Некој рече ќе се затворала и официјално тристичката сезона во Охрид. Возам  јас така на кај Скопје ко ја слушнав оваа вест на радио в кола  баш ко се штрецнав дека не носам пасош, а влегвам во Албанија. Мајката си реков. Толку од шо сум нажален шо ќе се затворат сезона дан ф’тнав и да заминав за на кај западниот сосед наместо кун градот на мадињата и другите споменици?

А не…се сетив. Врвам низ Зајас, Колари, Длапкин дол и други албански села кои шо се во НСРМ, бар засега, каде на секоја куќа имат двоглав орел на јарбол. Абе се посрав реков кој ќе се враќат дома сега по пасошот. Нејсе. Продолжив со измешани емоции сфакајќи дека ова е мојата  чудесна Македонија.

Возам на кај Скупје, да  се запишит ќерка ми на факултет и да видиме по некоја собичка за сместување за мојата идна студентка ама со мисла како да напрам да ми останит време да ги видам спомениците пред се мадињата на Букефала во оваа моја чудесна Македонија. Дур стигнав Скопје попат се думав за веста дека ќе се затворала сезоната во Охрид. Ако бев јанглаш за Зајас со знамињата овде не сум сигурно, зш убо слушнав дека ќе се затворала. Е како? Мојш нешто да затвориш ако е отворено. Пример фрижидер. Мада рака на нога морам да признам дека во Охрид имаше свечено отворање преку манифестацијата “Бела ноќ“.

Значи го отворивме фрижидерот. Арно ама шо ако го отворивме фрижидер ко внатре остана празен. Ова година се проврткаа низ фрижидерот по некоја муфлосана салама, скапан патлиџан….и то. И сега ако пак морат да се затворит нека се затворит со манифстација наречена “Црна година“ или пак нека мават малку на фолклорно “Леле мила мајко шо не снајде“.

Ааааа  да. Еднаш нагрна раја сите три дена за Илинден во четвртокот вечерта и неделата ко некој да ги собра во еден фолдер и мана шифт дилит и ништо ко да не било. Некој пак излезе на телевизија и рече : етееееее почна сезната во нашиот град и сега ќе бидит бум.  И би бум….ама на гас. Дури додате дека до година тој ќе напраел за туризмот в Охрид брееееее. Ќе сме виделе. И да ќе видиме , ама само дел од нас, зш преку зимава дел од нас ќе поцркет како глувци во ова мој чудесна Македонија.

Как да е. Уште ќе думав за бомбастичната туристичка сезона арно ама стигнав во градот на мадињата. Уф морам да ги видам дисаѓите од Букефала. Прдни му се на Ацета. Во то маде лежи зец за иднината во мојата чудесна Македонија.

Нејсе. На економски одма завршивме работа јас така се надув ко квасец ко ми ја пофалијата ќерката дека гарант ќе била примена со такви оценки и резултати и ќе влезела во државна квота зш ќе плаќам само 200 евра наместо 400 евра годишно за бесплатното школство во мојата чудесна Македонија. Ми ојде умот да ги прашам сите од Банета до Колета како успеаа за овие 20 години од бесплатно образование за кое се плаќаше 0 евра, да успеат да на напрает во  мојата чудесна Македонија да имат бесплатно образовиние кај шо се плаќат 200 или 400 евреи. Се осетив како овде некој да ми прајт нешто од областа на сексот, да не речам ме дупут во здрави очи ам ај не велам.

Се фрливме по потрага по соби. О па да по соби. Зш некој ја напрај оваја моја чудесна Македонија да неможам да си дозвлолам стан да барам, а замисли ко не беше чудесна, јас ко студирав пред 30- тина години не ни думавме за пари, гледавме пред се убав стан и шо подалеку да е газдата, а сега после 30- тина години некако ко да сме назад подојдени или така ми се чинит?

Как да е. Видовме точно седум соби во неколку населби в градот на мади….ај пак шо сум запнал јас пак мадиња та мадиња…..и неможевме да донесиме одлука. А видовме све и сешто. Ја видовме една теткица која одма ни рече да ги слечиме кондурите зш и синојте нејзини ако требело оделе на колејнци само да не газет со кондури и слатко се насмеа ама јас не и ги видов видов убо кариесите од пајажината во ходникот шо и беше спуштена дури до носот.

Видовме многу работи, ама немам време да ви кажвам, например едно бабе, Господ да ја поживејт уште 100 години, ама одлучив не зш можда ќерка ми ќе требеше да ја погребат за некој месец….как да е а на крај да ни останит шлагот….апартманче…така пишеше во огласот. Рече чоекот апартманче и би апартманче. Ама некое чудно. В гаража. Ние на пример во Охрид то го викаме ќумез. Убо беше додуша. Два двоседа имаше ама беа клаени некако споени за да имат место за шољата и мочање само ако немаш гости. За да не те гледет. Видов една поголема канта за сирење тој ја викаше клима и шо е заправо не мирисаше на мувла ами на гној. И ни кажа дека ова комодација ќе не чинит  100 евра, 100 кукајци шо се платежно средство во ова моја чудесна Македонија.

Разочаран тргнав на кај Охрид, не ради апртманите,  ами се стемна и јас не успеав да ги видам Букефаловите маденца. А потајно без да кажам за то идев. Как да е јас дојдов од скапиот Охрид , во ефтиното Скопје и останав без мадиња во оваа чудесна моја Македонија. Ееееее моја чудесна Македонијо.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Отворена (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.