Си идам на кај дома со колана, вртам лево , па одма десно, се качив на тротоар, па поминав низ еден двор, па накалач поминав кај гимназија, па возев едно време рикверс, па пак нанапред, па ја кренав на раце зш низ градон се фарбет зебрине и си се мислам….море неубав народ. Море море нопак народ. Абре ова македонскиов народ непендек ти бил санким ко женине. Да на мојш ништо да му погидиш. Не штиркај. Зш не штиркаш. Штиркај. Не убо штиркаш. Прашај како се штиркат за да не згрешиш, зш мајка ти не те научила како секој маж как се штиркат. Некни на раце и ги перев гашчите на рака ко ми се пушти, за да излезит поубо зш рака си е рака тук ми прошишти ко Бранко Героски зш сум ги зоврел во тенџеро за шпагети. Немојш да погодиш на жениве ко на народов. Незнам как да речам. Ни се водит овај народ ни се терат. Џанам се терат секој со секого ама на друг начин, а јас немислев на то.
Тук муабетов ми беше дека на овај народ немојш да му погодиш никако. Му даваш да изберит. Сакат да му донесет вазелин ко ќе му го акнат или пак ако мојт негде поефтино да си најт нек земит сам и пак не задоволен.
Еве во Охрид сега например се почна со кружните текој. Море море галама. Те во градбата ќе му се сметало на туристите, те на туристите ќе му се сметало дур се граделе дури некој ојде до таму да јајт трици дека дур се граделе ќе му сметале на туристите.
Јас например не мислам така. Немислам дека на туристите му сметат сега во летово шо градиме копаме и прајме други добронамерни захвати. Зш? Зш немат туристи. Немат на кого да му сметаат. Во моментов во Охрид имат туристи колку шо во Либиска Џамахирија имат јагодки. Друго. Сигурно ко ќе работат на кружнине текој нема имат имано туристи, или пак имат немано туристи. Ако немат имано дур се работит значи на никого не му имат т сметано. Ако пак ако имат немано, немат имано на кого да му сметет. Мислам дека се разбравме.
Дур сме кај улициве. И на скопјанишчана немојш да му погодиш. Се кренаа на нозе да се бунат против промена на имињана на улиците. Абре Господ да бранит и да чуват. Зш Киро Глигоров да бил булевар? Зш да не пак. Ко шо мојт Борис Трајкоски да е спортска сала така и Кирче мојт да е булевар, авенија, аутострата. А? Не така? Шубо звучит: Ај ќе се лизгаме во Борис Трајкоски….или…..ај да маниме пинг понг кај Бориса….А? Шубо звучит. Или пак младине како си викет: Ај да се најме кај Борис Трајкоски. Лепота. Ќути шо не го напраја кутрите хиподром. Ќе требеше да ојме да јаваме коњи кај Борис Трајкоски. Абе Господ здравје да му дајт, пред се памет на тој шо му текна Борис да го напрајт сала. Зш шо акал имет можеа и аеродром да го напрает.
Исто ко шо имет ептем акал овие од ЕВН. Море колку се израдвив ко прочитав дека све прает за македонскиов народ. Абре сите све прает за овај народ и пак не задоволни сме. Тентељковци. Еве и ЕВН сега. Пустите се искинаа за народов. Праеле акција. Не работна. Јас би ја нарекол социјално спасителна. Испадна дека ЕВН не е ЕВН ами црвен крст. Алал да им е . Викет, од ЕВН, сите кои немале платено сметки и биле тужени во та акција можеле да платет не окаматени. Аферим. Памет, памет, ќе им пукнет глајне од памет.
Ами тиквари едни ако можеа да платет тие не чекаа вие да ги тужите. Дури и немале да платет ни судски трошоци нити трошоци за нотар и извршител. Абе ова доброта ја немаше ни Мајка Тереза. Одма споменик да им се напрајт пред мадињана од Букефала зш ете и тие прает некакво добро за напатениот македонски народ кој од секого патит само од ЕВН не. Ваљда ќе се најт место. Ако не поштана по тиква и ајт.
На крајот дан заборам. Читам се згрозила цела Македонија од некој две лажни бајачки од Велес шо оперирале и лажеле низ Штип. Цел им биле постари жени кој откако ќе ги ислушале нивните проблеми им ветвели експресно решение. И СВР од Штип ги уапсила. И сега Македонија е спасена. Мирен. Ам шо прајме ние шо имаме еден куп бајачи кој двајсет години ни кажвет дека за све решение имет? А? На овие две цел им биле постари жени, на овие нашиве пак бајачи цел им е све живо и диво, младо и старо. Тие било лажни, а нашиве нек се здрави и живи вистински се. Велешките бајачки земвеле ланчиња и некој тракатанчиња за по џо решавање на проблем.
Ам шо прајме со овие нашиве бајачи шо ни зедоа и екзистенција и перпсектива и душата ни ја зедоја и нервиве ни ги искинаа и голи пиштоли не остаја на сред Балканска улица. И ај да е бар улица, ќе го видиш излезот тук ова е Балкански ќорсокак. Балканско слепо црево. Бајачките од Велес викет дека “ќе им го решеле проблемот“. Нашиве бајачи викет РЕШЕН е проблемот. Убо ни било ама ние не осеќаме. Бранко пак ни викаше убото покасно се осеќало. Ко сега да се качиш на некоја манука, а да свршиш после еден месец. Ај то. Тук оргазмот мојт да те фатити на некој шалтер да речиме на банка. И шо прјаме?
И да би пустина не фатиле не се едни. Ги имат и десни и леви. А имат и третоопцијални бајачи. Ама пустите овие последниве појќе ќе да ми се деви. Зш не знает дал да се десни или леви или третопцијални. И така тие ни бает двајсет години, а ниедно ни СВР ни МВР не им мојт ништо. И шо да прајме сега со бајачиве? Ми останвит јас да мижам , да се прекрстам во Асан, а тие уште да ми бает.
*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.