Се е привремено : љубовта, уметноста, планетата Земја, вие, јас. Смртта е толку неизбена така што ненадејно со неа однесува се. Како да знаеме дека токму овој ден не е последниот ? Веруваме дека имаме време. А, потоа одеднаш е готово, се давиме, времето истекло. Смртта е единствениот состанок што не е запишан во вашата агенда.

Се’ се купува : љубовта, уметноста, планетата Земја, вие, јас. Човекот е производ, како и секој друг, со ограничен рок на употреба. Се викам Илија и најчесто се облекувам во Energie, Diesel, Levi’s, Springfield…Снимам филмови и правам реклами. Да, јас го загадувам универзумот. Јас сум оној тип што ви продава гомна. Оној што ве тера да сонувате за работи кои што никогаш нема да ги имате. Секогаш сино небо, никогаш грди женски, совршена среќа, ретуширана во Фотошоп. Слики и филмови на кои човек се лигави, со музика во позадина. А, кога со грижливо штедење ќе успеете да го купите автомобилот од вашите соништа, оној што го снимав во последната кампања, за мене тој веќе ќе биде демоде. Јас одам три чекори напред и се трудам да ве фрустрирам. Гламурот е земја во која човек никогаш не стигнува. Ве дрогирам со новоста, а предноста на новоста е тоа што никогаш не останува нова. Секогаш има некоја нова новост поради која претходната станува стара. Да ве натерам да се лигавите, тоа е моето свето учење. Во мојата професија, никој не сака  Вие да бидете среќни, затоа што среќните луѓе не консумираат. Вашето страдање ја храни трговијата. Во нашиот жаргон тоа се вика “посткупувачко разочарување”. Итно ви треба некој прозивод, но штом тој ќе стане ваш, ви треба некој друг. Хедонизмот не е хуманизам : тоа значи cash-flow. Што е неговата девиза ? “Трошам, значи, постојам.” Но, за да се создадат потреби, треба да се поттикнат љубомората, болката, незадоволството : тоа е мојата муниција, а вие сте мојата цел.

Животот го минувам лажејќи ве и богато сум награден за тоа. Заработувам многу (не сметајќи ги дневниците, службената кола + шофер, апартман во центар, акциите и големата сума на име на оштета во случај да ме отпуштат). Еврото е измислено за да изгледаат платите на богатите помалку непристојни. Малку луѓе сме кои заработуваме толку многу. Меѓу тие луѓе, јас сум најмлад. Јас го прекинувам филмот што го гледате на телевизија за да ги наметнам своите реклами и логоа. Непрекинато ги полнам вашите омилени списанија со слогани. Нема да ми побегнете ! Каде и да погледнете, царува мојата реклама. Јас ви забранувам да се досадувате. Јас ве спречувам да мислите. Јас издавам наредби за тоа што е Вистина, што е Убаво, што е Добро. Јас правам кастинг за манекенки и манекени од кои ке ви се крева и влажни по шест месеци. Вие толку ги лепите насекаде, што ги викате топ – модели ; моите девојчина ќе ја трауматизираат и наполнат со комплекси секоја жена постара од 14 години. Вие од моите избори правите идоли. Ова лето, тенденција ќе биде градите да бидат повисоки од рамената и да се има избричена п…. (бразилска депилација). Колку повеќе си играм со вашето несвесно, толку повеќе ми се покорувате. Ако фалам некој јогурт по ѕидовите на вашиот град, ви гарантирам дека ќе го купите. Верувате дека вие сте сам свој судија, но порано или подоцна ќе го препознаете мојот производ на полиците по маркетите и ќе го купите., само колку за да го пробате, верувајте ми, јас добро ја познавам својата работа. Рекламата денес доминира со нашите животи. Таа ја финансира телевизијата, печатот го трпи нејзиниот диктат, владее со спортот (Франција не го победи Бразил на Светскиот првенство, туку Адидас го победи Најк), го обликува општеството, влијае врз сексуалноста, го подржува развојот. Да ја наведам цифрата ? Ви потврдувам дека за таа цена, се е на продажба, а особено вашата душа. Некој ми рече дека ако не ја имавме продадено душата на Ѓаволот, на Земјата уште ќе беше рајот. Во право е !

