Се засиливме. Готово. Никој немојт да не застанит. О па да. Ќе ја оправаме сезонава на 28 – ми јули. Немат зезање со нас охриѓаниве. Ние сме бетер од мравки. Мали. Не…вредни. Да да. Ќе презејме низа мерки да се опрајт зезоната од ко помина, да донесиме полно гости и да надокнадиме она шо досега е изгубено и то ќе се преземат и се преземвет такви мерки шо ко ќе се слушнит за нив гостите сите шо се во Парга, Сантос, Паралија, Миконос, Платамона, Крит и други , ќе ги соберат парталите под хитно и ќе се втикачет на охридското крајбрежје. Како ам.

Една од мерките и стратеигиите е рушење на мостот на желбите. То е една од најголемит причини шо до сега ни е слаба сезонава. Најголема причина е шо кој помини од охриѓаниве засмисливет разни желби како на пример: да ми се кренит платава, да имаме подобар стандарт во НСРМ, да ми дает ка петнајсет, дури одат и од старичиштава таму и замислувет желба да поевтинет лекојве. Такви инсинуации и недоветни желби владата на НСРМ немојт да ги толерират и ќе морат мостот да се акнит по тиква.

Друго…ќе се прочешлет плаживе  па дури и бродојте за разни работи меѓу кои и за децибелажата на музиката. Немат мрдање. Од сега ќе пуштет музика со дозволени децицрни, а не децибели. Исто така ќе се одредит стил на музика и ќе се напрајт листа на дозволени песни кои ќе се пуштет шо ја негувет нашата македонска традиција. Ќе се пуштат, Садило, Биљана платно белеше, Вподрум одам мајко по ајвар……и друга ваква музика шо младите ја милувет. Да се разбериме…и Цеца на 1 – ви ќе ги пејт овие. Немат мрдање.

Онаму кај шо имат вишак лежалки ќе им се исфрелт во вода ако требит со си госпожата шо се сунчат ко крап оптегната. Како ам. Сите овие мерки не се закаснати ами навремени со се цел да избркет овие гости шо досега не се дојдени за да се напрајт место да дојдат оние гости шо не се дојдени.
Е сега после овие мерки ко ќе нагрнат гости не ќе имат место да ги примиме сите и зато се одлучи да се отворит и уредени плажи во општина Дебрца. Ќе се средвит и источниот и западниот брег на река Сатеска, а двете страни ќе се поврзат неколку  мостој ама обични, а не од оние со замислување на желби.

Идејните решенија за овие плажи требит да стигнет до 15 – ти август, па до 15-ти септември проектот, до 10-ти октомври да се напрает плажите и да му ја писниме со сезоната од 1-ви ноември. Исто така покрај Сатеска, за привлеквење на туристите ќе се градат автентични капацитети за сместување, како плевни, свињарници, кокошарници и пошироки гумна кај шо ќе се сместет шанкојте и лежалките. Најголема атракција ќе бидит пуштање по текот реката и кој ќе се пробиет низ сите шпорети, машини за перење и каросерии од коли и нормално то да го преживејт, летувањето ќе му е без пари. Ак не преживејт паричната награда се префрлат во фондот за унапредување на селскиот охридски  туризмот.

Еве и последниот сегмент на оваа стратегија за подобар туризам се спроведуват. Зш ќе нагрнет туристиве ко јапонци за сликање, веќе се припремет нови паркинзи во градот, за да имат кај да паркират та маса туристи шо ќе нагрнит во екот на сезоната негде кај 1-ви октомври. Еве се уредвит паркинг и кај ајван плажа.

Јас сум за то сегде да се напрает паркинзи да ги прифатиме гостите. Еве и јас не нудам да помогнам. Кај мене во дневнава имат место за две коли. И немат да му наплаќам. Нека му дават на децана за излегвење по 100 денари и цел ден нек стојт колата вдевна. И децана ќе ми се израдвет зш јас им давам по 80 на два дена.

Едно само не ми е јасно. Сегде трубиме дека и ова година ни се истите цени како ланските, а пак немат гости. Значи не сме ги кренале цените. И то влегвит во стратегијата. Логички е тимот (цените) шо победвит не се менвит. Е сега малку ме бунит шо ако на тие цени сезоната лани ни беше тапа ние цените ги остајве за ова зезона за да ни се две тапи?

Ама пак сум оптимиста. Со ова стратегија ќе ги вратиме гостите….некош. Пљукни му се на бродот. Ние веслава да ги спасиме. Зш ние во Охрид, посебно јас многу љубам да веслам.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.