе си ги разлгедвам. Ваљда немат играчите таму да дојдат со тапите ножиња. Или пак ќе застанам под мадињана од Букефала и ќе им е срам да дојдет до нив и да ми напрет лошо нешто. Ќе си одам во музеи. Да бе. Сега бар имаме многу музеи….музеј на жртвите од комунизмот….музеј на жртвите од фашизмот….музеј на жртвите од високи сметки за струја..Е…уште еден ни фалит. Музеј на жртвите паднати од водење на државата од недоветни и недораснати политичари од осамостојувањето на СНРМ и ОнМ до денес.