Ммм, колку е добро, човек да влезе во вашиот мозок. Свршувам во вашата десна хемисфера. Вашата желба веќе не ви припаѓам вам : јас ја наметнувам својата. Вашата желба е вложување кое се претвора во милиони евра. Јас денес решавам за она што ќе го сакате утре ! Сето ова можеби не ме прави симпатичен во вашите очи. Кога ќе почнете да пишувате колумна , претежно се напрегате да бидете привлечни и такви работи, но јас не сакам да ја тревестирам вистината, јас не сум љубезен наратор. Всушност, повеќе сакам да бидам закоравен подлец кој загадува се што ќе допре. Би било идеално да почнете да ме мразите пред да ја замразите и епохата што ме создала.

Нели е застрашувачко да се види до која мера целиот свет ја смета ваквата ситуација за нормална ? Ми се гади од вас, бедни робови потчинети и на мојот најмал каприц. Еден ден сите ќе шетате по продавница со тетовирани бар кодиви по рацете. Сами ќе си бидите кредитини картички. Зошто ми дозволивте да станам Крал на светот ? Би сакал да ја демаскирам мистеријата : како, на врвот од една цинична епоха, рекламата е овенчана со царска круна. Во последните 2 илјади години ниеден неодговорен кретен не бил помоќен од мене. Ме учеа да не се однесувам кон луѓето како да се глупаци ама и да не заборавам дека тие се и тоа ! Што можам јас да сторам кога човештвото избрало да го замени Господ со производите за широка потрошувачка !?

Се смеам затоа што може да се случи кога ќе излезе оваа колумна, да добијам покачување, место да ме истераат од на работа. Во светот во кој живееме, критиката е насочена, дрскоста се охрабрува, поткажувањето е наградено парично, а караницата е организирана. Револтот е составен дел на играта. Прв пат во историјата на планетата Земја, луѓето од сите земји имаат иста цел : да заработат доволно пари за да личат на рекламата. Понекогаш диктаторите се плашеле од слобода на изразување, го цензурирале оспорувањето, ги затворале писателите, ги гореле контроверзните книги. Пропагандата престанува да биде ефикасна кога нејзинито присуство ќе стане очигледно. За да се сведе човештвото на робување, рекламата ги избра дискретноста, приспособливоста, уверливоста. Живееме во првиот систем на човечката доминација над човекот пред кој дури и слободата е немоќна. Наспроти тоа, тој систем се обложува на слобода, во тоа е неговиот изум. Елегантно ве потчинува. Се е дозволено, никој нема да ве искара ако направите хаос. Системот ја постигна својата цел : дури и непокорувањето стана еден вид послушност. Зошто Американците го контролираат светот ? Затоа што ја контролираат комуникацијата. Еден ден, нашите деца на училиште ќе учат како демократијата се самоуништила.

Нашите демаскирани судбини се претставени убаво. Сигурен сум дека и вие, додека ја читате оваа колумна, си велите : Колку е сладок овој млад режисер, кој така плука по се, ма гони го у три лепе, мамето негово. Заглавен е тука каде што е, како и сите нас. Плаќа и тој данок. Полн е пороци. Нема бегање. На ова ќе ви речам дека сте во право ама ќе ви додадам дека се е заклучено, со љубезна насмевка. Блокирани сте со отплата на кредити, со месечни расходи, со кирија која треба да ја платите. Паѓате во очај. Стотици невработени чекаат да го ослободите вашето работно место. Мала ваша грешка и готови сте. Да ги расчистиме работите. Јас не се самокритикувам ниту спроведувам јавна психоанализа. Пишувам исповед. Сакам да си ја спасам душата пред да се маглосам. Потсетувам : “Поголема е радоста на небото за еден грешник што се кае отколку за 99 праведници на кои не им треба покајување” (Евангелие според Лука). Единствениот со кој прифаќам да потпишам договор на неограничено време е Господ. Сево ова што го кажав, не се однесува на луѓето кои живеат автономен живот, независен од минливите работи. Луѓе кои не се согласуваат дека со парите се купува ама баш се. Ги има вакви, ама се многу ретки. Немој да помислиш дека си ТИ ! (од каде си сигурен дека не си таков каков што опишав дека си ?!) Можете да се буните колку ви душа сака, Черчил веќе одговорил: рекол дека “ова е најлошиот систем ако ги исклучиме другите”. Не не излажал. Не рекол најдобриот систем, рекол НАЈЛОШИОТ !

Илија Пиперкоски
Авторот е режисер
piperce96yahoo.com