“Обуџуко теовел пасошко образец менгеле ново 140 000. Гороненгоро гужва фит е напредно сервњерџан макендовлого. Е теовел гужва прешенгере не башка 80 000 новоненгоро стигнавела. Северџанско народ офтотоаприл не секиранголо манадалгеле све во ред пашосенгоро не секиравел.“
То мајсторееееееее. Опнија сега: делетееееја парчетејааааа пак ќе биде нашаааа севернааааааа… Сликај муце. Све фати. Све. Како ги земаме обрасците, како се обрати министерот, клај еден пасош на носот, еден во вратот. Готово све се реши. Абре од ко дојде ова техничкава влада липе цвату. Све ојт ко подмачкано. Абре не 100 дена 100 години Форина да не kryeministër.
Е немат појќе гужви за пасош. Стигнаја нови обрасци. Сам се уверив. Во ходникон немаше појќе од 120 граѓани кој чекаа на ред се касаја меѓу себе ко глутница на волци. Е цврц. Го немат то. Сега ги немат појќе од 80 и само р`жат ко пци од беснило. Се средвит батиња. Се средвит све. Прв пат во животов мој сум горд шо сум Македонец. Северен. И колана ја напрајв северџанска. Утре ќе одам да му го менам пасошон на малтезерон и тој да е во духот на македонската демократија и самоопределување.
И не кријам. Си го сакам Форина. Му се радвам ко мајка на посрано дете и командант. Виде? Им влезе и почна, ска, документавет, че пукам….. и ги посра. Одма се средија со документите за пасошот. А ептем ќејф ми е шо ова влада конечно им донесе уредба за мочарина во охридско езеро на скопјанишчана.
Е како како? Добри бре ти гледаш нешто друго на телевизија освен македонски нови приказни на Ванкоска? Е па гледај убо. Им опнаја на скупјаниве 1 денар мочарина на секое купено скопско пиво. Како ам. Ам веќе ко го жолтосвет нека платат бре батињата. За то е тој денар. Ам како. Е јас се думав да предложам и прдарина да им воведет ама малку закочив. Охрид бре е под УНЕСКО.
Абе немаше ден да не станам и да не се расплачам да не се мрсулам од радост шо сум Македонец. На сето ова горе речено ко ќе додам дека Јован Митрески, председателот на собранието на НСРСМ со овации го пречекале во украинското собрание. Море луѓе неможел ни два збора да врзит од шо го прекинвеле украинските пратеници со аплаузи, а пратеничките коси корнеле. Вештачки трепки скинвеле и со кармин не контролирано се мачкале на цело лице и в нос од воодушевување на нашиот ни говорник.
Им кажа Јовче шо значит мир, шо значит мирно решавање на проблемите во државата наспроти, според него, руската агресија. Ито то им го кажа баш истиот ден ко имаше наслов во македонските медиуми: “убиство во Скопје“. Шо е демократија и шо значи оаза на мирот им кажа чоек кој идат од држава која пред двајстина години сегашниот технички премиер македонските војници ги гледаше преку нишан. Е сега дал е технички или дискутабилно е. Не така?
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите