Море сине татино. Море сонце. Не прај сега вака. Не туку плачи не туку се транчи мил тој на тато. Аман бре синко цел ден плачиш цел ден се мрсулајш па таман те капев со онај шампонон на пет минути шо го рекламирет, душава шо ми ја изваја. Таман ја напрајвме Македонија без првут види сега ти шо….Абре как не измислат некој шампон како на пример Македонија без глад, Македонија без хохштаплери дури и најубав би бил некој за “Македонија без политичари“.

Тук синов…..види сонце мое избриши се смири се и да ти објаснам. Немој бре душо со плачењево ќе изгубиш сила бар еден Њутн, а можда и два. Е шо е еден Њутн! То ти е сила колку едно јаболко да мавнит и да истегнит една пружина. А два Њутни ти е ако крастајца мавнит на та пружина. Е како не бре сине. Па овие шо ги викаш гојда тие то го имет истражвено и то во Сорбона и го имет напишано.

Ааааа така не мило. Тато ќе се карат. Неможит ти за нив да викаш дека се неписмени, дека немет грам мозок, дека се гојда…Аман синко како те учев. Тие за тебе се стрико д-р Нелко Стојаноски, чичо д-р Зоран Матовски и стрина д-р Милева Ѓуроска. А не непендеци. Зш ако беа непендецимили недоветни немаше оние од Министерство за образование да им го одобрат? Не така?

И плус сине знајш шо значит она д-р пред имињата? Псссст. Не така!!! Не да ти го подржат малку. И мало ми си ко ќе порасниш ќе ти напрает ќејф можда некој од иднине нивни генерации шо го читале учебникот зш е многу убав. А дотогаш читај од прекрасниве новокомпоновани учебници како сите деца од нас НСРМ-ОВЦИВЕ. Не бре татуш. Каква Дара Бубамара. Не не сине. Ако пејт новокомпонавани та не траскат зелени, та не е толку шушлива па да пишит вакви учебници.

Абре синко така пишит и така морат да бидит или било. Па зато сине тато толку ми те тепаше, ми те стегаше на менгеме и ми те тегнеше со два трактори. Дека јас сум од средна класа и јас заблудено сакам да те натерам да завршиш факултет. Е сега дал ќе ми те пуштат да ми ојш во елитно школо то незнам зш ти си како тато средњак по класа и незнам дал ќе мојш да се дружиш со децата кои потеквет од високи класи. Не бре синко. Какво феудално или робовладетелско општество. Нашево е демократско општество синко мој златен.

Ај сети се на една работа. Шо ти прајт тато секој ден ко ќе тргвиш нашколо?А? Така злато. Те мавам со чекан од 5 кила в гла за да запамтиш дека требит “да завршиш факултет да не работиш и да уживаш во животот“. Не мило. Не викаа така пред 140 години. Сега викаме ние од среднава класа. Бар така пишит стрина ти.

Е сега полесно е татуш за оние шо се од повисоки слоеви, не како нас копуците, така викат стрико ти д-р Зоран Матовски, зш тие можат да си ги вработат децата кај сакет и без диплома. Не бре тато. Ја читаш ти стрина ти шојмат напишано, а министерстовото одобрено? Не ги терет за пари да завршат факултет, туку нивните деца да не се мешет со вас средњаците да не им ги расипите дечињата. Така е напишано….да.

Уф синко скраја да е. Не бре татин не ми си лепрозен нити чумосан мил мој. Дан ги расипите во смисла на карактер и да се лоши никакви како вас. Зш мојте лесно да ги…..Па како? Ами ние вас средњациве ви даваме да поручвите зденка со пиво од мали. Ко ќе потпорасните наместо парацетамол за температура ви даваме екстази со Севињон, а за вечера пред спиење ти ми пијаше Баделче со цуцла. А пак за спијање ми ти втикачвев едно крекче. Е на пример ако ми се дружиш со децата од висока класа ќе сумет како сум те ранело јас тебе и ќе барет и тие така и ќе се расипет. А не зш ми си шугосан. Мил тој.

Пак тој гојда та гојда. Ам како те воспитвев бе сине? Да не вреѓаш никого. Ех сега тие тебе те вреѓале. Как да не. Не знам как да те смирам. Ај вака. Ќе ти значит нешто ако ти кажам дека чичковците и стрина ти ко го пишеле овај учебник дека не биле при свест? Дека можда неколку виуги од мозокот има фалеле ко го пишеле? Дека можда биле камен пијани ко го пишеле? Ете нека е како шо викаш ти, нека имале пијано Баделче со цуцла….како…..ете и кречке нека имале мавнато. Ти како ќе ми речиш сине така било. Ми се смири сонце мое татино? Еми таков ми те сакат татко, а не да пишчиш да се транчиш дека си бил лепрозен, шугосан, маларијосан, офтикосан и дека општествово те изолират.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив