Абе не бадијала рекле во времето: свемирот ќе го испитаме ама чоечките мозок ќе останит нешто непознато. Во ова наша пуста НСРМ појќе мозок имат отолку кинеска зелка на тезгине. И не само шо имат мозок ами и квалетитени мозоци се сите. Имат разлилни видови на мозоци. Да бе. Ко ти викам. На пример имат мозоци кои мислат дека ние немаме мозоци. Да, да…..и сакет преку реклами нешто да ни напикет во мозоците кое си го имаме уште од ко сме се родиле.

Порано една реклама ми остај голем впечаток. Да потсетам. Се апелираше на возачите низ државава да возат совесно и на реклама имаше дечиња кој кажвеа какви коли ги газет. Мене форд, мене опел, мене……и едно имаше шо го згазило југо. Абе појма немаш како ми  дојде секирација и колку ми беше жал за то дете. Од толку коли скапи шо се возет во државава најде југо да го акнит. Кутрото. Кизнајт колку се имат разочарано пустото шо другарчињата ги акнала кола странска а ова….Ни Бане не се разочара толку шо го дупет Бучко и Бузле.

Е сега најновата реклама шо ме бендиса ја видов пред некој ден. Покажаа неколку фудбалери, секој си зборна на свој јазик, меѓу кој замисли имаше еден шо прозборе на  македонски. Ги дадоа во крупен кадар и видов дека се во жив зид застанати и гласот на рекламата рече: сите не болит истото. Све ќе беше убо ако овие не беа во жив зид и не се фатија како сите фудбалери во жив зид за мадињата и за стапот. Колку ли само симболика и памет во ова реклама. Не требеа реклама да прает за да ни кажет дека во НСРМ за државава и  нашава иднина не болит стапот. Та политичиратите та народот. И едните и другите се држиме за стапот, а та пропаѓат. 

Ете се сретнаа и два големи мозоци. Коле и Али. Не капетан Али од Каролин шо возеше брод од Босфорот низ цел свет. Капетан Али Амети шо го возит бродот Македонија. Произлезе дека еуфоријата од прослават со знамето не била провокација, ами ние како народ сме го сфатиле како провокација. И пак народот крив. И крив е ко не ги сфаќат работите ко шо требит. Требит да ние јасно дека ко ќе ја барет угнетениве голема Албанија тие не мислат да прает нови граници или да приспојвет кун мала Албанија нови територии. Туку ќе си бидит истата граница само шо албанската граница е флексибилна и се тегнит како ластик. И тие ќе ја истегнет, а ние….ние ќе се држиме за стапот.

Абе види. Нее све црно за народов македонски. Еве сега  можиш да бираш каков пациент сакаш да си. ВМРО-вски или СДСМ-овски. Ако си владеачки пациент ќе излезиш пред камера ќе си го клајш дебелото црево во кеса и ќе дајш изјава: еве цело црево ми излезе, еве видите овде и колкав е туморот ама тие не ме примет на интервенција само ми рекоа да менам кесе да не е прозирно, грозно било вака…..Ако си пак од другите: еве мојте да видите во сиве овие кеси и гајбава сите тумори ми се изваени и цисти, ме примија и покрај штрајкот, е ова шо го гледате на хауба е ампутираното стапало, него немораа да ми го сечет ама веќе ко се на работа зш да не. Работат докторите кој шо сакат нека кажит…… е и ова го смисли некој мозок. Само не мозок од народот. Од политичарите. Ние си го држиме стапот. И слушаме шо ќе ни кажат.

И ко мислев дека неделава шо помина ми помина мирно сретнав уште еден мозок јак кој замисли и мислит лошо на нашава држава. Клеопатра. Да бе….пророчицана. Незнам шо против нас имат та и да лупнит дека како и сите и ние ќе сме излезеле од кризава во 2017 година. Алоооо а мор шо лошо ти напрајвме та толку лошо да ни мислиш. Нормална си ти?

Абре 20 и кусур години работиме на то никогаш гла да не крениме и сега ти ќе сме излезеле од кризава? Двајсет години не се најде маж шо ќе не заебит да не извајт од криза не пак сега за пет години. Абе не ни се мешај во внатрешниот мир на државава не туку ни прорекви толку зла судбина…да сме излезеле од криза????? Ова не би го лупнал ни грк шо не мразит многу не пак ти.

И шо после ако излезиме од криза? Да живејме без кредити? Да имаме да платиме за струја, та после како лиоти голи дома на сред зима да се шетаме. Па скраја да е е глеш женати така гола па да ти текнит….па ај после уште едно дете, две. Как да не. Убо си сме навикнати вака ние. Земвиш плата плаќаш само третина од сметките  и дур си се свестил дека ја зеде платата…. аш. После три дена ни се думаш дал ќе имаш пари да платиш ова или она ни ништо. Зш немаш. А да излезиме од криза….не дај Боже…не ќе знајме како и шо со парите. Дал да му купиш на детето чоколадо од 300 или 500 грама, ојш в продавница и замисли во еден ден купвиш за цел месец намирници и после да си пукниш од досата.

Седи тука какво излегвење од криза. Вака е поинтересно. Ојш во дуќан да се запишиш ама не кај тебе во мала, зш тука му должиш од пред три месеци, тук во некој на крај на градот. Дур свртиш така круг за леб секој ден во друг дуќан ти поминал месецот. После ако излезиме од криза ќе ја снемат љубовта. Еве од ко падна температурава под нула се скинав од гушкање со жена ми. Ќути под ќебе и трај. Иначе да не ти студит ќе се гушниш? Ветар. Јасно да му е на секој. Ние не се трениравме 20 години за сега ….фап да излезиме од криза. Башка шо не ни сакаме. Да сакавме јасно како секој народ ќе кажевме на различни начини дека не ни чинит. А вака чим си сејме мадро, а секој ден појќе и појќе тониме, гледаме на телевизија секој ден зголемвење на цени, самоубиства, убиства, а ние само гледаме и си го држиме стапот….ништо не не фркат. Сеј тука….какво излегвење од криза. Џанум погоре рековме….во државав на сите не болит истото…стапот.  

ЏИМИ

[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.