Е шо будалија напраја овие со овај пусти надомест за музиката. Ептем ме скинаа. И не само мене туку го зезнаа и наталитетот. Ете кој му работит на премеиерот од позади….мислев од зад плешти…виде. Тој пустиот награда за трето, четврто дете, петто…за стадо деца и ај де сега исполни го то да те видам. Уште тука не беа замешани прсти и само за то не се наплаќаше, додуша и за дишење, засега, и сега и тука такса воведоа. Е ај де да те видам сега некому свирни му го. Одма ќе ти свирнат надомест за емитување на музика. Ам како. И тука ни се напикаа…… и то задоволство ни го скратија.
Остај то. Ги глем овие од кај Алчета од Комуналец ко ќе го собираа ѓубрено расположени пееја, свиркаа, со песна го собираа ѓубрено. Сега штама. Ко на погреб да се. И мочањево не ми е то шо беше. Бар поголем дел од нас ко ќе мочаа во природа си свиркаа. Сега фурка. Или мочај и ќути или пак одбери некој забатален пејач за помал надомест да си свиркаш. Ој да те видам сега мочај и свиркај си некоја од Калиопи, Владо….Ај да те видам де? Ќе ти се фатит ко да си мочал и да сија најмил Калиопи да ти пејт дур мочаш, а не дека си свиркал. Богами. Јас сега мочам и си ги свиркам “Јана е шума градила“, “На маса ќе дремам“, “Легнав да си поспијам“….да бе. Све од Драганчета наш. Ваљда помала е таксата.
Е сега едино нешто вака шо ми е светла точка во то шо не ќе мојт кој како сакат да ми го свирнит мене. Во тој поглед, ко сум економски неспособен јас некому да му го свирнам, бар нека се огромни казниве за емитување на музика да не можат и политичариве кој како дојди на власт да ни го свиркат. Мада ѓаолишта се тие. Им теквит. Ќе ти ја напрает истата функционална операција, а ќе ја прекрстет во: бапнам, стегнам, впурам, втикачам…
Батали то. Ионака помалку јас свирвев појќе ми го свиркале. Тук дан заборам да кажам дека јас сериозно се спремам за „Лас Охридас“ во Љубаништа. Абе Господ здравје да му дајт на Субрата Рој. Дур го напрајт то чудо јас ќе сум готов. Зедов од оние колцана за на чело и чекан да си ги наденам в гла. Чаршафи во иљада бои да се завиткам. Само требит да се распрашам дал да носам гашчи под нив или не. Абе прав индиец ќе бидам.
Зш поинаку не ќе мојш таму да влезиш. И да…..ќе забораев. Ко ќе влезиш да плачиш, да се корчиш ко ноктите да ти ги корнет. Ама важно комплексот ќе е прва лига. Конечно многу работи шо ни фалеа на нас македонциве ќе ги имаме. Спа, велнес, фитнес, а посебно му се радвам на голфот. Зш ние сите во Македонија сме задоени со голф. Е ко мал колку имам играно ко ќе ми текнит. За нашкола закасвев зш играв голф.
Остај друго. И се надевам на отворањето ќе дојт и Арчана. Ама не сама да дојт. Да го донесит и Манас сакам, та јас да се разберам од кај онакво сега во љубовта им се замешвит и Арџу. Та мајка и Сувачана….. кај и се очите да видит дека мојт беља да напрајт. Пак после татко и Дамодар бил крив шо викат. И нервозен бил. Ам как да не е море, не е лесно Савита да ти е сваќа. Едно едно само приплаквит. Ете од среќа забегав по серииве. Во “Огнови на љубовта“.
Мада кај шо забрбав за серииве ми текна на министеров пусти Иво Иваноски. Му се извинил на турскион амбасадор Ѓурол зш рече: “Доста ни беше 500 години под турско ропство, па сега и турски серии“. И замисли сакаше да ги укинит. Алоооооо. Не да му извинвиш туку требит на колена да клекниш пред него. Не не…..за даму простит….не за…..
И да се укинеле турскиве серии???? Имале голем негативно влијание на македонскиов народ???? Де бре какво влијание? Посебно на говорот. Ц ц ц. Ние не попримивме ништо за 500 години, а не со серииве. Се изрезили со мубатов. Имаш ти акал во глата шо зборвиш? Абер немам шо му текна на чоеков да речит така. Незнам какво влијание можит да имат на нас ако не сакаме? На однесвење? На јазикот? Пак ние не сме абдали. И как се велело така бре без намус, прај им малку сајдис на луѓето. Анџак имаме шо да гледаме тој палардисвит. Санким вестине се по асални за гледање. Пак кој не сакат нека не ги гледат. Како ти е ујгун така прај. Орман фатил ако не ги сакаш. Бурјум даљинското и менви. Не само да ми прајш сакалми, да ги укинвиш. Ексик ми е веќе.
Ќути шо не почнавме албански филмој да увезвиме и вака да речеше министерон. Леле мајко тешко нас. Зш ко шо акна зелена Реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, дека обедувањето на албанците е Божја воља, па од тука тие заради Божја воља земет калашњикови да ја остварт вољата на Бога, Господ знајт шо ќе му се случеше на Иво. Скраја да е можеа да му го свирнат калашњиковот. Не згрешив. Да да , да му го свирнат. Зш на овие под дифолт загрозениве такса за то не важит, како шо мува не ги лазит ни за сметки за струја, вода, даноци па дури и судски одлуки. Ај шо нив мува не ги лазит за ниeден закон во НСРМ, мене ме секират шо нашиве мува не ги лазит, зш нив мува не ги лазит. А ние кутриве македонци за све мува не лазит. Од друга страна јас колку шо знам пусти муви на лајна одат и ги лазат. И сега од ова испадвит ние како македонци, како народ, дека сме……не вервам…..неееееее никако. Абре оди мочај таму….и ќути си…..не свиркај.
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.