Абе убо шо не го послушав татета пред многу години и шо не ојдов за поп. Незнајш шо мојт да те снајт. Тук да не губиме време за то, ајде спреми све и оди чоекон да не чекат. Значи земи пола кило цреши, 3 портокали, две мандарини, земи 5-6 цигари….чекај на и ова цигаре не го допушвам. Пола пола и то ќе му се најдит. Оди сине на дедо ти земи му ги и лисјана суви од орев ќе завиткат чоекот со нешто. Спремај се и бегај да не ни стојт премиерот не ухрањен. Ќе се секират.

Ко шо се секират Филипче за криминалците. Рече чоекот дека ова влада створила толку криминалци шо ако се реагират не ќе имат кај да се сместат. Де бре Венко. Бар за то ти не требит да се секираш. Ти си имаш судивка шо донират подрумни простори. Ко можеше тебе да ти дајт за градски клуб за СДС ќе донират и за затвори. Малку не логично, з`ш баш та ослободвит од затвори, ама ќе помогнит женичката. Не з`ш е блиска со СДС неко таква си е, благадуша.

Абе све само за успех на нашата држава. Како шо беше успешен бојкотот на маркетите. Дента ко беше прогласен бојкотот јас не видов појќе од 100 души по маркетите. И тие шо беа внатре купвеа онака ради реда некој работи, неопходни, шо се земет во обзир за пресметка на месечната потрошувачка кошничка како лосос, јајциња од ној, млеко од ајкула, јастози…и други основни работи. Абре народов штедит како премиеров. Не играт играчки. Е сега другиот ден после бојкотот само за да докажиме дека сме сложни како македонци ко му писнавме. И за претходниот наплативме и напрајвме бојкот на новчаниците.

Мада то можеа да си го дозволат з`ш Регулаторната комисија за енергетика објави дека ќе ја регулират грешката за повисоки наплатени сметки и ќе направи соодветна распределба по блокову во последните пресметковни периоди. Процедурата е многу проста и јасна ама ај да те потсетам: Се поднесвит жалба прво. Ако си одбијан, а ќе си, се жалиш до РКЕ како второстепен орган.

За то ти требит посебен формулар во кој ќе внесиш име и презиме, број на кондури, еластичност на мидер, брис од задник и копија од сметка. После требит сам да си измислиш барање кое морат да бидит извезено гоблен, урамен во бронзена рамка па чекаш одговор само 3-4 месеци. Ако нервозниот референт за жалби не го фрлит во корпа го праќат кај Трамп, з`ш тој за све одлучвит сега, а ти праќаш пар хулахопки и во догледно време ќе ти ја корегирет сметката. Јас пуст да би пуст останал одавна немам купено хулахопки со божилак. Ама ќе си купам.

Арно ама Охридско Езеро не остана пусто. Доби 7 концесионери. Образложението од одговорните е дека претходниот кој бил еден лошо го стопанисувал рибниот фонд. Од друга страна зли јазици викет дека ако државата не можеше еден како ќе ги контролират 7 концесионери. Така лепо. Со боја во езерото ќе се исцртет бели линии како на асфалтот. Ќе се закопет табли на кој ќе се пиши називот на концесионерот. Секоја риба ќе бидит жигосана, ко овца, со иницијалите на концесионерот и ко ќе се фатит рибокрадец ќе се знајт кој напрај далавера. А од еден во друг концесинерски дел ќе се влегвит со картичка со која ќе се отворат рампата. И крај. Зато не тупете многу. Мојт да тупит само Трамп з`ш на глата имат тупе`.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите