Еееее шо дочекавме. Чак Норис да дојт да учит во Македонија и да си ги малтретират другарчињата. Чоекот шо со зденка имат свирено гитара крена на нозе родители од две училишта. Едните сакет да го избркет сега кај шо учит, а другите не сакат да го примат онаму кај шо требит да го примет. Шо знајш мојт од ајварот мојт да му напрајт пиперки и децата гладни да останат. Ги малтретирал децата. Как да не. Остајте го детето нарајат да им мават чврги, да им редит петарти во фармерките, да ги тегнит за коса, да им прајт све шо го учеле мама и тато…… а ова тегнењево гарант не е тегнење туку ги поштит од вошки.

И министерката Јаневска се произнесе за случајот. Само незнам дал појќе беше насекирана дека државава од 81 држава се наоѓат на 71 место по јазична писменост, а на 61 по математика. Ова значит дека скоро не знает да зборвет и дека на нив за понатака не мојме да рачунаме. И добро е шо се во овие две работи на ниско место з`ш ако не беше така ќе можеа да не отерет у пм без да рачунет дека сме родители.

И ако по училиштата го имаме Чак Норис пред Уставниот суд го имаме Жан Клод Ван Дам, Алијас Али Амети. Чоекот од вчера постави “Стража за јазикот“ и не се дава. Тој да сакат можит одма да речит “че пукам“ но прво сакат да докажит дека секој проблем мојт да се решит по демократски пат. Впрочем и во името на неговата партија го содржит терминот “демократија“.

Е сега ако среда Уставниот суд одлучит како шо не сакат командант Амети мојт свашта да се случит. Мојт и да “че пукам“. И да се менит јазикот пак ко ќе зборвиме за шок Амети ќе морат да се речит: масакар кај Вејце, масакар Карпалак, 12 киднапирани во Тетово….и многу други добри дела овај демократ кој имат бидено и две години в затвор за противуставност на држвава која ја онадит како сакат.

Не бадијала Шехтански за случајот во Тетово побара кривично гонење. Демек да го гонат ама настранично. Криво. Абе све се прајт за негов инает. Па муабети за дијагноза. Свашта. И децана за нова година пукет со петарди и шо сега. Болни се?

Вака било, така било, чоекот немојт и немојт да се помирит да е во опозиција. Сношти тој му порача на Уставниот суд да ги мафнит тие 13 иницијативи за промена на законот за јазиците и баш рече: поништете ги и остајтене да си ојме дома, поништете ги за да има мир.

Ете по демократски немојт чоекот да се изразит. Чоекот кој немојт (нејќит) збор на македонски да изустит кажвит за почитување на јазиците. Е се жалиме дека немат земјата род. А како да имат ко е полна со коров, трња и со кртој колку ти душа сакат. Сите сакет мир ама да е онака како шо тие сакет.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите