Да ти кажам искрено си се облеков во хулахопки чипкасти, кладов подвезици, све то црно, црвена танга од двете страни, малку на хемороидиве ме стегаа, црна штикла зедов, црвениот чадор и на улица. Да бе сакав да се осетам КО вистински сексуален работник да видам како им е. Прво шо сфатив е то дека ако тие луѓе си се изборат за својте права многу работи ќе ни се менет вооппшто во животов, а посебно нив.
На пример не ќе мојт како до сега да велиме: политичариве не дупат во здрав мозок, туку ќе си речиш културно политичариве ни правет сексуални активности во мозокот, шо е подруга, мораш да признајш. Како ам. Плус ќе требит да се средат некои работи со Министерството за труд и социјала, како и да се потпишит колективен договор со сексуалните работници колку сантими, опсеговот на цоловите кои ….
Па ќе се поставет нормативи за одење во пензија, а то немат да зависит од старосната граница, туку од бројот на примени дупателни органи во себеси, поточно од примените сантими. Тие да бидат право пропорционални со длабочината на примателниот сексуален орган помножен да речиме со 33, поделено со дебелината на органот и од сето квадратен корен помножено со број на неодглумени оргазми. Чиста работа. Згора на то ќе си добијат бенифициран стаж така да некој мојт како пензиониран педер или курва пак да си ја продолжит политичката кариера. Убајна.
Ќе видиме, не знам. Ама знам дека све појќе и појќе ќе се намалвет пациенти со ретки болести. Да, да, да…Се донесе одлука во НСРМ од сите продаени цигари по еден денар да одат за во фондот за лекување на ретките болести. Е чим зависит од пушењето ич не требит да ни е гајле. Со ваква пушачка нација, шо му пушит кој на кого ќе стигнит фондот за ваквите болести ќе е преполн. Не бадијала не крстија во времето П(ушачки) Ј(ака) Р(епублика) М(акедонија)…аха.
И таман она си легнав на брашното дека решаваме проблемите, нерви ми искина она водителкана Оливера. Ти го прашала министерот колку елементи имат Менделеевиот периоден систем. Абре Господ да чуват и да бранит. Ова новинаришчава веќе избегаа од контрола.
Ами чоеков не е Анјштајн да знајт да одговорит на такви прашања кои не се во негов домен. Абе кочи малу….тој немат осмо завршено, министер е. Прашај го како шо доликвит прашање или прашања за неговите умствени способности пример: Каде све освен на село била Марика, На кого Црвенкапа му носела во кошничка јадење, како се викат дрварчето шо почвит на Т и испоопра илјадници фашисти…или слично. И шо сега со то прашање докажа дека Адеми е глуп?
Напротив тој покажа висока интелегенција и моќ на расудувања, носење одлуки во краток период кога средбата со деканите од факултетите донесе круцијална одлука со која спаси и чоечки животи и голем дел од националнито богатство префрлувајќи ја средбата од Педагошки во МОН. Да да.
Суми чоекот дека Студентскиот пленум тргнаа на кај педагошки, наоружани со тенкој, топој, не пломбирани заби оштри како од ајкули и препраени во комарци да им влезат таму. А пази, научников се сети дека немат декември комарци и овај ги суми.
И како шо рече: средбата беше префрлена зш добивме информации дека студентие недолично ќе упаднат. Ваљда со ова мислеше дека студентите ќе упаднат со мрсули и кормушки на носот, ќе ги копет носојте и од кормушките ќе прает топчиња и ќе фрлет према педагозите со чулчињата, па со гурелки на очите, посрани во гаќите, ко ќе влезет со балгами ќе плукет и ќе прает други недолични постапки од кои на целиот народ на НСРМ ќе му се сповратит. Е министерот таа катастрофа ја спаси. Алал даму е. Споменик одма.
Абе све ќе се средит. Само лавот да останит како грб на НСРМ. Не вервам дека Амети ќе се предомислит …..зш ете објасна дека лавот бил симбол на многу албански фамилии. Е ако е така и ако останит лавот на нашиот грб Амети ќе си го изнагледат. Зш кој стигна Македонец, во било која коалиција, му се пучит на Аметија и овај дур вршит дејствија на напучениот на сексуален работник ќе си го гледат грбот.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.