Абре паркирај види го ти него. Ар слободно ак сакаш напикај ја во улазот, внатре скроз. Ич да не ти дремит. Како? Да бе. И в дневна мојш ак сакаш само полево малку да можам телевизија да гледам. Абе како ќе ти прднит така. Сакаш кај мене сакаш кај комшијава зжш ние сме изгорени по вас и ак не ни паркирате шубе ни е на душава. Да, да, дааааа. Да си ги викниш и другарчињата. Да сите да пркирет. Ар каква пожарна. Ак се запалиме Тасено ќе почекат со пожарната ќе му кажам јас дека си до 4 на работа и ќе те почекат. Будала еден немат шо да им се слошвит ти дур си на работа во општина. Нека припадвет после 4 за да мојт Брза Помош да ги кренит. Како ам.
Ам види море. Ние жителиве од Димитар Влахов, од позади општина, ак не ви си најме и сами ак не си го клајме кој друг? Аааа как да не. Локалнава ќе ви решела проблем со паркирање. Шо ако си во општина вработен. То немат врска. Е така де….така….тие и вас и нас ни го кладоја.
Еве ова зидинава шо ми ја напраја в спална напикана така дремит. Да бе ова залепенава. Шуќур мајсторине шо ја прает шо не мочет низ пенџере зш в лице ќе ме помочвет и така ќе ме будет. Ајде паркирај и ќути. Не бре какво пцуење, какво пичкарање, каков пиштол. Не зборвам јас так, не сум Фатиме од СЈО. Колај работа.
Проблем до проблем. И од нив појќе од полојна измислени, надуени, за инат кажани. Еве ко сега со новиве министри на борецов за права Али Амети. Абре све е ок. Се кренал народов те млади биле, те команданти некогашни биле, те ова, те она, теТОВА. И пак еден викат не регуларно биле пикнати во владава на НСРМ. Одговорно тврдам дека сега све ќе се средит ќе е потаман и при изборот не е прекршен ниеден закон, ни едно правило, нити пак се малтретирани дечињата. Си појде Амети во градинка кај негователките и се распраша како е процедурата да мојт децата да отсуствет дур имет министерски мандат.
Се одржа и родителска средба под надзор на родетелскиот одбор. Со си Аметија. Се договорија кој како ќе ги земат дечињата и кој одговарат за транспорт од градинка до министерствата и назад. Се одреди и дежурна негователка која ќе е со децата дур се на седници. Елбете, како и секој министер, се очеквит дур се на седници да се потпосерват да имат кој да ги песлечит.
Се зборна и за процесот на чистење на газината да не се користат влажни марамици за иритирање, ами со масло за дечки газиња. Исто така е договорено да имат една дадилка која е млеконосна….па да му се прднам на секое бебе мојт да му се прицицат и сега не ќе го носет дома, а колегиве да го чекет? Или пак не ќе седат 12 мајки со цицките свиснати да се на готовс кое ќе приплачит да му ја вденит цицката в муцка. Не така?
И после све ова се договорија, мајките припремија ранчиња, оние ко мечиња, зајачина, патчиња и други животињи во склоп со нив и то 11 сини и едно розево за Шухрете Елези. Внатре си кладоа све шо е пригладно за еден министер од ДУИ, ѕвечка, пластично касало за заби шо растет, за непцата де, шише со сок, за секое дете по една АП-овка, ПАП-овка, за најголемото и хаубица 122 мм и му дадоа на борецов полномошно да мојт да располагат со децата како министри. И? Шо е сега овде спорно? А?
И зато ќе те презамолам не туку трчај ко прле пред магаре. Кај трчаш пред грков Прокопис Павлопулос? Ете и тој и од амбасадата грчка ни кажаа дека ние сме некоректни према мигрантите. И во право се. Се сложвам со нив. И јас мислам дека сме некоректни. А како да речам дека сме коректни ко работава не е само купи си вазелин. Ами бре чоек требит да го аплицираш кај шо требит. Да се намачкаш онаму кај шо требит.Не само шљакај се мачкај се. Ќе си клајш убо на чмарот зш не смејт да го пржит ни на мигрантон ни на некој од ЕУ ни некој грк ко ќе ни го втикачвит. Не така? Ко мојме кај шо требит да се мачкаме за Аметија и неговите другарчиња од 2001-ва наваму зш пак на мигрантиве да им прајме проблем? А?
Зш ако донесиш одлука да ги примаш мигрантиве, да го примаш од мигрантиве ами прими го ко секоја курвица. Бар ние НСРМ-овциве од век и веков сме познати дека го примаме од сите. Зш сега после толку векој да ја нарушиме традицијата на најголемите примачи на планетава. Не така?
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив